1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Cовет за чизми

Дискусија во 'Мода и стил' започната од brineta, 2 декември 2009.

  1. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Me интересира какви се чизмите на Страдивариус?

    прашувам за 100% leather
     
  2. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    значи незнам што ке правам јас со мојава ногаааааа.бев денсе да гледам чизми и замислете толку дебело ноџе(ноџиште) имам што у бр 40 не ми го собираа..се изнервирав :x и сеа прашање имам кај да најдам чизми со поголем калап до 3000 ден?? :worried: (инаќе имам дебело стапало :lol: )
     
  3. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Луѓенца ај малку помош и мене ми треба.. Мајка ме обавести дека ќе ме честела чизми утре, јас сум заљубена во едни зимски во Пеко (не сум информирана ич за тоа дали се Алпина или Планика, никогаш не сум купувала такво нешто, битно видов лани таму едни и беа или Алпина или Планика). Ме интересира која му е цената моментално дали имате информација? Оти освен едни од Биана шо ги купив на дебела штикла пред 5 години и ги убив од носење (и уште ќе ги носам) друга асолна чизма немам погодено. Сега сакам спортски како тие шо кажав по горе, само ме интересира цената.. и случајно да не има некој попуст (ма да не верувам ова време, али ај да си прашам) :) И дали некој има во Скопје во Алпина видено последниве недели која им е цената на чизмите(тие планинарските де). :)
     
  4. ivona29

    ivona29 Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    30
    а чизми до 4 000 квалитетни ама сакам на повисока дебела стикла до колена..има негде?
    значи ваква штикла ама да се до колена :) 5161331040_2_3_3.jpg
     
    На fighter и ivaaa.iva им се допаѓа ова.
  5. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Јас како и секоја зима така и оваа си имам проблем со чизми.
    Или ќе најдам некои со соодветна цена и убав модел ама по 3 месеци ќе ми се уништат, или пак нема да најдам никакви.
    Искрено за чизми од Страдвариус, Зара, P&B, и ним сличните, не би дала по 5000 затоа што квалитетот им е никаков. Лани се зезнав си купив од Бершка чизми за 4900 и при крај на зимата, тоа што е подигнатото кај петата, не можам да кажам штикла ама еве за што зборувам [​IMG]
    ми пукна, ако имате некој совет како може да се среди? Значи целото тоа внатре да било шупливо, и при газење напукна од внатрешната страна и сега кога газам на нив буквално се криви навнатре целата чизма. Има ли начин да се среди? Вака не се нешто уништени, ама ужасно грдо изгледа, и не сакам така да ги носам.

    Инаку Биана можеби се квалитетни ама моделите им се ужас, барем за мој вкус. До сега не сум сретнала ниеден модел баш онака по мерак да ми е. Можеби се добри моделите ама како за мајка ми на пример, за повозрасни жени.

    Сакам класичен модел,кој и да го платам ама да знам дека ќе можам да го носам неколку сезони по ред, без да излезе од мода. Го поминав и пеко, ништо посебно.
    Единствено видов едни убави во Горица трејд, ама ниски до глужд, и така на баргала ми се допанаа моделите ( оние на нет што ги видов ).

    Баргала можат ли некаде во Скопје да се најдат? Или било која друга вака подобра марка, со класични модели,до кај 3 500 највеќе 4000?
     
  6. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Прво,за овие што сакаш да ги средиш.Бидејќи викаш не се многу уништени ако ги однесеш кај добaр чевлар сигурно ќе ти го среди тоа.Добар чевлар имаш во Рамстор доле,на приземје,паркингот каде што е.
    А и во чаршија исто.
    А за убави и добри чизми хм, во право си многу тешко се погодува денес и квалитет и убави да се на изглед и да се удобни.
    Но јас би ти препорачала да ги разгледаш оние на Алдо или Бата.Од искуство ти кажувам имаат квалитет а и убави модерни чизми.И долги и кратки и сл.
    И Алпина исто така,само што сега немаат многу избор.Порано кога имаа повеќе, негде пред 3 год.јас земав едни долги рамни,природна кожа за 4900.И буквално ги изнаносив.Уште ги имам дома,но навистина ми здосадија веќе и така ми седат само :D
     
