Даш диета

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 25 јануари 2015.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.767
    Допаѓања:
    106.915
    Оваа диета е прогласена за најздрава диета во претходната година.
    Ќе направам напор да го преведам само менито, а вие направете си услуга и прогуглајте ги нејзините бенефити.

    Понеделник
    Појадок - шоља јогурт, парче интегрален леб, варено јајце и зелена салата
    Ужина - Банана
    Ручек - парче нискомасно месо, 200 грама варен зеленчук-мешан,маслиново масло на интегрална кришка леб (или варен компир или варен ориз)
    Вечера - парче интегрален леб (или 2 лажици овесни снегулки), 200 грама јогурт и 200 грама мешан варен зеленчук

    Вторник
    Појадок - 40 грама мусли, 250 мл јогурт со ниска масленост, чаша незасладен свежи цеден сок и мала шоља кафе со млеко
    Ужина - круша
    Ручек - рибја чорба со ориз, 200 гр риба (од истата од чорбата) со компир и блитва и 1 лажичка маслиново масло
    Вечера - интегрално печиво, 50 гр сирење, 4 маслинки и овошна салата од сезонско овошје

    Среда
    Појадок - интегрално печиво, немасен млечен намаз (козја урда препорачливо), чаша свеж сок од портокал
    Ужина - две мандарини или две јаболки или еден портокал
    Ручек - 100 гр варено пилешко, 2 кришки интегрален леб, пола главица зелена салата, 50 гр сирење
    Вечера - 100 гр варена риба, 100 гр варен ориз, 2 дл сос од домат зачинет со оригано и босилек, 200 гр зелена салата со лимон и маслиново масло

    Четврток

    Појадок - 2 кришки двопек, 2 лажички путер од кикирики, сок од портокал
    Ужина - измискирана помала банана 100 гр јагоди, малини или капини, а можеи аронија, 1 дл овошен сок без шеќер и 1 дл немасно млеко
    Ручек - 2 неизлупени испечени компири, 2 лажички салса сос, порција зелена салата со домат
    Вечера - 400 гр лигњи на жар и два варени компира

    Петок
    Појадок - 2 кришки интегрален леб, 2 листа шунка, 2 листа зелена салата, 1 домат
    Ужина - коцка црна чоколада и 100 грама малини/аронија
    Ручек - тањир пилешка супа, кришка интегрален леб, 200 гр мисиркини гради динстани со 5 исечкани шампињони и лук
    Вечера - банана, поголем филет бакалар испечен без масло и натопен во лимонов сок, со 5 помали компирчиња

    Сабота
    Појадок - сендвич од 2 кришки интегрален леб, пола авокадо натопено во лимон и две парчиња домат, чаша немасен јогурт
    Ужина - свежа овошна салата со кугла сладолед
    Ручек - 7 лажици сварен интегрален ориз, динстани 3 цвета брокула и 3 цвета карфиол со лук и перца од млад лук (опционо), млаку црвен пипер и вегета, поголем компир испечен во рерна
    Вечера - пола конзерва туна без масло помешана со 3 лажици варен грав и една свежа пиперка и малку чили, порција зелена салата

    Недела
    Појадок - чаша немасен јогурт, 3 лажици мусли, јаболка
    Ужина - шејк од 1 банана, 10 јагоди/аронија и 200 грама обрано млеко
    Ручек - 2 кришки интегрален леб, 2 филети од лосос натопени во сок од лимон, 1 лажица посен мајонез, 20 зрна грозје/аронија
    Вечера - 100 грама шампињони динстани со морков и лук и пола шоља поавлака, 2 варени компири и салата од домати, праска или јаболка.
     
    На Hipster и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Женски
    и колку се слабее со диетава ?
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.767
    Допаѓања:
    106.915
    Поим немам.
    Мене повеќе ми личи на долгометражна диета како усвоен начин на живеење.

    Има повеќе здравствени бенефити.
    Како што кажав, гуглајте. Не можев се да преведувам.
     
  4. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    607
    Диетата е наменета за лица со висок крвен притисок.Не дека нема ефекти за слабеење,има но, ако целта ви е слабеење постојат подобри диети.
     
