Аннии не знам за во Буњаковец . Една моја другарка купи од Лептокарија во не знам која продавница за 1800 , црни високи .. ми рече имало и многу избор , а многу се убави . Друга другарка си зема од Шутка за 1500 а истите во гтц ги видела за 4000 . Муабетот ми е да не трошиш многу пари на чизми зошто ств може за до околу 2000 да најдеш убави чизми . Инаку сакав да кажам дека тие што ги постирав ми стигнаа и сами ми идат
Јас да кажам може на прв изглед исти се чизмите од Шутка и од ГТЦ, не викам не. Ама видете ги моите после само 2 недели носење..... исти се како тие од ГТЦ после 2 години. Така да кај и да е мора наскоро да си купувам нови, КВАЛИТЕТНИ! Кои ќе издржат на дожд и снег, овие нема шанси не ги бидува.
angelce se sekavas li od koja strana gi simna cizmive me interesira za kafeavite na sniranje mi se cini 5 ti oddozgora bea
Дали знаете како се одржуваат планика чизмите? Дали крем, спреј, боја, некоја комбинација или нешто друго.
А кога од прилика се попустите во бата ? Денес баш влегов таму и се заљубив во едни ама 5000 мислам беа
Јас редовно си посетувам една продавничка за чевли во Буњаковец, Биси мислам дека се викаше. Во близина на Краш се наоѓа. Имам купено неколку пара чизми и патики од таму и сум презадоволна од квалитетот. Лани си купив високи црни чизми, некаде до колена се, внатре се обложени со крзно, рамни се и имаат стварно цврст, дебел ѓон. Имаат нитни и едно ремче. Ги платив 2200 и ги изнаносев минатата сезона, па сега го чекаат првиот снег. Имаат избор во таа продавница, јас сум задоволна и од претходните пара чизми што ги имам купувано од кај нив. Оваа сезона немам поминато таму, ама верувам дека имаат донесено нови квалитетни модели.
Девојки кога купувате чизми а сакате да не ви пропуштаат задолжително во продавницата прашајте кои се водоотпорни. Значи кои имаат декларација дека се водоотпорни а не кои продавачката ќе ви каже дека не би требало да пропуштаат вода. Нема врска дали ќе влезете во Адамс шус, Пеко, Бата и сл. Сите тие имаат квалитетни обувки ама мал е изборот на оние што се водоотпорни. Во Адамс шус конкретно мајка ми бараше на штикла (секако водоотпорни) а продавачкава и вика: па не, нема да ти пропушти, на ШТИКЛА се , а мене ми се свиѓаа тие слични на овие на сликава (не можев од нив да најдам слика) и ја прашувам водоотпорни се? Да, да. Идам утредента со мајка ми да си ги купам и додека ги пробував мајка ми и вика имаат декларација се тоа, мислам сигурно не пропуштаат вода, така? А па не знам, не би требало, немој ти по снег да газиш на пример... Важи кога ќе има снег ќе ги соблечам и боса ќе газам. Во секоја друга продавница кога ќе прашаш кои се воотпорни ти ги посочува тие што се гарантирано водоотпорни, а на овие не знам што им е. Инаку јас си купив едни водоотпорни за снегови, дождови и ладно време и ич не ги жалам парите, едвај чекам снег а за на суво време и кога не е многу ладно си имам повеќе чизми од Аванти и сл. такви продавници кои се носат чисто ради изглед нема шанси тие да не пропуштат вода, доволно ми е што ми се смрзнати нозете во нив. Ги имам купено од 1200 до 1800 ден. и тераат за парите ама како што кажав на суво време. И сум сигурна дека под 5000ден. нема шанси да се најде водоотпорни чизми. Освен гумените
Да ве прашам, која продавница кај нас стандард држи квалитетни чизми, да се знае дека нема утка? Со исклучок на Timberland, немам толку пари
duso biana najdobri se kozni se i ispod 3500 4000 nema jas zemav pred mesec dena kozni na stkla so krzno od city shoes bitola dostavuvaat do sk.inaku vo skopje imas vo centar na rekord prodavnici na biana veruvaj ke gi platis ama ke gi iznanosis site tie po 1500 2000 se eko koza gola voda se odlepuvaat propustaat voda za nisto ne gi biva ke vidis ke bidis prezadovolna ti garantiram... ))
Зависно колкав ти е буџетот. Имаше во ALDO накај 5-6000, убави квалитетни чизми. Ги гледаш и си викаш е тоа е чизма. Јас имам од Office shoes два пара зимски чизми, од оние за на снег и се покажаа квалитетни. Ниту капка вода не ми влегла.
