Мене на почетокот ми беше онака,океј,ништо посебно,си има глас,однесувањето ми е во ред,но едноставно не ми беше нешто посебно. А сега,одкога почнаа напалениве пубертетлики да се потресуваат по него ми доби некој „Џастин Бибер’’ ефект,и ми стана одвратен.
Малку е стар за да биде Бибер и коси да корнат за него тинејџерки, па и девојчиња што уште не ни стигнале до "teen", може комотно татко да им биде. Aма немаат видено уште некој помлад изгледа. Ако го сакаат децата, нека си го сакаат. Мислам дека баш тој ги спојува генарциите, сега и сите баби и дедовци го знаат и го слушаат - што се вели од 7 до 77. А за "скадалот" http://provereno.mk/даниел-зминав-во-велес-поради-маид-не/
На почетокот го обожавав ама со тек на време ми стана одбивен...Како се да прави од корист незнам добив мислење како славата да му удрила во глава а и не е нешто посебно искрено..
Одбивен ми е. А и неговите фанови, се трескаат по него, плачат и што ли не. Океј и јас се трескам и сакам познати ама никој од нив нема повеќе од 20 години, а овој татко може да им биде..
Во Гостивар Маркет Монтенегро-Гoстивар Даниел ми е срценце и не е точно дека негови фанови се само мали дечиња На прв поглед искрен, мил, приземен и културен дечко. На сите им посвети внимание и им подари прегратка и насмевка. Супер дечко на место
Да, не е точно дека му се само деца фановите. Јас само чекам да извади нешто свое, па тогаш ќе коментирам. Вака џабе е. Нека иде таму нека работи на тоа што е важно, ајде, време е веќе за некоја песна, да видиме во кој правец ќе се движи.
Супер си е дечкото но македонска работа. Исто како со Тоше, додека се живи не ни чини, а кога ќе ги нема се трескаме. Треба соседните медиуми да ни покажат колку имаме ние некој талент кај нас. Сигурно Даниел не победи со гласови од Македонија.
Потполно се согласувам. Другите ги ценат нашите квалитетни пејачи ние не, ама не дај боже да го снема сите ќе леат солзи и ќе викаат дека беше добар. Културен, наивен е да, ама има мила ѕвезда и е lovable, САМО НАПРЕД ДАНИЕЛ. .
Бев воздржана се‘ до оној момент кога го слушнав во живо. Дечкото има таков однос со публиката што никаков фалш нема да забележиш Спојлер Не велам дека фалшираше. Велам дека не забележав Има ѕвезда ете толкава голема. Го чекаме со сингл. (она со Жељко не се важи)
Женски, верно ли е ова ?? ДАНИЕЛ ЗАЉУБЕН ДО УШИ: Скопјанка му го освои срцето? http://www.telegraf.mk/zabava/estra...uben-do-usi-skopjanka-mu-go-osvoi-srceto-foto
Sigurno kolku lanskiot sneg .On si se zaljubil u kartonska stjuardesa stavi i slika na profilna so nea haha
Никој и ништо не е, еееееииии ебати ѕвездата што е , ц ц ц , ооод дека на дека он да ти бил ѕвезда алооо бреее, изгубен народ еејј,нормални ли сте бре што зборите,тоа неговото испадна од денес за утре, ТОШЕ ОД МАЛ БЕШЕ ВО МУЗИЧКА КАРИЕРА И ПАЗИ, Н Е М А Ш Е СЛАВА КАКО ШТО ТРЕБАШЕ, за слава требаа години, ааа не овој само што учествувал во едно шоу и аааајддддддеееее голем човек брееејјј, и јаас така можам да пејам и со не мои песни, што!? и што ѕвезда сум? ева ева..... кога ке се освесте овај свет, само сакам у живо да го видам да му плукнам ВО ФАЦАА!!!!!
Tи κој фаκтоρ си за да неκому плуκаш во лице??? Пуф,пуф ти совρменство без мана и сега плуκаш по дρуги. Aκо не го слушаш или поддρжуваш тогаш почитувај ги сите дρуги κои се негови фанови а ги има пρемногу. Не му пρопаѓа κаρиеρата на Даниел аκо не го саκаш ти .Тоше немал слава κаκва што тρебало. Вицов ти е многу јаκ. Виц на годината.забоρајвме ти си најславната.
Зошто го мешаш Тоше со Даниел? Некои други фрустрации те мачат тебе, остај го човекот....ме изнервира за Тоше повеќе. Каква тоа слава немал Тоше а требало да има?
Тоше така орв ми дојде, ај остај тоше, ај да речеме за сите озтанати македонски пејачи, Те Емил Арсов, напраил си своја песна свој спот и убаво си пее.... како и сите други, тој нема реклами снимено, нема такви концерти како шо приредиле на кајмако, он е штотуку новороденче, а го возвишуваат, тоа па новинарите : нашата ѕвезда..." е кажи каква ѕвезда е , он тоа може да биде кога ке направе 2-3 албуми највеќе , да има наај нај песни спотови и све останато.... мене воопшто не ми се свиѓа како пее, еееее па он кога се врати во мк. абе кој го пречека на аеродромот, лелее гужваа што беше немаше кај да се помине , на секаде само момичиња, немаше возрасни, па секако, мали девојчиња недоразвиени на такви се радуваат.
Точно, повеќето фанови се мали девојчиња ама сепак победи со гласови од повеќе земји, не само од нашата. Останува да видиме дали ќе биде инстант ѕвезда или ќе потрае. Мене ми е ок, убаво пее. П.С- не само емил арсов, еден куп ги има што си снимија по една песна/спот и се нарекуваат пејачи.
Што стана со Кајмаков? Мислам озбилно изгледа на ваквите шоу емисии ке добијат луѓево 5 минути слава и после ќе ги снема. Инаку дечково е стварно голем талент зарем со песничка од типот Скопје - Београд ќе гради кариера