Јас не мислам така бидејќи гледам на Даниел скоро сите слики му се со неа па има видео како шетаат и пеат што ги знам таму... Па сега не знам ама за ова некој што го отвараат за Даниел и Тамара е досадно веќе Па сега незнам можеби погрешно мислам
Не е вистина дека се вериле со Тамара! Тамара си има дечко,а ова на фејзбук што излегува со него се вируси,не отворајте
Можеби ке се бунат тука некои негови фанови,ама мене почна да ме нервира некако. Не знае да се изрази дечкото кога разговара на ТВ. Секој пат кога му прават интервју он се изгуби,незнае што да каже. За пеењето,си има некој талент ама дуетот со Жељко ич не ми се допаѓа. Го слушам Жељко и почнува Даниел да пее,како некоја девојка да пее. Многу спротивен глас имаат. Подобро е кога пее сам.
Порано им се чудев на оние кои врискаа по него но последниве 2 месеци многу си го засакав.Вчера поминавме незаборавен ден со него цело друштво и денес одиме пак да го видиме
И ај сега кажејте дека не е совршен https://www.youtube.com/watch?v=QW4HUtzPkXo https://www.youtube.com/watch?v=4pkw3WRS9s8
http://www.youtube.com/watch?v=WKKOby6H1YM#t=48 Еве ја новата песна на Даниел. Мене лично не ми се допаѓа.Сакам техно ама ова не
Даниел има прекрасен глас, но веќе заклучивме сите дека повеќе му лежат англиските песни. И да, малку е чуден кога му прават интервју, можеби сеуште не е навикнат на блиц прашања. Особено новинариве го напнуваат со прашањето дали има девојка. Изгледа скромно, мислам дека ќе просперира и ќе изгради добра кариера.
Super e covekot,bas znae da se snajde barem so fanovite.Si go vidov i gusnav konecno Si ima skromnost i karakter bas na mesto,normalno e seuste da ne se odnesuva kako pregolema zvezda.
Па сум го видела у живо мор, и ружен ми е, и така дури.. али како што кажа и ти, секој со различен вкус
Има прекрасен глас...Скромен е, згоден Заслужи да победи Ама многу ме нарвираат новинарите, премногу напинаат со тоа дали има девојка. И измислуваат разни глупости ех. Сингл се е момчето де..
^ Па богами и за лутење е работата. Со оглед на тоа што изворот е еден никаков сајт којзнае и колку е "вистина". Прво, насловот на ништо не личи, демек Даниел кретен е, а всушност во право си е човекот ако така се случиле работите. Мислам, дали се сериозни луѓево? Веќе се договорено, доаѓаш и ти викаат местото ти е пополнето. Кај го има тоа? Не да се изнервира човек, да земе да ги запали. За вториот болд не знам ни што да кажам, ако не е достапен ќе биде ете, не е ни ѕвезда уште се кренал толку високо, а вака види го ова. Кај им излегол во пресрет, уште вака го исплукале. Срамота. Маид не можеле да го најдат, оффф, да си пука човек во колено. Сигурно пеел во некоја биртија. Откако излезе на Икс фактор Даниел и беше супер прифатен се обидуваат да го прикажат во никакво светло човекот, само плукаат по него ова медиумиве, што не знам ни дали може така да се наречат некои мизерни сајтчиња. Место да напишат како бил изигран човекот, они во какво светло ја вртат приказната. Глупости. Тоа е.
^ Не да е за лутење... Ццц... Може слободно да ги тужи за ова доколку претходно имале договор потпишано. Каква непрофесионалност, не ми се верува. И после нашиве пеачи оделе Србија, Америка, Австралија... Па ќе одат, ќе се расправа овде со недозреани, ванаби газди на дискотеки и кафичи кои две реченици не знаат да сврзат, а за зборот професионалност наслушнале некогаш и некаде и се' уште не им е целосно јасен. Сељак до сељак. И еднаш, два пати, три пати ваква ситуација и после гледаш отишол во Србија и таму си снима албум. Па ќе оди... Јас да сум ќе заминам од овде и ич не се вртам. Која мизерија од народ сме значи, се' друго е златно, само нашето е ѓубре. Маид турбофолкерон да не е подобар од Даниел, па што го величеле толку, а го понижиле Даниел? Абе македонче, врска си немаш. Даниел ништо не прави со неговата добра страна. Се гледа дека има многу добра душа и многу е наивен. Му се јавиле и одма прифатил, се договориле, дошол како човек, ама секој не го цени тоа. Треба да си ѓубре, гад, сељак, да се понашаш ко Жаре берберот, да си несериозен, да се закануваш на сите со тужба ко Боки, да им спушташ цело време, сите да ги омаловажуваш, па тогаш ќе те ценат и ќе ти се тресат. А муабетот за ѕвезда уште неможам да го сфатам. Дефиниција за ѕвезда е ако не можеш никаде да го најдеш. Колку повеќе те нема - толку подобро. И? Како сега да не си помислам дека тој што го кажал муабетов е со степен на интелигенција колку еден кактус? Маид никогаш нема да го има тоа што го има Даниел, па колку сака нека не се јавува и крие.