  5. Ina Ina

    Ina Ina Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Подобри диети? Мислиш со гладување?? За мене најдобра диета е здравата исхрана. Колку шо можев да разгледам диетата е одлична,без гладување и опфатено е се што е здраво и потребно на организмот
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.845
    Допаѓања:
    7.591
    Пол:
    Женски
    Јас сепак сум мала да држам вакви диети, само здрава храна, спортување повеќе вода вежбање.
    Тоа сигурно е подобро. :)
     
    На Avona му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Ajde vaka sega poso jss gi isprocitav site knigi za dietava...DASH e izmislena za namaluvanje na hipertenzxija kaj pacienti, i se pokazalo deka ostaj sto se namaluva hipertenzijata tuku se namalil i seker, i se zivo i divo i plus kilogrami se gubele. E sega, DASH ne ogranicyva nisto! osven gazirani pijaalaci i fast food koi ne se zdravi voopsto neli. Se zasnova na sistem na broenje, znaci ako ste izmegu tolju i tolku kilogrami treba da vnesyvate tolku i tolku kalorii....i spored toa bi davaat porcvii....das receme za mojatas tezina od 78 kila bese 1200 kalorii, i treba da vnesyvam 5 serviranja zelkedncuk, 5 serviranja zxitarici ......itn. Da ne otvaram kniga povtorno, poso ne se sekavam bas tocno ali u globala e toa. Ubavata rabota e sto se jade se. Nema broenje kalorii tuiku serviranja. I po nekoie vreme od oko ke moze da znbaete kolku treba od ova ili ona da stavite na cinija. DASH e super na dolgi stazu zosto e zdrav rezim nba ishranba koj nema potreba da se menuva. Se jade se.....ama absolutno se! I testenini, i piza, i slatko....samo se kazyva tocno sto od kolku. Eve primer, edno parce leb e edno serviranje zitarici, znaci toa se 5 dnevno.... e sea dali vie ke izedete 5 parcinja odednas ili 2+2+1....toa zavisi licno od vas, bitno e 5 serviranja dnevno.
    Ako jadete mnakjaroni, isto toa ke odi vo zitarici ....arno ama tie 5 serviranja se namaluvaat, znaci mislam deka bvese 1 serviranje =1/3 cup.... DASH e prekrasen nacin na ishrana, covek jade se....meso,mleko, blago, .... samo treba malku napor i set meracinja i moze da pocnete od denes. Jas se splremav i spremav i nikako da pocnam....ne za drygo, ne mozam da se posvetam zoso sum raseana na site strani vo pvboj period i epten mi e tesko za bilo koja dieta.
    Inaku pobarajte ja knigata na internet, i procitajte ja. Mnogu e motiviracka i pred se edukativna!
    Zeni i devojki sme i cel zivot se borime so kilogrami, i od licno iskustvo znbam kako e nisto da ne te sobira ama ova e nesto sto ako pocnete nikogas nema da zazalite. Jas koga ke moiza! bi pocnala vednas.... ke si napravite tabela i toa e toa. Slobodno se mesa se!
    Iskreno da imam vreme bi se posvetila i bi vi napisala tocno sto i kako ama ne mozam da drzam vetyvanjha zosto imam drygi obvrski koi moze da me sprecat vo toa, pa zatoa vi kazyvam da pobarate na int...ima sigurno i besplatni izdanija.
     
    На mamma му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Гледам не е коментирано ништо доста време па еве јас ќе напишам, диетава ја држам веќе 10 месеци и за овие десет месеци симнав 10 килограми полека но сигурно, да диетава е наменета за луѓе со висок крвен протисок и стварно помага но не значи дека е и за другите. Ова е начин на живот за оние кои имаат проблем со високиот притисок и целта на диетата е да се исфрли солта, шеќерот, пржените јадења, брзата храна и газираните и вештачките пијалоци. Јас додуша некогаш правев исклучок па си дозволував да си се почастам со некое благце. Некогаш кога ми е смачено да си припремам храна па купував и готова веганска затоа што на почетокот паѓате во искушенија поради тоа што немате енергија и мотивација но брзо се враќа таа "изгубена" енергија но само со упорност како и секоја друга диета. И нема броење на калории, битно е 30 минутно пешачење секој ден.
     
    На Avona му/ѝ се допаѓа ова.