По изјавата на Даниел, кој мноогу сака да биде татко, ме пресече. Толку ми стана одбивен.. Неспорно е дека има убав глас, харизматичен, знае да се снајде на сцена.. ама со неговото 'тупење' за татковство, ја претера веќе. Иако ми беше еден од фаворитите во Икс фактор, веќе му откажувам фанство Пре-лигав ми е. И секако, ни од блиску не може да се спореди со скромноста на Тоше. Колку што се сеќавам, тој немаше изјави од овој тип. Скромноста одеше до тој степен што, не се ни фалеше дека подароците кои ги собираше на своите концерти, ги донираше по Детските градинки. ** Друго што ме изиритира, е преносот во живо за неговото пристигнување. Прво место во Икс фактор, во ред. Но, има и други личности, кои постигнале нешто, еве на пример во последниве години/година, Димитар Георгиев на Европскиот куп во Белград во кик-бокс освои злато, Анастасија Богдановски во САД освои два златни медали, и многу други кои се крунисале со злато/сребро/бронза, за кои во медиумите воопшто не е споменато. Барем не со пренос во живо Не ми е јасна класификацијата на медиумите, конкретно Сител, што во живо треба да се пренесува, а што не. За делот околу навалата на деца, кои..изгледаа толку смешно, нема да коментирам. Во ред е да си нечиј фан, ама на врат да му се бесеш.. Ајде, ќе пораснат. ** И сонциња, не ме напаѓајте одма. Демократска држава е ова
^Сега е популарен он,затоа медиумите го експонираат колку е можно повеќе,а и гледаноста им се зголемува.Кој знае колку тинејџерки што не се од Ск го гледале преносот А стварно смешки беа,ќе го утепаа човекот,треба обезбедување да си носи А што кажувал за татковство? Немам чуено..
Незнам за татковство,кажа дека сака мирна девојка ,нормална за сопруга . Очекував поголем пречек на аеродромот,и искрено жалам што не бев таму,но се надевам лично ќе го запознаам.Човекот има култура на високо ниво,топло срце,харизма,едноставно зрачи со љубов и позитивна енергија.Не сакам да го споредувам со никого,за мене тој си е уникатен,а вистина ни требаше таков човек,а за Tоше се знае ,таа тага никогаш нема да престане,и нема што да ги споредуваме двајцата се посебни на свој начин. Не можам без да прокоментирам за пречекот,Снеже претера со прашањата на татко му на Даниел,поглупо амин демек ете пари чекате и ќе се враќате да живеете на негов грб ,арно и одговори човекот дека и тој и Даниел пеат за народот. Дечињата беа преслатки ,и се на се,имаше убав пречек а во Струга верувам најубав дочек имал. Едвај чекам песна негова и се надевам ќе има наскоро концерт,едвај чекам
Зошто постојано ги споредувате Даниел и Тоше? Тоше,неговите песни и работите кои тој ги правеше никогаш нема да се заборават. Но Даниел е сега нова ѕвезда и прифатете го тоа.Они двајца не се исти. Даниел е едно,Тоше беше друго и готово.
Му прават услуга може на Даниел и затоа ти е мило, ама себе сигурно - не. Гледам сте пишувале веќе за преносот. Ај што отишле да снимаат, добро, барем да го монтираа и да го пуштеа во склоп на некоја емисија или што ти јас знам, да ги пресечеа бруките и непотребните испади, ама што може да се очекува веќе од таа телевизија.... Од телевизијата што ја лансираше Снеже Велков. Добро, ако ништо друго барем ликови како Панчито и Тамара Тодевска сега ќе си пукнат од мака што никогаш нема да добијат толкава доза на внимание, пречеци на аеродром и преноси.
www.youtube.com/watch?v=ARvmUCP7-DU Ова од одамна го немав видено,пола Македонија била бре Ама Даниел е стварно срце,па како се смее,не сум тинејџерка ама прекрасен е
Ајде јас разбирам да си фан,да го сакаш и сето тоа,ама да почнеш да му врескаш на уво за само една слика... Секоја му чест на трпението,како издржа незнам...
По некоја случајност, после толку време слушам Антена 5 лав сонгс и Кајмакот е гостин. Пуштете радио.
Секоја чест за спектакуларниот пречек на Даниел Кајмакоски. Заслужена почит! :up: Толку многу луѓе, а не е митинг.
Се ок пречеков али кога дадоја кај што пали свејча во црква најголемата глупост истокако Тоше ми дојде една слика таква некова во дрква кај шо е сликан.
Тинејџеркиве беснеат .Tуку доста море се споредува Даниел со Tоше,ај да му забраниме в црква да си влезе човекот,исто како и да не смее никој да носи ланчиња,крстови Супер пречек,браво за Струга и Мислешево,треба да се горди неговите сограѓани
Претеравте со споредбите со Тоше! ТОШЕ Е НЕЗАМЕНЛИВ,ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН!!! Ова е Даниел,новата ѕвезда,навикнете се веќе еднаш!