Еве победи и на Скопски фестивал за избор за Евровизија, имаше кажано дека голема желба му било да ја претставува Македонија - еве му се исполни Нека му е честито победата и многу среќа на Евросонг
Многу сум радосна што Даниел ќе не претставува на евровизија. А исто така и убава песна. Уште кога го видов на аудицијата, знаев дека би можел да биде победник на x фактор и бидна. Со гласот ќе растури во Виена. позздрав
честитки за победата, но искрено мене песната не ми се допадна, можеше многу подобра песна да му дадат, тој може повисоки тонови да пее, а во песната не се присутни... со среќа нека му е и барем се надевам дека во финале ќе влеземе...
Победникот на првата сезона на регионалното музичко шоу Х Фактор, Даниел Кајмакоски сѐ уште не ги доби ветените 10.000 евра, што белградската МБК му ги вети по победата во март. Откако се распадна продукцијата, Кајмакоски вели дека наградата му е само делумно исплатена и доделена. Наскоро ќе започне втората сезона на шоуто, која ќе ја реализира продуцентската куќа ЦЛМ. За Македонија, дел од продукцијата ќе биде Сител, а во Србија правата за емитување ги откупи телевизија Прва. Наградата што беше ветена за победникот, ми беше делумно исплатена и доделена, но продукцијата што го организираше минатогодишното шоу повеќе не постои и е затворена. Убеден сум и се надевам дека победникот на втората сезона на Х Фактор ќе го добие тоа што ќе биде промовирано како награда, вели Кајмакоски за Вест. Автомобилот „мини морис купе“, кој исто така беше дел од ветените награди, Даниел го доби во април, еден месец по финалето, кое се одржа во март во „Белградска арена“. Извор:http://zazabava.com/daniel-verojatno-nikogash-nema-da-gi-docheka-parite
Типов е фејк, тоа многу ме нервира, значи не сум хејтер, напротив сакам напредок у нашава ни никаква музичка сцена, но со фејк лица? не. Како прво е лажно скромен, не знам зашто толку со сила сака да испадне фин, едноставно се чувствува дека не е природен. Друго не е ништо посебно дечково, просечен ми е, од земја како Австрија кај што неможе да успее се враќа на Балканот кај што криериумите за музика се многу помали и успева, големите риби пливаат во големи води, а он обратно. Не ми праи ќејф. А за евровизија претпоставувам има друга тема, но ќе искоментирам накратко, песнава ја слушнав воопшто не е певлива ниту пак интересна, нема да влеземе у финале со ваква песна. А јас се чудам како сме толку упорни за тој фестивал, џабе парите само, не знам, целиот тој концепт на евровизија ми е утнат некако.
Само што ја слушнав преснава, уште од прва ми се допадна Освежување, убава соработка со луѓево А и спотот е преубав ,ја испофалив слушнете ја ....
Мене не ми се допаѓа ни како изгледа ни како пее. Зошто толку прашина се дигна за него не знам. Побеснети тинејџерки.
http://www.prva.rs/show-biz/vesti/91974/otkrivamo-sve-ucesnike-trece-sezone-tlzp.html Даниел ќе бидел во новата сезона на Твоето лице звучи познато
Не можам да го поднесам типов, ептен некако се лигави. Сега па и албум ќе објавел, со кои песни ќе биде албумот? Колку што знам има само една, онаа со Јоксимовиќ. Повеќе реклами има направено отколку песни. Публика му се напалени пубертетлики од 12-13 години. Живееше во Влае и пред врата му оставале мечиња, срциња. И сакаше да нè претставува на Евровизија, ете отиде и добивме само 28 поени. Со таков настап добро е и овие што сме ги добиле. Нема некој си којзнае каков глас и не е некој пејач.
Добар беше едно време...скомен, фин, сега некако почна да се занесува. (''славата'' му удрила во глава)