Дарко е роден на 18.04.1988 година во Скопје. Својата музичка кариера ја запчнува со учеството во музичкото шоу "Мак Ѕвезди". Поширока афирмација доживува со учеството на меѓународното шоу "Music Idol" во Бугарија. Веднаш потоа потпишува договор со најпрестижната продукциска куќа "Продукција Република", и со тоа започнува да се занимава со музика професионално. После настапот на фестивалот "Феста", со песната "Ти Можеш", станува еден од најпрепознатливите машки вокали во Република Македонија. Со истата песна учествува и на Радискиот фестивал "Марс", како една од најслушаните песни за 2009 година. На почетокот на 2010 година, го вади синглот "Едно Тело", во кој гостуваат Р&Б дуото ДНК, за кој сними и видео запис. Трета негова песна е песната "Лаги", со која се претстави на националниот избор за песна за Евровизија, "Скопје Фест". Планира препевање на хитовите "Ти можеш" и "Лаги" на бугарски јазик, а тоа значи и официјален почеток на подготовките за турнеја низ Бугарија. Кон крајот на 2010 година, го планира издавањето на неговиот деби албум. Актуелен е во моментов со макфестовската "Утре е нов ден" за која однесе многу награди од споменатиов фестивал (за најдобар сценски настап, најдобар дебитант и најдобра интерпретација). Дарко го спрема својот прв албум Алтер его, со 12 композиции на кој соработува со веќе добро познатите - Магдалена Цветкоска, Раде Врчаковски - Врчак, Димитар Андоновски, Миодраг Врчаковски и Милан Миланов. Има надеж во детето. http://www.youtube.com/watch?v=5IW_OEZwEFE http://www.youtube.com/watch?v=mxoQOcxzv18&feature=related http://www.youtube.com/watch?v=NWmWgKMpk6g&feature=related http://www.youtube.com/watch?v=vIAxk9Crd18&feature=related http://www.youtube.com/watch?v=vY-VlCwQE08&feature=related
Има надеж во детево? Прво кога ќе видам со кого соработува, па кога ќе видам какви му се песните... јас се надевам дека ќе се истреби побрзо од нашава ни "естрада", оти гасови добивам од него.
имаше еден период кога го слушав Даре и одев на свирки каде што беше тој, обожавателка голема бев. Сега и не го сакам, и не го слушам
Има добри песни нема нешо јак глас ама ќе го биде коа мама и тато имаат длабок џеб учел во Димитар Влахов а сеа до кај стигна
Бев на негова свирка.Ми се свиѓат изборот на песни што го пее.Пее метал\рок. За разлика од другите Македонски пејачи што пееат се шабанско
Песната да Ти биде срам. Му е врвот од сите песни.А за спотот да не правам муабет. Многу ми се допаѓа целата приказна,но за жал некогаш е така. А што се однесува,до него.Море убавина негова,што мајка го родила Ова се слики од видео записот за песната "Гола"
^Бананке бе, немој вакви слики да вадиш, почнав да се лигавам по него сеа Знам многу од неговите песни, иако не сум негов голем фан.Кога ќе го слушнам на тв или на радио, не ми звучи лошо, ама јас сама никогаш не сум го пуштила на јутјуб, што покажува дека не сум посебно импресионирана од него...Иначе, знам дека живее во Ново Лисиче, а и дел од сцените од неговите спотови се снимени во таа населба А ова за Влахов и јас првпат слушам