Кога искочи песнава без скептична и не ми се допаѓаше. Но, кога излезе спотов си го сменив мислењето. Баш ми се допаѓа.
Интересен и креативен спот има. Не очекував нешто вакво, пријатно сум изненадена. Песната е добра, не е баш евровизиска, некако тажна ми е. Се надевам ќе не доведе до успеси.
Мене ми се допаѓа, и се изненадив мислев дека како останатите досадни песни ке биде ама оваа супер е и на англиски убаво звучи.
Ubava si e,malku porazlicna od se dosega.A jas si velev ako ne go napravi pokretot na Evrovizija so nozete sto go pravese na Evrosong jazk da mu e,mnogu mi e interesen.Ama sega nisto so novava. Ne se somnevam deka tamu ke bide ko sto treba.Drugoto e pomalku bitno.
Мене првичната верзија ми беше подинамична, финалнава ми е некако тажна... ама сепак ми се допаѓа, убаво звучи на англиски. Поразлично е од песните досега, вклучувајќи го и спотот кој патем ми е преубав и ептен уникатен
Убава песна, можеби првата верзија за нијанса да ми беше подобра, ама не е ни оваа лоша. Ајде напред, Даниел, одиш на свој терен, во Австрија, растури таму.... поддршка од феминките
Песната не е певлива.. еве во моментов не ми текнува на мелодијата.. мене не ми се допаѓа а и не и придавам на евровизија ама баш никакво значење, музички настан кај што се "солидаризираат" сите земји од европа еднаш годишно и као демек многу битна ствар одувек било превише нашминкано и премногу вештачки претставен целиот тој настан..а и Кајмаковски не го симпатишем мислам дека пишував "зoшто" некаде низ форумов у соодветна тема..
Не можам да најдам тема која е конкретно за Даниел па ќе си пишам тука се Даниел го обожавам. Не сакам да го слушам како зборува бидејќи ми делува глупаво ама на сцена е цар. Мислам дека интервјуата му се глупави затоа што сака да зборува литературно македнонски а уствари има струшки дијалект и долго живеел во Австрија. Кога зборува на мајчиниот дијалект зборува многу потечно и без размислување. Ама кога ги гледам настапите на Х Фактор, просто му се воодушевувам. Роден е да биде ѕвезда. Песната за на Евровизија ми стана убава после неколку слушања, а тоа, не е тоа што се бара. Треба нешто што би се запнало за уво од прво слушање. Нешто што би те здрмало или би ти ја растреперило душата. Оваа песна не го постигнува ни едното ни другото Спотот пријатно ме изненади. Во секој случај интересно и невообичаено е изведен Се надевам дека, Даниел, добро ќе помине на свој терен. Му држам среќа
На мене оваа верзија не ми се допаѓа. Првата верзија беше поубава. Како и да е, не верувам дека ќе влеземе во финале.
Песната е просечна ништо посебно.Кој и да не претставува секако нема да влеземе во финале.А и ова Евровозијата веќе наликлува на политика така да најубаво би било веќе и да не одиме а парите што ќе ги потрошат таму би можеле да ги искористат да помогнат на некому што навистина му се потребни
Откако пратам Евровизија ова е прв пат Македонија да ми е фаворит и песната да ми се допаѓа онака искрено и целосно, без она - добра е, ама.... Не сум фан на Даниел и песната не ми се допаѓа од пристрасност, едноставно убава ми е за слушање, а во живо мислам ќе биде уште подобра и очекувам солиден настап.
Добар си е дечково, има глас и потенцијал. Дали забележавте на youtube колкава подршка има од Грција бе? Секој втор коментар е поздрав од Грција, поздрав соседу. Да не ни избега Даниел кај нив.
Не, се гледа на спотот дека раката ( човекот кој црта ) е без никакви додатоци, а на крај кога го прикажуваат Даниел со маркерот во рака, на раката има црвен конец или што и да е. Инаку, ми се допаѓа песната и спотчето. Супер е, се надевам на влез во финале и добар пласман.
Абе на спот и слика се може да се манипулира,има современи технологии Јас имав прочитано некаде,затоа прашав,баш би било кул ако сам цртал.
Кој сака да оди бесплатно на евровизија, еве прилика http://www.fakulteti.mk/news/15-04-...a_i_osvoj_bilet_za_evrovizija_viena_2015.aspx
На мене ми се допаѓаат песните на Италија и на Естонија. Оваа година фаворити за победа се Италија, Естонија и Шведска.