1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дајмонд начин на исхрана

Дискусија во 'Диети' започната од lylaby, 23 март 2010.

  1. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Ова е начин на исхрана кој пред се е здрав и ефикасен ми помогна да ослабнам повеќе од 15 кг за отприлика два ипол три месеци(бев буцко :) .Се состои од неколку едноставни принципи кои на почеток може да ви се чинат тешки но потоа се навикнувате и мислам дека нема да го оставите овој начин на исхрана.Се јаде овошје до пладне секогаш кога ќе осетите глад,потоа на пладне можете да ужинате -пр салата зеленчук се до гл оброк кога не мешате јагехидрати и протеини значи јадете дали месо дали компир дали леб но со салата или и како прилог вариво зеленчук.Ако гл оброк ви е месен чекате 4 часа да повторно јадете овошје а ако не е месен 3 часа.Потоа терате со овошје повторно за да можете да вечерате повторно салата .Е сега може звучеше престрого ќе си кажете ова само на овошје и зеленчук ќе бидам :D но не е така.Можете да ужинате околу пладне на пр парче интегрален леб намачкано со путер со салата ,интегрални грицки....На ручек не сте ограничени со количината битно е само да НЕ СЕ ПРЕЈАДУВАТЕ.Мн битен принцип е и вежбањето без него неможе бар половина час дневно .....И баш би сакала да чујам дали на некој му помогнал овој начин на исхрана или ако сака нешто повеќе да дознае слободно нека праша!
    П.С.Овој начин на исхрана е базиран врз една книга Дајмонд напишана од еден брачен пар кој има проблем со кг Откако ја прочитав си направив мени базирано врз принципите за кои се зборува во неа .Еве како на пр изгледаше едно дневно мое мени
    ДОРУЧЕК овошје секогаш кога ќе осетев глад, најчесто беше сезонското дадено
    УЖИНА најчесто интегрално лепче препечено на тост со зеленчук или сезонски зеленчук
    РУЧЕК стек бело месо на скара или динстано со прилог варен зеленчук и салата,или пр печен компир со салата,ориз со салата...
    потоа терав пак со овошје знаев и да вечерам салата варен зеленчук а и правев некои отстапки ќе каснев коцка чоколадо или некоја грицка....
    и упишав часови аеробик...Никогаш не ги вратив килата варирам како секој се разбира но од тогаш ми остана навика дневно да конзумирам овошје на празен желудник и не мешам групи на храни ( со исклучоци се разбира).......
     
    На Ines Ines, corapce, ♡BuBaLe♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  2. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    99
    Па во принцип секој правилен начин на исхрана се состои од редовно конзумирање на овошје и зеленчук и не мешање на храната. Доколку вака се исхарнуваме сите, тогаш би биле со совршени облини :D Но мора да постои отстапка од се што е здраво, па така секој втор човек си има проблеми со килограмите, но не и ни чудно со брзата храна која се повеќе се конзумира поради Х причини.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Па да сите знаеме дека ако се храниме на овој начин витка линија не ни бега,но незнам што е тоа што ги тера луѓето да веруваат во чаеви за слабеење,некои си капсули или диети базирани на денес кило кремвиршли утре 5 варени јајца :) Значи мн е просто и едноставно,мене ми успеа на овој начин и верувам дека секој кој би се придржувал на здрава исхрана не би имал проблеми,значи суштината е во волјата и истрајноста ништо др.А боже мој сите сакаме одвреме навреме да си се почастиме со еден сендвич од 7ца :D
     
  4. strange-woman

    strange-woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    7
    ДАЈМОНД начин на исхрана

    Ми се свиѓа овој начин на исхрана. Од утре ке почнам да се придрзувам се надевам ке успеам :rofl: Ако успеам пишувам резултати одма!! Инаку имам дома орбитрек ке вежбам пет до шест пати во неделата по 30-40 мин може и повеке :) :) Поздрав и држете ми среќа :hai:
     
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    ДАЈМОНД начин на исхрана

    Доста добар ефект има начинов на исхрана, но доколку се применува секојдневно без престан. Штом престанеш веднаш следува јо - јо ефект. :)
    Инаку лесно е за издржување, навидум делува комплицирано, но со тек на време се навикнува организмот. :)
     
  6. minimouse

    minimouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    ДАЈМОНД начин на исхрана

    Јас го користам овој начин на исхрана неколку месеци симнав неколку килограми и сеа си ја одржувам тежината на некое нормално ниво. Книгата ја прочитав откако се вратив од Америка ова лето бидејки бевф поправена сакав да се прочистам да подослабнавм и успеав. На почетокот вежбав само дома на степер а сега почнав да одам секој ден во теретана. Има одма резултати уште првата недела многу ми е убаво кога вежбам уживам се чуствувувам лесно исполнето задоволно со себе. Вежбајте нека не ве мрзи. Јас секогаш викам подобро да јадам колку сакам и што сакам но да вежбам отолку само да се јадам и се да ми се фати!
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Ова можеби е еден од најдобрите начини за здрава исхрана, па решив да го применувам и јас. Мислам само дека не се јаде овошје цел ден како што наведе авторот на темата, туку само до пладне. Во принцип, дозволено е сè, само да не се мешаат продуктите. Мајка ми ја имаше книгата, јас ја прочитав пред некои десетина години. Чат пат го применував овој режим и дефинитивно се слабее. Не ослабев јас нешто многу, но мајка ми симна минимум 20кг (од здравствени причини мораше да намали кг). Доста е ефикасен овој начин на исхрана, и да се придржувате одреден период кон него, ќе си стекнете навика за немешање на артиклите што е клучен чекор во здравата исхрана.
     
