Дајте ми совет за чизми

Дискусија во 'Мода и стил' започната од brineta, 2 декември 2009.

  1. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.908
    Аннии не знам за во Буњаковец . Една моја другарка купи од Лептокарија во не знам која продавница за 1800 , црни високи .. ми рече имало и многу избор , а многу се убави . Друга другарка си зема од Шутка за 1500 а истите во гтц ги видела за 4000 . Муабетот ми е да не трошиш многу пари на чизми зошто ств може за до околу 2000 да најдеш убави чизми .
    Инаку сакав да кажам дека тие што ги постирав ми стигнаа и сами ми идат :rofl:
     
    На annii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.268
    Јас да кажам може на прв изглед исти се чизмите од Шутка и од ГТЦ, не викам не.
    Ама видете ги моите после само 2 недели носење..... исти се како тие од ГТЦ после 2 години.
    :devil:
    Така да кај и да е мора наскоро да си купувам нови, КВАЛИТЕТНИ! Кои ќе издржат на дожд и снег, овие нема шанси не ги бидува.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    71
    angelce se sekavas li od koja strana gi simna cizmive me interesira za kafeavite na sniranje mi se cini 5 ti oddozgora bea
     
  4. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Дали знаете како се одржуваат планика чизмите? Дали крем, спреј, боја, некоја комбинација или нешто друго.
     
  5. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.585
    А кога од прилика се попустите во бата ? Денес баш влегов таму и се заљубив во едни ама 5000 мислам беа :(
     
  6. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Дефинитивно УГГ најубави се имам 2 пара дома сиви и кремави :$ [​IMG] но скапи се :|
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.959
    Пол:
    Женски
    Јас редовно си посетувам една продавничка за чевли во Буњаковец, Биси мислам дека се викаше. Во близина на Краш се наоѓа. Имам купено неколку пара чизми и патики од таму и сум презадоволна од квалитетот. Лани си купив високи црни чизми, некаде до колена се, внатре се обложени со крзно, рамни се и имаат стварно цврст, дебел ѓон. Имаат нитни и едно ремче. Ги платив 2200 и ги изнаносев минатата сезона, па сега го чекаат првиот снег. :)
    Имаат избор во таа продавница, јас сум задоволна и од претходните пара чизми што ги имам купувано од кај нив. Оваа сезона немам поминато таму, ама верувам дека имаат донесено нови квалитетни модели.
     
    На BeLLaDona23 и kate89 им се допаѓа ова.
  8. Korisnik89

    Korisnik89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    29
    Девојки кога купувате чизми а сакате да не ви пропуштаат задолжително во продавницата прашајте кои се водоотпорни. Значи кои имаат декларација дека се водоотпорни а не кои продавачката ќе ви каже дека не би требало да пропуштаат вода. Нема врска дали ќе влезете во Адамс шус, Пеко, Бата и сл. Сите тие имаат квалитетни обувки ама мал е изборот на оние што се водоотпорни. Во Адамс шус конкретно мајка ми бараше на штикла (секако водоотпорни) а продавачкава и вика: па не, нема да ти пропушти, на ШТИКЛА се :o , а мене ми се свиѓаа тие слични на овие на сликава (не можев од нив да најдам слика) и ја прашувам водоотпорни се? Да, да. Идам утредента со мајка ми да си ги купам и додека ги пробував мајка ми и вика имаат декларација се тоа, мислам сигурно не пропуштаат вода, така? А па не знам, не би требало, немој ти по снег да газиш на пример... :| Важи кога ќе има снег ќе ги соблечам и боса ќе газам. Во секоја друга продавница кога ќе прашаш кои се воотпорни ти ги посочува тие што се гарантирано водоотпорни, а на овие не знам што им е. Инаку јас си купив едни водоотпорни за снегови, дождови и ладно време и ич не ги жалам парите, едвај чекам снег :) а за на суво време и кога не е многу ладно си имам повеќе чизми од Аванти и сл. такви продавници кои се носат чисто ради изглед нема шанси тие да не пропуштат вода, доволно ми е што ми се смрзнати нозете во нив. Ги имам купено од 1200 до 1800 ден. и тераат за парите ама како што кажав на суво време. И сум сигурна дека под 5000ден. нема шанси да се најде водоотпорни чизми. Освен гумените ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На soncicko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    284
    Да ве прашам, која продавница кај нас стандард држи квалитетни чизми, да се знае дека нема утка? Со исклучок на Timberland, немам толку пари :)
     
