Ја почнав „Ќерката од соништата“. Ми се допаѓа што има SF елементи, таман е ко за мене. Ми се случи уште на почетокот да претпоставам дека заплетот ќе биде патување низ времето. Ама нема врска, тоа не ми ја направи помалку интересна, напротив. Уште повеќе ме интересира што ќе се случува понатаму. Кога ќе ја дочитам, ќе ги кажам впечатоците. И сега ги имам доста, ама ќе се воздржам дури не ја прочитам целата. Сега за сега само ќе кажам дека на некои места имаше очигледни грешки во преводот, т.е. лошо преведен збор заради кој нема смисла реченицата. Книгата е на Култура. Кога ја читам имам впечаток дека под текстот се наѕира англискиот оригинален текст, односно дека со преводот губам нешто.
Со Култура никогаш не се знае како ќе се погодат преводите, ко лотарија. Не се секогаш добри и ретко се наоѓа некоја книга што ја превеле без грешка и без буквален превод. Засега од поновите, само книгите од Гортнер беа солидни, две прочитав и океј беа. Од постарите тука-таму се наоѓа по нешто солидно преведено. Од Дајен на македонски ја читав „Преправај се и танцувај“, нивно издание. Онака добар беше преводот, но имаше милион печатни грешки и граматички во менувањето на некои глаголи. Игра на среќа ти е со нивните преводи, буквално...
Оваа ми е омилена од нејзе. Ама, верувам дека преводот малку би ја утепал книгата. Ми се допадна многу што патувањето низ времето не е како gimmick употребено, туку одлично служи за развој на приказната.
Ќе има изгледа нова книга, Reflection се вика. Само нема никаква најава за датумот, ниту корица. На Goodreads случајно ја приметив книгава и ништо подетално нема. Се надевам следната година ќе излезе некаде во јануари, обично тогаш ги вади новите книги последниве неколку години.
Е морам да се самоцитирам зашто не било ова нова книга. Некоја стара од 1997. https://www.goodreads.com/book/show/791490.Reflection Ме зезна дека немаше корица, од возбуда не ми ни текна да проверам. Знак дека треба прво да се дочитаат старите книги на Дајен.