1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Данска диета

Дискусија во 'Диети' започната од sadgirl21, 2 февруари 2014.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476
    Со диетата многу брзо се губат голем број на килограми, а според искуствата на оние што ја држале, килограмите продолжуваат да се топат и наредните три месеци по завршувањето на диетата.Станува збор за многу рестриктивна и ригорозна програма за слабеење па се препорачува пред да почнете да ја спроведувате да се консултирате со вашиот доктор.

    Диетата можете да ја започнете кој било ден во неделата, но не се препорачува тоа да биде недела. Диетата трае 13 дена и е прилично тешка но докажано ефикасна. Не станува збор за типична диета туку повеќе начин да се поттикне организмот побрзо да ги согорува мастите и да го исфрла вишокот на течности, и токму поради тоа диетата продолжува да делува и по завршувањето на програмата од 13 дена. Ако правилно се придржувате на диетата можете да го изгубите вишокот на телесни маснотии и тоа, во зависност од почетната тежина, во распон од 7 па до неверојатни 20 кг!

    Планот за исхрана мора да се следи точно 13 дена и мора да се придржувате на намирниците и оброците како што се наведени. Не треба да се консумира ништо надвор од листата.
    Ако во текот на диетата на пример испиете едно пиво или чаша вино, џвакате гума за џвакање или јадете некоја храна која што не е наведена, морате веднаш да ја прекинете диетата бидејќи нема да имате никакви резултати. После тоа диетата може да се повтори дури по 6 месеци, никако порано.

    Ако правилно сте ја издржале диетата, точно 13 дена, не треба да ја повторувате најмалку една година, но се препорачува да не ја повторувате во следните две години.

    Кога ќе почувствувате глад напијте се вода (најмалку 2 литра дневно).

    Кафето може да се замени со чај.



    Морате да користите шеќер во коцки, како што е наведено.

    Скоро секој ден се јаде посебна салата така што можете да ја подготвите и за неколку денови однапред.

    Салата

    Исечете: 1 килограм моркови, 1 кг. бела зелка, 1 црвена пиперка, 1 зелена пиперка, 1 праз.

    За прелив: 1 дл. масло, 1/2 дл. јаболков оцет, 1/2 лажичка шеќер, 1/2 лажичка сол.

    Измешајте ги убаво сите состојки и прелијте ги преку салатата. Оставете да отстои еден час. Промешајте повремено. Салатата можете да ја чувате во соодветен пластичен сад во фрижидерот, најмногу до една недела. Ако е за едно лице, тогаш е доволна и половината од горе наведената количина.

    План за исхрана



    Ден 1
    Појадок - 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
    Ручек - 2 тврдо варени јајца, спанаќ варен во вода, 1 домат
    Вечера - 1 голема шницла (230 гр.), салата

    Ден 2
    Појадок - 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
    Ручек - 1 парче шунка, 1 чаша јогурт
    Вечера - 1 голема шницла, салата

    Ден 3
    Појадок - 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
    Ручек - 2 тврдо варени јајца, 1 парче шунка, салата
    Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје

    Ден 4
    Појадок - 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
    Ручек - 1 литар џус, 1 чаша јогурт
    Вечера - 1 варено јајце, 1 изрендан морков, 25 гр. младо сирење

    Ден 5
    Појадок - 1 голем изрендан морков со лимон
    Ручек - 1 големо парче варена риба (бакалар, шкарпина, околу 230 гр.) со лимон и малку путер
    Вечера - 1 голема шницла, салата, варен целер

    Ден 6
    Појадок - 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
    Ручек - 2 варени јајца, една голем изрендан морков
    Вечера - 1/2 пиле на ражен без кожа, салата

    Ден 7
    Појадок - 1 шолја чај без шеќер
    Ручек - НИШТО
    Вечера - 1 јагнешки котлет на жар, свежо овошје

    Ден 8
    Појадок - 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
    Ручек - 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
    Вечера – варен целер, 1 домат, 1 овошје

    Ден 9
    Појадок - 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер
    Ручек - 1 големо парче шунка, 1 шолја јогурт
    Вечера - 1 голема шницла, салата, овошје

    Ден 10
    Појадок - 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
    Ручек - 2 варени јајца, 1 парче шунка, салата
    Вечера - варен целер, 1 домат, 1 овошје

    Ден 11
    Појадок - 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
    Ручек - 1 литар џус, 1 чаша јогурт
    Вечера – 1 варено јајце, 1 изрендан морков, 25 гр. младо сирење

    Ден 12
    Појадок - 1 голем изрендан морков со лимон
    Ручек - 1 големо парче варена риба со лимон и малку путер
    Вечера - 1 голема шницла, салата, варен целер

    Ден 13
    Појадок - 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, едно парче тост
    Ручек - 2 варени јајца, една голем изрендан морков
    Вечера - 1/2 пиле на жар без кожа, салата
     
  2. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Го пробал ова некој или ништо ич? Изгледа примамливо.. само проблемот со мене е што не јадам спанаќ и праз.. што можам да заменам за тоа?
     
  3. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Јас би ти препорачала да не ги ни јадеш спанаќот и празот, отколку да компензираш. Организмот ти се навикнува на малку храна, па спанаќот е вишок. ;)
     
  4. zoricamkd

    zoricamkd Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    моја другарка ја држеше предходната среда заврши и имаше изгубено 9кг.....
     
  5. rider

    rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Одамна никој нема постирано нешто ново за оваа диета. Има ли ефекти?
    Јас сакам да ја почнам од утре. Некој за друштво :)
     
  6. MiaB

    MiaB Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Јас од утре. :D
    Дајте да ја активираме темава хахаха
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Можеш ти да си ја држиш диетава, а, ако ти треба морална поддршка..или во онаа тема Морална поддршка за сите што сакаат да ослабат или она 90 дена фит предизвик... или како и да се викаше :D можеш да си ги запишуваш оброците, вежбите, ако вежбаш итн.
    ПушЧам среќа! Со лесно.. :D
     
    Последна измена: 23 март 2016
    На MiaB му/ѝ се допаѓа ова.