  10. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    2.580
    Пол:
    Женски
    duso biana najdobri se kozni se i ispod 3500 4000 nema jas zemav pred mesec dena kozni na stkla so krzno od city shoes bitola dostavuvaat do sk.inaku vo skopje imas vo centar na rekord prodavnici na biana veruvaj ke gi platis ama ke gi iznanosis site tie po 1500 2000 se eko koza gola voda se odlepuvaat propustaat voda za nisto ne gi biva ke vidis ke bidis prezadovolna ti garantiram... ;)))
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.464
    Зависно колкав ти е буџетот.
    Имаше во ALDO накај 5-6000, убави квалитетни чизми. Ги гледаш и си викаш е тоа е чизма.
    Јас имам од Office shoes два пара зимски чизми, од оние за на снег и се покажаа квалитетни. Ниту капка вода не ми влегла. :)
     
  12. Minnie89

    Minnie89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    4
    A од ДОКА дали некоја имала чизми,викаат еко кожа се не кожа ама некако од внатре обложени со крзно и квалитетно ми делуваат,ама дека нема да пропуштаат вода не ми се верува,ај ако има некој искуство нека сподели и општо кожна чизма добра која нема да пропушта вода кај да барам за цена некоја попристојна до кај 5000
     
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.932
    Знам дека после 2 години од кога е напишано одговарам, ама за некој ако бара, исти вакви 300 ден. гумени има во Трафик во Лептокарија.Другарка ми си купи, не пропуштаат вода, ама да ти смрзнат нозете во нив, никогаш не би купила, иначе јас си купив исто од Лептокарија, нова е продавницата , ич не беа скапи, 1.550 ги купив, не пропуштија ни на дожд, ни на снег, ни на шљакутарник (растопен снег) . Некој си гумиран материјал е,црни, и доле се како на угг чизмине , рамни, ама гума е тоа, не е она како сунѓер.Шиени и лепени се, минатата година од една продавница во Бисер купив, 2.800 беа, еден месец едвај издржаа, жива вода ми беа нозеве. Така да, се гледа дека не е се до парите :!:
     
  14. Minnie89

    Minnie89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    4
    која продавница од лептокарија ај кажи поточно
     
    На kitty.m му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kitty.m

    kitty.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    и ако не ти е тешко слика од твоите чизми или некои слични :)
     
  16. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.932
    Трафик е (нели во Лептокарија има како три реда - баш во внатрешноста, како да кажам, од напред кај Партизанска и кај Орка порано кај што беше, тоа е веќе позади :!: ) Трафик е во средината , а таму каде што јас ги купив, ова за Мини, е кај Партизнаска, односно од напред , до Т-мобајл, Вип, што и да е тоа ... Ќе одам можеби вечер , па ќе пишам и поточно ќе ви кажам, вака нема шанси убаво да сте ме разбрале, иначе моите се буквално како УГГ, само гумиран материјал, од страна има нешто како крзно вештачко една линија, и горе некое си како кругче од крзно , па нешто железно како триаголниче таму, можат до под колена да се носат и подвиткани и доле тоа не е такво како сунѓер туку гумено, ако успеам подоцна да ги сликнам ( не ми е тука апаратот) ке ги постирам, па ќе ги видите. Вечер ќе ви кажам каде поточно е продавницата .. :)
     
  17. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.932
    Извинете за пост под пост, ама видов, значи продавницата е измеѓу Blizoo и аптеката, ама името не го запамтив, чизмите се на излог, тие како моите, а има 100 други модели... Вака ништо неможам убаво да опишам, тоа треба да се види :!:
     
  18. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    5.317
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја активираме и оваа тема, зашто доаѓа сезоната за чизми! :D

    Моментално на лагер имам едни ниски чевли, незнам како да ги наречам, не се чизми :D од Tally, одлични се за парите што ги дадов, ги начекав летоска на попуст, ги носев и на суво време и на дожд, не пропуштаат вода, е сега за во зима не се.




    Барам кожни чизми до под колена, најдов убави модели од Geox, Bata и Ziawia, само многу скапи ми изгледаат некако, а според коментарите што ви ги читам, не вредат толку за тие пари.
    Се мислам дали да одам кај кожар/чевлар па да ми изработи чизми според модел јас каков што сакам, и за кои ќе сум сигурна дека се од кожа и нема да пропуштаат вода, или пак да играм сигурно и да дадам 200$ за чизми кои можеби и не вредат толку?


    Еве слики од моделите кои ги гледав, можеби имате некое искуство кое сакате да го споделите со мене околу истите или некои слични, можеби сте гледале вакви чизми за пониски цени и сл.
    Секое мислење ми е добредојдено ^_^ Фала многу!
     

    Прикачени фајлови:

    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tanjabela

    tanjabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    138
    хелппппп си купив лани црни кожни чизми од пеко и им се изнаносив, уште се како нови ама тоа од внатрешната страна материјалот почна да се лупи и пуштаат црна боја лом ми ги прават чорапите и фармерките :( некоја идеа или нешто да ги однесам некаде??
     
  20. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    698
    Да ги однесеш на кондураџија, па тој да ти рече дали нешто може да се направи со чизмите одвнатре.
     
    На tanjabela му/ѝ се допаѓа ова.