Дали има некој посебен датум/датуми кои засекогаш ќе ви останат во сеќавање ? Кој од нив ви донесол среќа а кој тага ? 17 Јуни - Прекрасна вечер на која се видов ( првпат ) со една личност која ја запознав преку еден сајт .. Иако само 2 - 3 минутки ни траеше видувањето беше прекрасно .. Толку многу се гушкавме Анчеее,најмило те сакам 3 Октомври - беше тоа катастрофален ден за мене 23 Април ( иако овој ден секогаш ми е убав ) - најубаво изненадување - Јас во Турција - во носија - пред еден голем концерт - играорната група околу мене ми пеат Happy Birthday -- Оффф колку ми беше прекраснооо Туркије Севијоруз 29 Април - воедно тажен и радосен ден .. Ех колку плачев сабајлето опростувајќи се со луѓето кои ги знаев 5 ден а потоа радување на луѓето кои ги знам цел живот 26 Мај - почеток на една нова страница од мојот живот а на истиот датум две години подоцна завршување на исата А вашите незаборавни датуми ?
ух ...јас не паметам датуми ево вака 31.12.2007г, дојде татко ми после 19 год.од странство....други датум и не паметам али ова и е за паметење,значи не бевме видени 19 год.кога замина јас бев мала имав 11 год.
Датуми значајни за мене помнам секогаш. 23.07.2006 - почетокот на прекрасниот одмор поминат со една посебна личност; 25.12.2009 - возбуда, адреналин до максимум, скокање и пеење до зори, го чекав настанов добри три години; 20.8.2010 - повторување на предходниот датум 17.02.хххх - година не напишав бидејќи стандардно на овој датум ми се случува некоја убава работа ; 18.09.2010 24.08.2010 - елиминирав една непожелна личност; 21 - 25.08.2010 ќе го помнам како период, најубавите денови од годинава, периодот кога повторно се заљубив. 02.08.2009 кога последен пат ја сретнав личноста која остави печат во мојот живот, којзнае дали некогаш повторно ќе се сретнеме... И уште многу, многу други.
Датуми кои ке ги паметам засекогаш се.... 15.10.2010-прекрасна вечер со прекрасни луѓе (и имам голема желба пак да се повтори,само што шансите се мн мали,т.е. не постојат шанси ) 02.08.2010-за жал тежок ден поминат во Охрид само поради сообраќајката,која докажа уште еднаш дека скопјани се многу лоши возачи поради тоа цел ден се влечкав во ужасната Охридска болница,а брзата помош беше повикана во 14-10 а пристигна на местото на несреќата во 17-20 ...КОЈА БРЗИНА...no comment ииии моментално не ми текнувааат други датуми,но СИГУРНО дека има уште многу други...
датум кој ќе го паметам - датумот кој се фатив со моето мажуле -неговиот роденден кој секогаш му го правам посебен -датумот кога ме побара за жена -датумите на роденден на мојте најблиски
16.01.2009 пресвртница во мојот живот , започнав да поминувам низ најтешкиот период (секогаш насмеана, без ни една пуштена солза).......ама после 7 месеци се изборив успешно........и еве ме сега, посилна од било кога....
Јас едини датум што го паметам е кога добив, пошто пеколни ми беа следните 15 дена. Ги памтам родендените и друго ништо. Баш пред некој ден му реков дека немаме ни годишнина. АМа кога ќе правиме свадба тоа ќе ни биде.
Памтам датуми многу повеќе од тоа што сакам. Го памтам датумот на кој ги почувствував најсилните емоции - и убави и неубави, и се тоа во многу кратко време. Денот кога се породив. Врв на емоции кои се граничеа со лудило. Буквално. Го памтам и роденденот од оваа година, и спонатаната одлука што ја донесов тогаш. Не знам како ми се случи тоа, ама посилно беше од мене. Тотално неконтролирано. Памтам и еден датум еден месец по мојот роденден, кој комплетно ме промени. Ги памтам датумите кога решивме да живееме заедно, кога почнавме да живееме заедно, свадби, родендени, годишници, не знам што... и сите ги сакам, и сите некако ги одбележувам.
