Душички Инаку песната убава ми е, прво кога ја слушнав не ми се допаѓаше делот на Даниел, ама сега ок ми е, дури и мислам дека баш на Даниел гласот повесела ја прави песната, на Жељко многу му е сериозен гласот
Здраво, Имам една карта за концертот на 07.06. Требаше да одам, но поради тоа што нема да бидам во Скопје викендов, нема да можам. Па, ако му треба на некој карта ја продавам мојата 400 денари (колку што ја купив) за на трибини е. Ако има заинтересирани слободно пишете. Поздрав
Го заборавиле Беч,Виена поточно во песната .Како и да е,супер е,само од Даниел очекувам многу убави песни и да не бидат во тој фазон како со Жељко
Гледате ли во моментов Макфест? Втората полуфинална вечер го има Даниел за специјален гост. Даниел е во свој елемент - ИКС ФАКТОР!!! Супер е дечкото, убаво ги испеа и песните на македонски - малку во своја верзија, ми се допадна.
^Даваа синоќа на МРТ,полуфинална вечер на Макфест. Инаку,не знам дали е до мене,ама се гледа дека Даниел го вежбал пеењето,одлично се снајде и со македонските и со странските песни. Прекрасно ги испеа,ама изгледа публиката е повозрасна и посталожена,ниту му ракоплескаа асално,ниту пееја со него,греота,а стварно се потруди човекот
Срце. Додека ја пееше Осамен очите ми се насолзија. За Сонце за три светови немам зборови. Браво, браво. Гласот во полна сила. Е ваква некоја моќна песна му треба.
Коа ќе ми текне колку бев залетана по Даниел. Поседува убав глас и харизма не е дека нема. Порано ми беше омилен,ептен бев затрескана.Ама како што заврши Х-Фактор некако го заборавив.