Даниел Кајмакоски алијас ДК е новиот Тоше in terms of зближување, сплотување итн., а и музички одлично пее. Мислам дека фалеше ваков лик на македонската музичка сцена, а воопшто и во Македонија. 7 години подоцна, new Tose was born колку и безвезно да звучи ова. The hardest thing е да надоместиш нечија загуба, невозможно е. http://www.youtube.com/watch?v=0-Dr6YS9d_M
Се согласувам, баш како што кажа е и не знам зашто некои ги иритира што го заменувал Тоше. Навистина ни фалеше таков човек, кој не може да се пронајде во типот на пејач како Ламбе, Лозано и слично. Морам да кажам дека го гледам преносот во живо на сител и се расплакав. Не знаев дека е денес дочекот случајно видов на сител. Човекот без сомнеж е премногу скромно и мило суштество, во ваквите моменти тоа највеќе се гледа. Дури и се збуни и воопшто не се прчеше како што би многумина и тоа со дупло помалку талент. Уште еднаш, секоја чест!
И јас го пратам преносот и морам да кажам дека претежно млади и напалени тинејџерки го пречекуваат, што може да се каже дека е разбирливо. Најбитно е дека има општо добра прифатеност кај народот и точно е дека ниеден од македонските пејачи досега не успеа да створи таква фама и позитивна енергија, што значи дека професијата ја работат само за пари. Даниел е the real deal се гледа дека од го прави ова.
....мислам дека оваа тема ќе треба кога тогаш да оди погоре во важни.... слушајте ми го зборот ..... Спојлер ....децата во интернат на превоспитување ....
Душа од човек бре, со сите да се поздрави, на сите да им се потпише, сите го избацуваа, кој стигна го изнашлапа, ни а не рече. Другиве му викаат ајде доста е, он не, чекај, има уште. Браво за пристапот и однесувањето. Кога застана пред сите не знае што да каже сиромашкиот, му се изгубија зборовите, па среќа почнаа да пејат другите. Овие тинејџеркиве излудени многу беа смешни, ама па и сега вака ако не се изглупираат кога. Им се може да си вриштат и плачат. Само таа едната крајно напна, што немаше телефон, го грабна човече не го пушта.
http://www.kurir.mk/magazin/scena/152775-VIDEO-Kako-Kajmakoski-bese-precekan-na-skopskiot-aerodrom Ова е само почеток
Леле луѓе, јас денес требаше да имам такмичење и како господ да ме слушна, нешто испадна дека картоните не ни важат и моревме да си одиме...експресно брзо сум се вратила дома, барав другарки со кои би можела да отидам, но пак ништо...со такси е многу скапо 800 денари во еден правец, а јас сама со уште едно девојче...не ми се даваше толку, веќе останав безнадежна, кога одеднаш девојчето со кое се договорив мајката се согласи да не однесе..бевме превозбудени..најпрво патот не го знаевме но со некои мали утки конечно го најдовме аеродромот, влеговме внатре а таму децава пеат, даниел милно се смее...се беше неверојатно..по многу буткање некако успеав да стигнам до него, го замолив да ми даде автограм, и замислете ме гушна и ме бакна во обрааз... аwwww се беше толку нереалнооо $ но битно не беа турканици како во градски парк ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ДЕНОВИ ВО ЖИВОТОТ!!!