Го паметам датум кога ја добив првата менструација,роденденот на една моја стара љубов и неговата изјава за возвратена љубов,датумите на родендени на моите најблиски,датумот кога ме праша дали сакам да бидам со него,датумот кога ја изгубив невиноста , датумот на роденденот на мојата сегашна љубов...и уште многу многу други датуми
17.07.1993, но и секој 17.07 е болен за мене 09.09.2007 денот кога ја изгубив невиноста 24.04.2008 кога раскинав со мојот најголем кошмар 02/03.08.2008 мајка ми официјално отиде во пензија 21.09.2008 првиот бакнеж со дечко ми 14.02.2010 најголемата грешка 16.09.2010 дечко ми почна да живее во Скопје Освен овие датуми ги помнам и родендените на најблиските.
Датуми....Хмм невообичаено не ги сакам крајот на август и декември зошто доста турбулентни работи секогаш ми се случуваат баш во тие месеци како да сум проколната хахахаххха се зезам.... а секако паметам родендени ,прв циклус,итн итн....
ги памтам родендените на блиските другарки и роднини, годишнината со дечко ми и толку ќе да е или толку сега ми текнува
-Новата година пред 5 години,цела вечер помината со најдрагата личност од тоа време -1ви мај пред 4 години,најубаво поминат ден на планина со друштвото -20 мај,незаборавната матура -27 април пред 3 години си се фатив со дечкото -25 јули оваа година беше трагичен за мене умре љубовта моја(кутрето) која никогаш нема да ја заборавам И после тоа сум немала некои датуми за памтење
Датум незнам точно, одамна беше знам имав запишано некаде, ама сеедно... Никогаш нема да го заборавам првиот Аларм концерт во Љубаништа. И никогаш нема да го заборавам 14.11.2009, датумот кога се фативме со дечко ми
12.01.2006 и секој нареден 12.01 роденденот на Сара 12.11.1993 првпат го запознав мојот најмил 17.12.2010 заминав за Дубаи и секако родендените на моите најблиски
Ве читам вас и во исто време ми се моткаат сите мои датуми што ги памтам,а богами памтам многу.Денешниот датум 21.12.2009-операција и болките што ги имав. 24.09.2000-ненадејната смрт на татко ми 15.09.2002-загуба на убаво работно место раскинување на договор 14.12.2006-развод но не со скандали и кавги ама сепак е стрес 23.01.2008-смрт на човек кој го сакав исто како вујко 01.08.2008-болка во душата немир во срецето 10.07.2009-разочарување од работното место,стресни секојдневни ситуации и солзи со денови. 09.12.2009-паднав во психичка криза си го нарушив здравјето само од тоа што не си ја сакав работата не се пронаоѓав себеси таму. 29.08.2010-за здравјето на мајка ми нервозно Доста со црната хроника Незнам од кај да почнам имам и убави дати за кога ке ги спомнам ме терат на смеа,песна радост.... 17.12.1992-раѓањето на мојот син 1307.1997-поклон од моите родители-стан 05.09.2000-почнување со работа на проект незаборавни дружби,семинари и конгреси се до 2004год. 03.06.2004-возачка дозвола 05.06.2004-дипломирање 27.08.2004-југо 30.09-2006-Белград 13.09.2007-запознавање на лоша особа личност со лоши карактерни особини се добро завраши а траеше девет месеци 31.12.2008-2009 Нов год Пехчево 2008-2009 борба за работ да преминам од приватен во дражавен сектор многу успуни и падови датуми исплакани а и радосни. 01.07.2009-вработување под буџетска капа на мојата срека и немаше крај 22.03.2010-личност која ми ја разубави пролета личност кој го имам за се во секој дел од минутата 01.05.2010-убав ден 09.07.2010-Будва Имам уште некој датуми ама претерав се внесов со емоции...
овие три датуми се едни од посреќните: 19.12.2009 - дента кога се фанав со дечко ми 18.12.2009 - првпат се бакнав со мојот сегашен дечко 03.08.2010 но има и такви шо сакам да ги заборавам ги памтам родендените на моите блиски памтам кога почина баба ми и вујко ми денот кога тато го имаше инфарктот сообраќајката на мајка ми мојот престој во болница ... многу се!!!