    На jelly888 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  7. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    На Баргала мислам имаш во Свон Шус, имаат продавница позади Собрание и во Бисер на приземје. Претежно се високи, а оние до глужд мислам се од 3200-3500.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    161
    Као сте задоволни со чевли од Котон? Да споделите искуство некоја?
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    На кондураџија и веројатно ќе мора да ти го смени цел ѓон. Јас менував пред 2 години ѓон кај еден кој ми го фалеа, во градски ѕид, блокот позади Градска болница, значи на паркингот как Рагуза.
    Ѓонот е сеуште супер, не пропушта вода, но го платив поскапо, околу 900 ден.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivona29

    ivona29 Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    30
    чизми до колена на дебела стикла квалитетни до 3000 можат негде да се најдат? :)
     
  11. beatriz

    beatriz Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    леле и јас барам и единствени убави што видов беа во Viktor Chevignon ама по 10 000 денари беа :/ што најверојатно вреди да се вложи ама пак за наши стандарди е премногу!!!
    ако види некој нека пише :)
     
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    Јас со години си купувам чизми на БА-МА. Штипска фирма е и мислам дека чевлите/чизмите ги има насекаде. Цените се многу пристојни од 1700/1800 до кај 2000/2500 денари. Немам никаква замерка. Имам од нив чизми што ми се уште од средно, ни конче не им фали. И на снег, на дожд сум ги носела никаков проблем не сум имала. Освен цената, и моделите ми се далеку помодерни од останатите македонски производители на женски обувки.
     
    На ivona29 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ivona29

    ivona29 Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    30
    ее таму секогаш се наоѓаат убави и скапи затоа не ни влагам, скапи можат да се најдат низ градов ама тоа коа ќе заработувам некоја добра плата би си купувала :P а сеа до 3,4000 :)
     
    На beatriz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ivona29

    ivona29 Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    30
    а оваа продавница само во штип ја има? пошто ефтини ценички имаат, би погледнала :)
     
  15. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    На Орце Николов во близина на бензиската има дуќан со кондури и чизми на Баргала. Чизмите се по 2900.
     
    На ivona29 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    да има ли продавница во скопје?
     
  17. girlx3

    girlx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    142
    https://www.facebook.com/BianaShoes...3626493014450/819720121405080/?type=1&theater да не случајно некој видел цена на чизмичкиве низ дуќаниве?
    штосни ми се и ќе ми вршат ептен работа додека не падне снег..
    Иначе јас секоја година имам проблем со чизми,неможам да си најдам асални,а со оглед на тоа што ми требаат некој убави чизми што нема да пропуштаат вода,и ке топлат,а воедно ке бидат малце помодерни не од оние за по планини неверувам и дека ке најдам.Искрено имам едни такви и ги носам обично на зимување,си ги платив дебело пред 2години ама уште се како првиот ден.
    Лани гледав во бисер едни исто на биана беа и не беа лоши ама луѓе 5500 за чизми не ми се даваат бе,а знам дека ке ги искинам за брзо,зашто поради повреда имам проблем со едната нога и сите кондури си ги расипувам.А искрено и не вредеа за толку,не беа ништо посебно ама во споредба со другите што ги видов..
    Никаде до сега не сум видела асална чизма,па и поскапа да е ама да биде како што треба,а не сега како ги прават..да си среќен и двапати ако ги облечеш.
     
  18. GlitterInTheAir

    GlitterInTheAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Незнам конкретно за овие чизми, но во Биана шуз, покуси чизмички, како тие, се одприлика 3500, додека оние повисоките (до колена) се околу 4900. Поздрав
     
  19. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Ги имаш доле во трговски во Дора продавницата. Мислам дека беа 4000 ако не и повеќе
     
  20. Feminina

    Feminina Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    И мене многу ми се допаѓаат и истите ги гледав на неколку места. Прво ги видов во Бутел во еден дуќан беа 3800ден, истите во Беверли беа 4100ден. а во Атокоманда 4300 ми се чини, веќе заборавив. Во ГТЦ не сум ѕирнала. Сепак се одлучив за други...