Ако сметаш така досега ништо посериозно немаме направено па пак одиме. Нема врска. Сите одат за да победат, што е сосем нормално ама ние кој и да испратиме пак ќе си бидеме меѓу последните зошто Евровизијата е едно големо разочарување и повеќето од половина од нас, се кладам дека го гледаат за тепање време или чисто од радозналост...Евровизијата е веќе прочитана книга, нема пласман ако не си ненормално ,, диферент ,, ( ) . Не се бараат вокални способности или добра музика, се бара секако брада.
Со оглед на тоа што имаме пратено многу убави песни на изборот за евровизија и пак лошо сме се пласирале, не ме погодува тоа што оваа песна не ми е по кејф. Се надевам дека ќе знае Даниел да извлече се од себе па да не има и во финалната вечер.
Факт е дека Евровизија не е никаков натпревар за таленти,бидејќи ретко кога победува некој со асален вокал,туку најчесто се некои фрикови кои се прават интересни. Поради слабиот избор на музика во земјава наша,Даниел е добар избор,ама не верувам дека ќе постигне многу. Песната е солидна,певлива,ама многу просечна,нема ништо што те тера да ја слушнеш повторно. Каква и да е песната,мислам дека Даниел ќе се покаже најдобро што може,го има талентот и сценскиот настап,плус ќе биде на негов терен,па се надевам дека ќе отсуствува тремата. Инаку стварно не знам зошто толку глупи песни им бираат за Евровизија,како намерно да ги саботираат Искрено,и на Тоше песната не беше ништо посебно,англиската верзија беше катастрофа. Онаа ланската пак,ми беше добра,ама ете,пак ништо не бидна. Џабе праќаме луѓе,ама ајде,да се има претставник.Јас пак ќе си ја гледам
Јас мислам Гулабица или Глоријан да им ги пратиме,затоа што ни Евровизијава веќе не е тоа што беше,кој од кој се сите,и најбудалите победуваат.
Oтвори на профилот од Боки и ќе прочиташ. Коментаров е врв: Наредната година Тамара ќе ја пуштиме фамилијарно,со мајка и` и татко и`,уште така не била.
Даниел нема некои си којзнае какви гласовни способности. Кога пее понекогаш ми изгледа како да грака или само песните не му се погодени. По поени ќе сме тука некаде исто како кога ги пративме на евровизија XXL, Некст тајм, Ѓоко Таневски. Имаме многу квалитетни изведувачи еве Ѓорги Крстевски пр. пее многу поубаво од Даниел, ама тоа е нема кој да ги бутка изгледа.
НЕ Кајмакоски, ма и Св. Кајмакоски да го испратат на Евровизија резултатот ќе е ист. Дај еднаш засекогаш нека се откажат од тој циркуз, секоја година се поголеми и поголеми будали на крајот остануваме. Само пари се трошат, а нема никаков резултат. Најсмешно и најмизерно е трескањето во гради на претставниците, како минатат година пример и на крај како сами на себе шамар да си удриле. Следи обвинување за тоа кој е крив за лошиот пласман и резултат, секако сите се криви, освен нашите. Што го праќаат Даниел, како го замислуваат човеков? Можеби супермен. Како не им е мака веќе од толку бламирање?
А Македонија да престане да учествува на евровизија, нема да биде најубаво? Кога Лопа ништо неможеше да постигне со такво гласиште, за џабе се надеваме на Даниел..
Што знам Даниел како Даниел ми се допаѓа ама сите песни досега се исти мислам слични, пеат нешто шо си нема врска со насловот пример бла бла бла блаааааа и само додадат ко лисја есенски пример за оваа сега давам, мене таков впечаток ми оставиле па незнам може ќе стигнеме до кај полуфинале бидејќи Даниел ја има подршката од соседите и во МК има нешто па незнам ќе видиме може и да не изненаде(ор нот)
Мoже ќе искoментирaте нештo вo стилoт нa Акo ти не си гo сaкaш свoетo кoј ќе гo сaкa aмa мене нaјискренo песнaтa вooпштo не ми се свиѓa сепaк секoј си имa свoе мислење нели?
Песната не е нешто нај-нај. Сигурна сум дека пак нема да влеземе во финале. Не ми е јасно зошто воопшто учествуваме на Евровизија. Треба да се откажеме. Никогаш нема да имаме голем успех.
Ја слушнавте финалната верзија, го ѕирнавте спотот? Мене спотов ми е интересен, необичен. Убава е песната со придружни вокали, аранжманот бааѓи го смениле. Ама сега некако ми се изгуби шармот на мелодијата, баш го замислував Даниел како во негов стил денса на сцена. Сега некако ми е потажна песнава
^ Бааги е хаш таг Јуровижн, баш си е на место. Само да се најде некој паметен и да направи соодветна кореографија за изведбата на песната, да не е без веза како лани, оти лани утка над утките за сценски настап. Песнава, јас би само да се извика на крајот и да заврши на повисока нота и да ја држи, така помоќна работа, или да избледее вокалот ако така не може човекот, а не вака, како да пееш под туш додека се бањаш и некој отвара врата, се секнуваш, и оп! Ако читаат нели, конструктивна критика
Убав е и креативен спот,ама човечето падна од карпа и стана лист,па ептен мрачно изгледа. Песната како песна не е лоша,ама како што вика имелда,и треба јак завршеток,оти вака се движи во монотона линија од почеток до крај...