На почетокот кога се појави многу ја сакав,особено со Срца две,ја обожавав! песните и ги свиѓам морам да признаам на некој начин ми се разликуваат од песните на др.наши естрадни кловнови,ама она почна да ме нервира,ми стана антипатична како особа,не знам зашто..се надевам малце ќе се приземји..
Да се надоврзам на претходниот коментар, и мене тогаш ми се допаѓаше и ова сега што го прави ми се допаѓа. Али тоа е, чим имаш конекција со некој хип-хоп артист и влегоа во жаргон некои си термини, и искрено коса ми се дигна во буквална смисла на зборот кога во најновата песна со СКИТ СКИТАРА( ) нешто во текстот ,,сјебав шанси сто,,, ,,срање,, и сл. Добро ма Дани, гледаме дека ги пуниш весниците со тоа дали си или не си со господинот рапер, али не го тупи те молам, и не се прави нешто што не си. Ми стануваш ужасно одбивна.
Со твојава последна реченица многу културно и на ниво си се изјаснила. Многу убаво однесување, за пофалба. За разлика од неа, твоево понашање е како што треба. Дани според мене е супер, во приватен живот што прави не ме интересира, нејзина работа е и не сум никоја за да ја осудувам. Песните и` се многу убави, посебно „Црвени дождови“, „Срца две“, „Црно на бело“, „Што до тогаш?“ и „Најдобра“, тие ми се омилени.
Дани ми е намб уан од женските вокали на македонскава естрада (ако можам да ја наречам така). Шири позитивна енергија и има убави песни. Едни од омилените: Што до тогаш, Црвени дождови, Можеш, Не живеам за другите.
Same here. А едно време ја поштував... Ми беше онака океј, Што до тогаш, Срца две, и онаа песна што беше снимена во таа куќата што наводно имало духови... Сега ми е многу извештачена, изводи нешто, а не и се годините за да изводи и да фура некои филмови.
Не се согласувам со тебе. Земајќи предвид дека нејзината публика пред се` е сочинета од млади тинејџерки, и те како е важно како ќе се постави во приватниот (читај јавниот) живот. Едно е да прави што сака по дома и кај што никој не ја гледа, ама не и личи на годините да се лапа по дискотеки како јазик да не видела. Сепак, има луѓе кои се угледуваат на неа, а се во фаза на животот каде што мислат дека е кул да се копира идолот. Инаку мене ок ми е девојкава, што се однесува до песните. Лесни и певливи, колку да не сменам радио станица кога ќе ја чујам.
Не ја почитувам како пејачка, воопшто. За овие години кога е на музичката сцена ми стои како да тапка во место. Има 2 песни кои ми се допагаат само и тоа е се. Оваа песната Црно на Бело, поточно спотот за песната е тежок плагијат на песната want-natalie imbruglia. http://www.youtube.com/watch?v=alIE4XUXU0g http://www.youtube.com/watch?v=p-EMjTXvHPU
ИМа ок песни, особено постарите, Срца две и Што до тогаш. сега гледам нешто се унаказила, нема да ја коментирам. Ја познавам мн долго комшика ми беше порано а и уште и го гледам синчето, не ми се допаѓа тоа што мн се промени одткако се прослави, порано киснеше со деца а сега го кренала носот и се понаша како Холивудска звезда. Има океј песни но не ми е нешто гласовно мн јака.
Има позитивни песни, текстови поразлични од другите, знае да направи атмосфера на свирки, си тера филм и не се замара за другите. Важеше за една од најомилени женски изведувачи кај нас, ама многу ми се праи ха-це во последно време. http://www.youtube.com/watch?v=RfZK5kZw ... re=related Првите песни нејзини ми се свиѓаа, ова многу ја љубам.
Мојот македонски идол!!! Многу ја поштувам, закон жена е И ги сакам песните, во некои и се пронаоѓам, гоооолемо браво за неа
Убава, енергична, секогаш насмеана, позитивни песни, лесно певливи, убав глас и стас = Дани Димитровска. Омилени песни НЕ ЖИВЕАМ ЗА ДРУГИТЕ и НАЈДОБРА.
own: Tипкава на настап во Прилеп пред едни 4 години буквално го соблече еден мој врсник (тогаш 17 годишно детенце) и му се триеше од к***т додека пееше ,со наштелован оргазмичен израз на фацата. За мене таа е само психички неурамнотежена Спојлер курветина која сосила се прави своја и фура некои као рокерски фазони.