^^Ова е некој европски музички натпревар ,оваа Андријана напна за да гласаат сите за неа,а Даниел нема ништо напишано,па дали е тој...
Јa таа Андријана не ја ни знам,незнам од кај толку гласови. Луѓе кој не гласал нека гласа,ве молам.. http://euromusiccontest.com/daniel-kajmakoski 1123 сега за сега има...
Даниел Кајмакоски: Ако сакате ќе одам на Евровизија! http://tvorbis.com.mk/index.php/magazin ... evrovizija
^Ја слушнав песната и не сум баш импресионирана. Иако многу го сакам Даниел и навивав и гласав за него, во песнава како некое дете на детски фестивал ми звучи. Општо не ми се допаѓа на македонски кога пее, додека на англиски растура. Инаку имаше пост пред мене со песната ама забележав дека веќе го нема па еве линк: http://www.crnobelo.com/novosti/muz...a-daniel-kajmakoski-i-zeljko-joksimovik-audio
Чуден ми е гласот на Даниел малку,сепак на англиски пее совршено .Ама и песнава мене ми се допаѓа,а еве го и спотот. www.youtube.com/watch?v=Ev3q2xLn_PU
И мене ми се допаѓа ама по фб има доста Спојлер гомнојадци. Катастрофа била, да се вратат и двајцата на Х фактор. Амин. И онака ништо не цениме. Браво за Даниел.
И мене ми се допадна песната, морам да признаам не многу од првото слушање, но потоа ми влезе во глава и два дена си ја потпевнувам. Некако е баш заразна и мислам дека го пронашле со тоа рецептот за хит. И спотот ми се допадна, се на се супер
^^ И јас се согласувам, песната е преубава. Измислена за летно хитче, певлива, размрдува.... И интересно е Жељко конечно да се види во едно вакво издание. П.С. Ми се допаѓа што се спомнуваат Скопје и Белград и што секој си пее на својот јазик, браво, интересно.
Мене не ми се допаѓа. Направена ко да е чисто ради реда за што побрзо да се сними да се направи нешто, а да не ги спомнувам турбо фолк елементите во музиката. Ок Жељко и онака одсекогаш сум го сметала за турбофолкер иако се труди да не биде тоа, ама 90% од песните му се класичен турбо фолк. Даниел воопшто не се истакнува во песната, текстот е смотан и музиката воопшто не одговара на стилот на Даниел, страв ми е да не забега ко овој Жељко па да му заврши брзо кариерата... Не ми се допаѓа како Даниел звучи на македонски или можеби нема одбрано песна со која што може доволно да се истакне и да викне како што треба и како што знае. Сам си прави сто пати подобри песни од овие на Жељко, ако можел на Каролина да и напише нека си напише и за себе, нека не дозволува да го прават будала и придружен вокал, дефинитивно заслужува нешто подобро.
Океј ми е песната интересна и се.. Ме нервира гласот на Даниел едноставно е катастрофа, не е истакнат како шо треба, то ама ич од ич не ми се бендисва, ко ќе пеј ептен грдо изгледа...
Песнава е супер,хитче! Јесте дека Даниел посовршено пее на англиски,ама не е ни тука лош.Одличен склоп на гласовите,одличен спот и уште од првото слушање ми влезе во глава.
Искрено да кажам, не ме напаѓајте одма песната не е во стил на Даниел. Сите добро знаеме во каков стил се пронаоѓа тој а овој стил кој ептен ми наликува на турбо фолк дефинитивно не е за него. Јас искрено очекував првата самостојна песна на Даниел дека ќе биди нешто BOOM.. и ќе го оправда првото место на Х фактор ама мене ова ми изгледа како „утешна награда“. Не знам што мајка бара Жељко тука, нели муабетот беше Даниел да сними соло албум.. али добро ајде да не брзаме, ќе се случи и тоа. Засега иако ставив лајк на јутуб, мене песната не ми се допаѓа.. но како наш македонец должни сме да го поддржиме во што и да прави. Јас сметам на него и убедена сум дека ќе успее да направи одлична кариера, но не во овој стил на музика.
Инаку оваа песна е направена од продукцијата на Жељко, значи нема никаква врска со албумот на Даниел што се снима од продукцијата и договорот од Х фактор. Песната е на Жељко и се гледа дека е комерцијлна песна, тоа е целта да биде таква лесна, певлива... И самиот тој напишал, целта е со оваа песна да ја заокружеме соработката од Х фактор. Даниел сигурно нема да пее турбо фолк.