A од ДОКА дали некоја имала чизми,викаат еко кожа се не кожа ама некако од внатре обложени со крзно и квалитетно ми делуваат,ама дека нема да пропуштаат вода не ми се верува,ај ако има некој искуство нека сподели и општо кожна чизма добра која нема да пропушта вода кај да барам за цена некоја попристојна до кај 5000
Знам дека после 2 години од кога е напишано одговарам, ама за некој ако бара, исти вакви 300 ден. гумени има во Трафик во Лептокарија.Другарка ми си купи, не пропуштаат вода, ама да ти смрзнат нозете во нив, никогаш не би купила, иначе јас си купив исто од Лептокарија, нова е продавницата , ич не беа скапи, 1.550 ги купив, не пропуштија ни на дожд, ни на снег, ни на шљакутарник (растопен снег) . Некој си гумиран материјал е,црни, и доле се како на угг чизмине , рамни, ама гума е тоа, не е она како сунѓер.Шиени и лепени се, минатата година од една продавница во Бисер купив, 2.800 беа, еден месец едвај издржаа, жива вода ми беа нозеве. Така да, се гледа дека не е се до парите
Трафик е (нели во Лептокарија има како три реда - баш во внатрешноста, како да кажам, од напред кај Партизанска и кај Орка порано кај што беше, тоа е веќе позади ) Трафик е во средината , а таму каде што јас ги купив, ова за Мини, е кај Партизнаска, односно од напред , до Т-мобајл, Вип, што и да е тоа ... Ќе одам можеби вечер , па ќе пишам и поточно ќе ви кажам, вака нема шанси убаво да сте ме разбрале, иначе моите се буквално како УГГ, само гумиран материјал, од страна има нешто како крзно вештачко една линија, и горе некое си како кругче од крзно , па нешто железно како триаголниче таму, можат до под колена да се носат и подвиткани и доле тоа не е такво како сунѓер туку гумено, ако успеам подоцна да ги сликнам ( не ми е тука апаратот) ке ги постирам, па ќе ги видите. Вечер ќе ви кажам каде поточно е продавницата ..
Извинете за пост под пост, ама видов, значи продавницата е измеѓу Blizoo и аптеката, ама името не го запамтив, чизмите се на излог, тие како моите, а има 100 други модели... Вака ништо неможам убаво да опишам, тоа треба да се види
Ајде да ја активираме и оваа тема, зашто доаѓа сезоната за чизми! Моментално на лагер имам едни ниски чевли, незнам како да ги наречам, не се чизми од Tally, одлични се за парите што ги дадов, ги начекав летоска на попуст, ги носев и на суво време и на дожд, не пропуштаат вода, е сега за во зима не се. Барам кожни чизми до под колена, најдов убави модели од Geox, Bata и Ziawia, само многу скапи ми изгледаат некако, а според коментарите што ви ги читам, не вредат толку за тие пари. Се мислам дали да одам кај кожар/чевлар па да ми изработи чизми според модел јас каков што сакам, и за кои ќе сум сигурна дека се од кожа и нема да пропуштаат вода, или пак да играм сигурно и да дадам 200$ за чизми кои можеби и не вредат толку? Еве слики од моделите кои ги гледав, можеби имате некое искуство кое сакате да го споделите со мене околу истите или некои слични, можеби сте гледале вакви чизми за пониски цени и сл. Секое мислење ми е добредојдено Фала многу!
хелппппп си купив лани црни кожни чизми од пеко и им се изнаносив, уште се како нови ама тоа од внатрешната страна материјалот почна да се лупи и пуштаат црна боја лом ми ги прават чорапите и фармерките некоја идеа или нешто да ги однесам некаде??