Дарко Илиевски

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од BI-44, 6 јануари 2012.

  1. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    299
    Дарко е роден на 18.04.1988 година во Скопје. Својата музичка кариера ја запчнува со учеството во музичкото шоу "Мак Ѕвезди". Поширока афирмација доживува со учеството на меѓународното шоу "Music Idol" во Бугарија. Веднаш потоа потпишува договор со најпрестижната продукциска куќа "Продукција Република", и со тоа започнува да се занимава со музика професионално.

    После настапот на фестивалот "Феста", со песната "Ти Можеш", станува еден од најпрепознатливите машки вокали во Република Македонија. Со истата песна учествува и на Радискиот фестивал "Марс", како една од најслушаните песни за 2009 година. На почетокот на 2010 година, го вади синглот "Едно Тело", во кој гостуваат Р&Б дуото ДНК, за кој сними и видео запис. Трета негова песна е песната "Лаги", со која се претстави на националниот избор за песна за Евровизија, "Скопје Фест".
    Планира препевање на хитовите "Ти можеш" и "Лаги" на бугарски јазик, а тоа значи и официјален почеток на подготовките за турнеја низ Бугарија. Кон крајот на 2010 година, го планира издавањето на неговиот деби албум. Актуелен е во моментов со макфестовската "Утре е нов ден" за која однесе многу награди од споменатиов фестивал (за најдобар сценски настап, најдобар дебитант и најдобра интерпретација).
    Дарко го спрема својот прв албум Алтер его, со 12 композиции на кој соработува со веќе добро познатите - Магдалена Цветкоска, Раде Врчаковски - Врчак, Димитар Андоновски, Миодраг Врчаковски и Милан Миланов.
    Има надеж во детето.

    http://www.youtube.com/watch?v=5IW_OEZwEFE
    http://www.youtube.com/watch?v=mxoQOcxzv18&feature=related
    http://www.youtube.com/watch?v=NWmWgKMpk6g&feature=related
    http://www.youtube.com/watch?v=vIAxk9Crd18&feature=related
    http://www.youtube.com/watch?v=vY-VlCwQE08&feature=related
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.887
    Многу ми е дебилска појава човеков.
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.198
    Има надеж во детево? :^)

    Прво кога ќе видам со кого соработува, па кога ќе видам какви му се песните... јас се надевам дека ќе се истреби побрзо од нашава ни "естрада", оти гасови добивам од него.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    1.548
    еднаш бев на негова свирка во Штип, и никогаш повеке... :)
     
  5. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    имаше еден период кога го слушав Даре и одев на свирки каде што беше тој, обожавателка голема бев. Сега и не го сакам, и не го слушам :D
     
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Има добри песни нема нешо јак глас ама ќе го биде коа мама и тато имаат длабок џеб :D учел во Димитар Влахов а сеа до кај стигна :D
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.736
    ова Јуле прв пат од тебе го слушам(дека Даре учел во Влахов)
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    4.816
    Пол:
    Женски
    Бев на негова свирка.Ми се свиѓат изборот на песни што го пее.Пее метал\рок. За разлика од другите Македонски пејачи што пееат се шабанско :P
     
  9. pamelche

    pamelche Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    3.513
    Допаѓања:
    9.337
    „Да ти биде срам“, единствена песна што му ја знам и ја слушам.
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    4.816
    Пол:
    Женски
    Песната да Ти биде срам. Му е врвот од сите песни.А за спотот да не правам муабет. Многу ми се допаѓа целата приказна,но за жал некогаш е така. ;(
    А што се однесува,до него.Море убавина негова,што мајка го родила :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ова се слики од видео записот за песната "Гола"
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    ^Бананке бе, немој вакви слики да вадиш, почнав да се лигавам по него сеа :lol:

    Знам многу од неговите песни, иако не сум негов голем фан.Кога ќе го слушнам на тв или на радио, не ми звучи лошо, ама јас сама никогаш не сум го пуштила на јутјуб, што покажува дека не сум посебно импресионирана од него...Иначе, знам дека живее во Ново Лисиче, а и дел од сцените од неговите спотови се снимени во таа населба :lol: А ова за Влахов и јас првпат слушам :^)
     
  12. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    299
  13. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551

    И мене! :!: 8)