12.11.2011 прв пат, а ако има некогаш втор пат ќе бидете на време известени Убав и пријатен ден дечки
имам две опции.крај на август или крај на септември...не можам никако да се одлучам,не сакам август заради топлото,а септември е некогаш дождлив и тоа ме плаши. Искуство некое да споделите за септемвриски свадби?
Епа средина на септември се зезам, ако е за да врне, ќе врне и сред лето, за то не можиш пред време да знајш па да планираш. Прајте си кога ви одговара вас. Инаку ние правевме веридба 25.10.2014, регистрација 03.07.2015 и свадба 08.08.2015
Тоа не можеш да знаеш какво ќе ти се погоди времето. може од ден на ден да се менува. другарка моја правеше 15 октомври минатата година денот беше од убав по убав топол за мерак, а другата ден после свадбата се истури од врнење. Тоа се вика среќа мојата е на 14 април и само се молам да биде убаво времето. како Господ никој не е. Јас викам сите да сме во фамилијата живи здрави весели среќни, тоа ми е најважно. Времето и не е толку ама пак сакам да биде убаво сонце си е сонце нели
На денот на мојата свадба и врнеше, и малку снег вееше. Се измрзнавме Но мене сепак ми беше најубаво. 25.01.2014
Јас правев на 27 септември. Цела ноќ пред свадбата истураше дожд. На денот потпрснуваше малку одвреме навреме. Не беше ладно, пријатно беше, ни да се испотеш надвор, ни па да замрзнеш. Не можеш да знаеш дали ќе врне или не. Може и во август да ти врне. Јас би одбрала пак во септември, да треба да бирам.
Ресторанот што го сакам има термин на 14 јули. Што мислите многу се плашам да не е прежешко следна сабота е 27 октомври. Мора да е сабота бидејќи моите гости се од друг град.
Прежешко а и период на одмори, очекувај дека дел од гостите нема да можат да дојдат. Октомври според мене е многу убав месец за свадба. И мора ли баш тој ресторан? Инаку има теми за совети околу свадби.