значи незнам што ке правам јас со мојава ногаааааа.бев денсе да гледам чизми и замислете толку дебело ноџе(ноџиште) имам што у бр 40 не ми го собираа..се изнервирав и сеа прашање имам кај да најдам чизми со поголем калап до 3000 ден?? (инаќе имам дебело стапало )
Луѓенца ај малку помош и мене ми треба.. Мајка ме обавести дека ќе ме честела чизми утре, јас сум заљубена во едни зимски во Пеко (не сум информирана ич за тоа дали се Алпина или Планика, никогаш не сум купувала такво нешто, битно видов лани таму едни и беа или Алпина или Планика). Ме интересира која му е цената моментално дали имате информација? Оти освен едни од Биана шо ги купив на дебела штикла пред 5 години и ги убив од носење (и уште ќе ги носам) друга асолна чизма немам погодено. Сега сакам спортски како тие шо кажав по горе, само ме интересира цената.. и случајно да не има некој попуст (ма да не верувам ова време, али ај да си прашам) И дали некој има во Скопје во Алпина видено последниве недели која им е цената на чизмите(тие планинарските де).
а чизми до 4 000 квалитетни ама сакам на повисока дебела стикла до колена..има негде? значи ваква штикла ама да се до колена
Јас како и секоја зима така и оваа си имам проблем со чизми. Или ќе најдам некои со соодветна цена и убав модел ама по 3 месеци ќе ми се уништат, или пак нема да најдам никакви. Искрено за чизми од Страдвариус, Зара, P&B, и ним сличните, не би дала по 5000 затоа што квалитетот им е никаков. Лани се зезнав си купив од Бершка чизми за 4900 и при крај на зимата, тоа што е подигнатото кај петата, не можам да кажам штикла ама еве за што зборувам ми пукна, ако имате некој совет како може да се среди? Значи целото тоа внатре да било шупливо, и при газење напукна од внатрешната страна и сега кога газам на нив буквално се криви навнатре целата чизма. Има ли начин да се среди? Вака не се нешто уништени, ама ужасно грдо изгледа, и не сакам така да ги носам. Инаку Биана можеби се квалитетни ама моделите им се ужас, барем за мој вкус. До сега не сум сретнала ниеден модел баш онака по мерак да ми е. Можеби се добри моделите ама како за мајка ми на пример, за повозрасни жени. Сакам класичен модел,кој и да го платам ама да знам дека ќе можам да го носам неколку сезони по ред, без да излезе од мода. Го поминав и пеко, ништо посебно. Единствено видов едни убави во Горица трејд, ама ниски до глужд, и така на баргала ми се допанаа моделите ( оние на нет што ги видов ). Баргала можат ли некаде во Скопје да се најдат? Или било која друга вака подобра марка, со класични модели,до кај 3 500 највеќе 4000?
Прво,за овие што сакаш да ги средиш.Бидејќи викаш не се многу уништени ако ги однесеш кај добaр чевлар сигурно ќе ти го среди тоа.Добар чевлар имаш во Рамстор доле,на приземје,паркингот каде што е. А и во чаршија исто. А за убави и добри чизми хм, во право си многу тешко се погодува денес и квалитет и убави да се на изглед и да се удобни. Но јас би ти препорачала да ги разгледаш оние на Алдо или Бата.Од искуство ти кажувам имаат квалитет а и убави модерни чизми.И долги и кратки и сл. И Алпина исто така,само што сега немаат многу избор.Порано кога имаа повеќе, негде пред 3 год.јас земав едни долги рамни,природна кожа за 4900.И буквално ги изнаносив.Уште ги имам дома,но навистина ми здосадија веќе и така ми седат само
На Баргала мислам имаш во Свон Шус, имаат продавница позади Собрание и во Бисер на приземје. Претежно се високи, а оние до глужд мислам се од 3200-3500.
На кондураџија и веројатно ќе мора да ти го смени цел ѓон. Јас менував пред 2 години ѓон кај еден кој ми го фалеа, во градски ѕид, блокот позади Градска болница, значи на паркингот как Рагуза. Ѓонот е сеуште супер, не пропушта вода, но го платив поскапо, околу 900 ден.
леле и јас барам и единствени убави што видов беа во Viktor Chevignon ама по 10 000 денари беа :/ што најверојатно вреди да се вложи ама пак за наши стандарди е премногу!!! ако види некој нека пише
Јас со години си купувам чизми на БА-МА. Штипска фирма е и мислам дека чевлите/чизмите ги има насекаде. Цените се многу пристојни од 1700/1800 до кај 2000/2500 денари. Немам никаква замерка. Имам од нив чизми што ми се уште од средно, ни конче не им фали. И на снег, на дожд сум ги носела никаков проблем не сум имала. Освен цената, и моделите ми се далеку помодерни од останатите македонски производители на женски обувки.
ее таму секогаш се наоѓаат убави и скапи затоа не ни влагам, скапи можат да се најдат низ градов ама тоа коа ќе заработувам некоја добра плата би си купувала а сеа до 3,4000
На Орце Николов во близина на бензиската има дуќан со кондури и чизми на Баргала. Чизмите се по 2900.
https://www.facebook.com/BianaShoes...3626493014450/819720121405080/?type=1&theater да не случајно некој видел цена на чизмичкиве низ дуќаниве? штосни ми се и ќе ми вршат ептен работа додека не падне снег.. Иначе јас секоја година имам проблем со чизми,неможам да си најдам асални,а со оглед на тоа што ми требаат некој убави чизми што нема да пропуштаат вода,и ке топлат,а воедно ке бидат малце помодерни не од оние за по планини неверувам и дека ке најдам.Искрено имам едни такви и ги носам обично на зимување,си ги платив дебело пред 2години ама уште се како првиот ден. Лани гледав во бисер едни исто на биана беа и не беа лоши ама луѓе 5500 за чизми не ми се даваат бе,а знам дека ке ги искинам за брзо,зашто поради повреда имам проблем со едната нога и сите кондури си ги расипувам.А искрено и не вредеа за толку,не беа ништо посебно ама во споредба со другите што ги видов.. Никаде до сега не сум видела асална чизма,па и поскапа да е ама да биде како што треба,а не сега како ги прават..да си среќен и двапати ако ги облечеш.
Незнам конкретно за овие чизми, но во Биана шуз, покуси чизмички, како тие, се одприлика 3500, додека оние повисоките (до колена) се околу 4900. Поздрав
И мене многу ми се допаѓаат и истите ги гледав на неколку места. Прво ги видов во Бутел во еден дуќан беа 3800ден, истите во Беверли беа 4100ден. а во Атокоманда 4300 ми се чини, веќе заборавив. Во ГТЦ не сум ѕирнала. Сепак се одлучив за други...