Дали некој знае нешто повеќе за овој вид на зеленчук?Ми го препорачаа за слабеење и за намалување на холестерол?Било какви информации се добродојдени
иначе појма немав дека и ова постој ама прогуглав пошто ме заинтересира .. има и поопширно ама еве на кратко.. Дајконот има малку калории - само 18 во 100 грама, а обезбедува 34 отсто од дневно препорачаната доза на витаминот Ц. Соджи и активни ензими кои го помагаат варењето (посебно на скробната храна), пектин и целулоза, калиум и калциум. Богат е со специфични материи, кои му ја даваат лековитоста. Корисен е и за дијабетичарите, може да раствори одреден вид на камења во жолчката, исто како и ренот. Младите листови од дајконот се богати со витамин Ц, бета-каротин, калциум, но и со железо.
Хехе и јас денеска прв пат слушнав па бев го купив и сеа од утре ке го применам за слабеење па ке видиме,иначе фала за информацииве
Еве нешто на српски. Инаку имав слушнато , ама сега кога видов ме заинтересира да најдам некоја информација. DAJKON, daikon, japanska rotkva (Raphanus sativus) – duga bela rotkva, zadebljalog korena (ali može da bude crna ili krem) sa svetlozelenom pigmentacijom. Naraste od 12-30 cm, pa i više, prečnika od 4-6 cm. Težina pojedinih primeraka dostiže i do 40 dg. Meso je sočno, hrskavo, bele boje, blagog slatkastog ukusa. Osim korena koristi se i lišće koje je bogato C vitaminom, beta-karotinom, kalcijumom i gvožđem. Male je energetske vrednosti, 18 kcal u 100 g. Sadrži mnogo fruktoze, skrobne sastojke, pektin i celulozu. Od minerala sadrži kalijum i kalcijum i vitamin C (obezbeđuje 34% dnevne preporučene doze), kao i aktivne enzime. Bogat je glikozidima i specifičnim materijama sa fitoncidnim i baktericidnim delovanjem. Koren se jede sirov u vidu salata, iseckani kao garnirung (prilog jelu) ili termički obrađen na razne načine (brzo prženje na malo masnoće). Može da se peče i na roštilju, u pećnici, prži ili kuva kao varivo ili u čorbi. Sprema se za zimnicu metodom kišeljenja kao repa ili se usoli. Prethodno ga treba očistiti kao šargarepu. Lekovito delovanje: potpomaže varenje, rastvara određenu vrstu kamenja u žuči (kao crna rotva i hren). Odstranjuje naslage masnoće i sluzi nagomilane u organizmu. Strugani dajkon pomaže u varenju uljastih namirnica.
Дајконот се јаде суров во салати, исечкан како гарнир или термички обработен на разни начини, како што е брзо пржење на мошне малку маснотии, а на висока температура. Може и да се пече на скара, во рерна, да се вари, да биде додаток во чорбите. Во секој случај, потребно е претходно да се исчисти како морковот. - Поентата ми е не можеш да земиш да го гризиш како морков , сигурно нема да се чувствува толку кога е искомбиниран со други јадења..
Баба ми обожува да става дајкон во некои од нејзините специјалитети, а и често ни прави салата од дајкон.. На почетокот не ми се допаѓаше, но сега многу ми е сличен на краставица
Дајконот го има во секоја пиљара, во секој маркет, јас го купувам од Тинекс, а го има и на пазар. За ова чудо дознав од книга за макробиотика од Мичио Куши ( познат макробиотичар ). Обично го рендам и го јадам заедно со рендан морков и рендано цвекло. Помалку е познато дека дајконот симнува температура. Кој има проблем со мали деца и високи температури, нека изренда дајкон, се цеди малку, се става во крпа и се става како облога. Пробајте, проверено е.
Јас сакам да јадам дајкон со оцет и сол во салати и многу ми се допаѓа,има сличен вкус како ротквица,а дека е добар за слабеење сега првпат слушам и ќе гледам тоа и да го применам бидејќи многу ми се допаѓа!
Мене не ми треба за слабеење. Би сакала да слушнам дали некој има позитивни резултати за симинање на холестерол и триглицериди. По интернетов дојдов до такви податоци дека помага
Дајконот е многу здрав, како и цвеклото, морковот, ротквицата и др., а има и добар вкус. Се става во супи, салати и во различни главни јадења. Искрено, заборавам да купам, а е добар и сега добив идеја да побарам.