Е ај после речи немал икс фактор... Невозможно е да не го сакаш. Не сакам да кажам и секогаш бев против кога некого го споредувале со Тоше ама луѓе јас навистина во него ги гледам истите особини што Тоше ги имаше. Значи не зборам за пеењето, има многу пејачи што имаат убав глас, имаат талент, туку зборам за онаа чистота, позитивна енергија, скромност, зрачи со добрина, таков беше Тоше и ни еден друг пејач, само кај него го гледав тоа и се чувствуваше, истото сега го чувствувам и кај Даниел. Дефинитивно има буквално СЕ' што треба да поседува еден пејач. Комплетен е. Се надевам дека оваа еуфорија секогаш ќе владее околу него и секогаш ќе предизвикува вакви реакции кај сите. Навистина заслужува. И сега само се надевам дека внимателно ќе ги прави сите чекори, зошто сега се најбитните моменти за неговата кариера. Ако сега на почеток направи вистински чекори, направи добри песни, одбере вистински тим, кариерата му е загарантирана, ама ако сега киксне, толку ќе биде, после колку и да се оправа, ништо нема да постигне, ќе биде пејач како Лозано, Ламбе, Дарко и такви слични просечности. Инаку ова на аеродромов беше жалопојки. Мислам, во ред, јас разбирам тинејџерки се, го сакаат, хормони, ова, она, разбирам и што го тегнат, влечат, бацуваат, сакаат да се сликаат, сите фанови се такви... Ама плачење, тажење божем бог да чува некој починал е премногу. Мислам, што е многу, многу е. Кај им се родителите на децава ме интересира само. Гледам и мене дури ме фати срам за нив. Ама како и да е, Даниел супер се снајде.
Се согласувам со Daydream имаат нешто заедничко. Искрено многу се изнервирав кога ја пееше Чија си и не го гледав тој настап си викам дечково во некој филм е што го имитира Тоше,сега се каам што воопшто сум помислила така. Спојлер Прости ми Господе што ќе го кажам ова ама кога го видов вклучувањето и децата на аеродром прво што ми падна на памет е кога го донесоа телото на Тоше морници ме полазија
Немам ништо против дечково ама она денеска беше глупости децана сето до 14 години плачат за еден автограм ти се чини незнам која позната звезда иди па таа шо беше со него само се црекаше и ги туркаше децата на шо личеше она единствено шо ми се допадна беше изјавата од татко му.
Душа од човек бре, како да не го сакаш после, се бунат зашто го споредуваат со Тоше ама па на крај краева ни фалеше човек како него а мислам дека од сите пеачи и пеачки во Македонија само Даниел го има тоа што Тоше го имаше глас, душа, скромност, ЉУБОВ... Човекот едноставно зрачи. Се чека и првиот концерт ( има време ) Она со тинејџеркине на ајродромот мислам дека малку претераа ок е да го сакаш, да бараш автограм, да си возбуден и се тоа ( ни јас не сум ништо поарна ) ама плачење ало бре деца полека тука е ке биде тука ако не во мк во белград кога тогаш ке доага што се трескате од земја како да умрел некој бог да чува. Го нападнавте човекот кој како стигне му се изнафрлаа а он сирот душа ни а не кажа на толку народ и гужва. Се гледа дека се прави од срце со љубов.
http://www.novosti.rs/vesti/spektak...-prvi-put-u-Americi-Dan-koji-je-promenio-svet ЕДНО ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШМИЗЛИ И ШМИЗЛОВИ ,ШТО ГИ КРИТИКУВААТ ПО СОЦИЈАЛНИВЕ МРЕЗИ МАЛИВЕ ДЕВОЈЧИНА ЗАШО РЕАГИРАЛЕ ТАКА НА ДАНИЕЛ ,А ВСУШНОСТ СИ ЈА ПОКАЗУВААТ СВОЈАТА ГЛУПОСТ КОЈА НЕМА ГРАНИЦИ А ЈАС КЕ КАЖАМ САМО БРАВО ЗА МАЛИТЕ ФАНОВИ НА ДАНИЕЛ ,ТОА СЕ ВИСТИНСКИ ФАНОВИ !!!!
Повеќето од децава беа невоспитани и безобразни, ама битно ме изнасмеаа. Она посебно што го обеси Даниел, и му викаше Ама ајде сега, побрзо да се сликаме, одма. Греота за Даниел со дел од ваквата фан база, и му честитам за трпеливоста. Без ниедна своја песна, да имаш деца што вени уште малце ќе пресечат за него од збудаленост, алал нека му е. * А Снеже на кантар не се мери колку е глупава, дури мерката за глупавост може Снеже да се крсти. Или, колку си глупав од 1 до Снеже? Кога дадоа во кадар како дел од децата се сликаа и со неа, е тогаш за стомак се фатив. Се прослави и таа покрај Даниел, а на децава толку им сече, ко со којзнае каква селебрити се сликале. Урнебес од деца.