денешниов 06.05 кога конечно после 54678 прегледи кај секој доктор ми кажаа дека сум потполно здрава, џабе уплав фатив од лоши дијагнози
28 ноември 2007 кога дипломирав на факултет, 24 ноември 2007 кога ми се роди внука од сестра, 8 ноември 2011 кога дознав дека сум бремена. 27 ноември 2011 кога добив на спортска 300 евра со 30 денари. Си го сакам ноември, родена сум на 16, па гледам и ноември ме сака мене
10 02 2007 кога за прв пат ме бакна моето срцуле и од тогаш почнаа сите мои слатки маки и плачки за денес јас да бидам најсреќна на цел свет
29.08.2005 се започна така слатко и искрено 07.09.2010 кога дипломирав Незнам сега други не ми текнуваат во моментов, а сигурно има и други
18 април-денот кога освоив целосна стипендија,купив нов мобилен телефон,и се роди најслаткото мое братучедче кое најмногуу си го сакам
30.05.2001 кога ми се роди братчето што го чекав цели 11 години 20.05.2009 матурата моја 17.09.2010 од тогаш сум во врска со личноста која ја сакам премногу, и без која не би можела да си го замислам животот. 14.05.2011 му се предадов целосно
14.09.2007 -> Каква вечер! Каков помин! Каков денс! 18.08.2008 -> Денот кога моите родители прославија 23 години брак, и бевме на фамилијарен ручек, јас, мама, тато и дада. Си поминав прекрасно, особено водена од фактот дека утредента заминувам за Египет. 21.10.2010 -> Корчагин во Златибор, Ирски паб на нозе! 01.01.2011 -> Расположение кренато до таван. Ми беше поставено најубавото прашање во мојот живот таа вечер. 04.03.2011 -> Денот кој ме препороди. 01.04.2011 -> Ден на пиратите. III7 02.05.2011 -> Корчагин во Будимпешта. Vogue (како и да се викаше) на нозе! Пијано, лудо, разиграно, распеано! 13.05.2011 -> Благодарам за најубавиот роденден во мојот живот. 14.05.2011 -> Нема потреба од зборови, искусив тоа што сакав. Двете вечери со розите, првата вечер во Ентернет, првото кафе...Датумите не ги паметам. _________________________________________ 21.01.2011, 05.03.2011, 29.04.2011, 07.08.2010, 08.09.2010, 14.06.2010, 21.06.2010, 20.05.2010, 09.04.2010, 19.09.2009, 26.09.2009. - Остануваат запаметени како посебни вечери, за кои описот не е потребен. Некои лоши, некои добри...
22.06.2009 - 50-иот роденден од татко ми. Цело семејство собрано на куп, сестрите на татко ми, роденденска торта, тато со шлаг по лицето, а јас, неговата мила гордост, застаната од неговата лева страна, од кај што му е срцето. Татичко
Датумите на раѓање ги паметам на повеќе личности, датум по добро сакам да памтам и затоа сакам да го паметам датумот кога ќе матурирам прво, после од дипломирањето, па тој од првиот работен ден, па после датумот кога тој вистинскиот ќе ме запроси (се надева дека ова ќе биде еден датум ) и тако даље, многу дена се во една година, датуми колку сакаш .
07.01.2004 денот кој го славам како втор роденден. 03.10.2010 поради срцето мое, и роденден на мама. 01.04.2011 заради целата случка во кафана......
25.04 - Денот на кој тргнавме на турнеја за Турција,ќе прснев од среќа. 01.05 - Денот кога се простив од луѓе кои оставија голем впечаток за мене,луѓе кои ми беа како второ семејство и луѓе кои засекогаш ќе ги носам во моето срце. 19.01 - Од тој ден живеам без еден дел од мене,ден кој ме потресе.
Секој ден за мене е за паметење Сепак највише ги помнам 31.12. од сите години, 01.05. од сите години и најоткачените летни и школски денови
31 јануари годинава. Годинешниов Велигден. 24 април. Недела. 16 септември. Дедо ми е починат на оваа дата. Дедо те сакам многу. 19 мај 2010. Последна вечер со него. Крај на едно четиригодишно патување по нерви,но со многу љубов во него. Родендени на битни за мене личности,секако. Не ја паметам датата,но исто тука е денот кога дознав дека сум примена на факултетот. Исто и денот кога се запознав со мојата прекрасна цимерка.
10 август - ден кој го чекам цел мој живот. Ах,љубов. иии.. 19.06.2011 - Достигнување на моите соништа,долгоочекуваната победа на изборниот државен бергер натпревар
16.05.2005 ми се случи нешто неубаво 13.04. 2007 - почина баба ми ( не вистинска ама така ја чувствував) 25.12.2008- заплакав на школо за четворка на тест ( најак беше во цел клас, и трет по јачина во генерација, немаше никој петка, ама се оправ од плачење ко кец да имав, скрос сум била, сега ис смеам ко ќе ми текнит) 18.10.2009- ќе го паметам датумов ама не кажувам зошто , малку ми е незгодно
24.12.2005 Денот кога добив менструација 24.11.2009 Денот кога се запознав со дечкото кој ми го обележа детството. 01.01.2009 Кога тогашниот дечко дојде од друг град во мојот за Нова Година и прекрасната вечер заврши со тепачка (пијана работа) 20.09.2007 Денот кога се фативме со мојата прва љубов. За други не ми текнува сеа а има уште многу. И секако ги памтам родендените на најблиските и на другарките