    На betidule, ♡BuBaLe♡, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Ова е навистина добар режим на исхрана , нема јо јо ефект со овој начин на исхрана затоа што се е во рамки на нормалата и се стекнуваат здрави навики пред се .
    На сличен начин се хранам и јас за да ја одржам тежината што ја имам само наместо интегрален леб ужина ми се бадеми најчесто, и овошје јадам до 15 часот а после ручек за ужина зеленчук.
    тајната е во комбинирање на храната , успех следи само ако е тоа направено на правилен начин и нормално со секој режим ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ, без физичка активност резултатите се бавни, барем кај мене .
    поздравче !
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Aј ако сака некој подетално да ми подобјасни на што се базира овој начин на исхрана. Ги прочитав сите постови, но не сфатив баш најдобро.
    Сфатив само дека до пладне смее да се јаде овошје, после тоа не, и да не се мешаат намирниците, добро сум сфатила? Пример да ми кажете за еден ден план за јадење?
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Наутро овошје, само банана и грозје не.
    До пладне до 12ч, само овошје да се конзумира. Кафе без шеќер и без млеко.
    Ручек-салата обавезно и месо на пример, или салата со ориз, или компири со салата. Леб да не се јаде. Битно е да си јаде салата.
    Ужинка-интегрална житарка, пуканки на пример.
    Вечера- половина од ручекот или само салата.
    Мислам дека треба и 2л. вода во текот на денот да се пие.
    До 19ч да биде и вечерата, после тоа ништо не се јаде.
    Вака мене ми ја објаснуваа.
    Ако грешам, поправки, па и јас да научам, сакам да ја пробам, ама после доењето. :)
     
    На Espadrila и Lux им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Па така е некако, како што кажа Лолита. Не можам да ја најдам книгата, за да прочитам точно, ама знам дека се почнува со свежо цеден сок и овошје, и до 12 часот секогаш кога си гладен јадеш овошје (освен банана и грозје). После во 12 може нешто како ужинка, до ручекот кој мора задолжително да содржи салата. Ама или месо или скроб да има со салатата, друго не. После ручекот, ако ти се јаде, може некој зеленчук (морков, пиперка, домат), и за вечера обично салата, или па млеко, млечни производи.
    Моето вообичаено мени оди вака:
    наутро овошје (јаболка, круши или смокви) со цимет и мешавината од четири семиња (ленено семе, интегрален сусам, сончоглед и тиква). Обично го сецкам на парчиња и го јадам до кај 12 часот. После тоа ако сум гладна, пијам чаша јогурт или млеко, или пак си правам кафе. За ручек, она што има, со тоа што, ако на пример, има манџа со компири и месо, јас го јадам само компирот, а месото го оставам за вечерта, задолжително со салата. Ако ми се пријаде нешто меѓу ручекот и вечерата, земам патлиџан или пиперка со малку сирење, иако тоа ми е најчесто вечера. Се чувствувам многу поубаво, поздраво и полесно.
     
  12. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    изгледа добро-само кој да се придржува до сето ова
    на работа доста ослабеа со овој начин на исхрана-по дајмон
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Па не знам, мене не ми е нешто особено тешко да се придржувам до ова. Да, имам кризи, ама сега засега успешно ги надминувам, со оглед на тоа дека неколку дена сум на овој режим. И планирам да продолжам вака. Еве, дури и син ми јаде исто како мене... наутро почнува со мед и овошје, а после тоа си бара нешто појако, на пример житарици со јогурт или млеко и слично.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fema

    Fema Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Jas mislam deka zitarici so jogurt ne se dozvoleni, zatoa sto celata dieta se bazira na nemesanje na proteini i jaglehidrati.
    Inaku vecerata moze da bide i supa. Supata odlicno zasituva
     
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Ова му доаѓа како некоја олеснета верзија на УН, овошје за појадок и немешање на намирници со неограничен внес на салата. Само што овде имаш поголема слобода во изборот на храна, не броиш денови, немаш овошни денови. Да како начин за исхрана мислам дека е супер за тие што веќе дошле до посакуваната тежина или се приближно таму некаде близу целта.
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  16. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Книгата се вика Здрави и вити се е објаснето таму многу темелно и на крај има рецепти (иако некои од намирниците ги нема кај нас, сепак ќе добиете одприлика идеи за што како да готвите)
     
  17. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    10.085
    Запознаена сум со Дајмонд начинот на исхрана и сметам дека треба да се применува како долгорочен начин на исхрана, а не диета од неколку месеци.
     
    На Regenbogen и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  18. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    40
    Јас 25 кила ослабев со ваков начин на исхрана сеуште се придржувам. Дефинитивно најефикасно.
     
  19. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    да не знае некоја каде можам да ја најдам оваа книга за Дајмонд? :^)
     
  20. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Ја има во Матица