Ќе бев фраер и заводник, ќе пробам да скршам по некое срце, да видам какво е чувството....ќе се пијанчам со другарите,ќе се облакам без да се размислувам многу и после ќе си фатев добра женска за озбилно
Баш би сакала да бидам на еден ден од „другата страна“ да разберам како точно се чувствуваат и што мислат за нас во следниве ситуации: Кога сме во ПМС. Кога се лигавиме за глупости. Кога се лутиме зошто кога не погледнал погледот му бил некако отсутен, и тоа сигурно значи дека нешто крие од нас, можеби нешто што направил, или помислил да направи, ама 100% е такво нешто зошто женската интуиција не лаже - а него само му пролетала некоја рандом мисла што нема никаква врска со муабетов. Кога си правиме филмови за се и сешто, и се разбира тој е крив, или и да не е тој е тој што треба да ги оправи работите. Кога сме разочарани што не ни прочитал во погледот дека кажал нешто што не треба, што не погодило. Па како може да не забележи, треба ли да му нацртаме! И плус никако да му текне да се извини! И уште милион други ситуации. Може и не ги опишав баш како што треба зошто и не ми се својствено (освен ова со ПМС-от, и да ви кажам не му е лесно ). Глава ме фати пишувајќи, а којзнае нив како им е да го доживеат. Чудни суштества се ова жениве. Комплицирани до бесвест. Е тоа сакам да знам, како се доживуваат овие работи од другата страна
Ќе бев главен фраер во градов. Ќе играв фудбал и ќе се фалев со то. Ќе бркав многу женски. Ќе пиев во умерени количини. Ќе се дотервев со по некое кошулче и скап парфем. Ќе изгледав како идиот а сепак женските да ме сакаат. Неколку од нив да трчаат по мене ама да не можат да ме фатат. Ќе фрлав по некој заводлив поглед на женските. Со сите во градов ќе си го имав муабетот. Ахх да бев машко...
Ќе бев најголем заводник, што би се рекло, шизик у градов. Знам да откопчувам прслуци со еден потег и со една рака, знам точно што и е потребно на девојката да чуе и знам точно што и е потребно на девојка за добар оргазам. Епа со овие знаења да станев машко дефинитивно ќе бев шизик. И ќе се лапав у Манда. Два пути!
еј да сам мушко само један дан,а да знам све што жена зна.лутала би све до зоре ране,због мене би радиле кафане,зене би ми долазиле саме да сам мушко била би без мане.
Па исто некои работи наведени погоре за сексот,за мочањето,за играњето спортска,учество во машки муабети и оговаранции.. И ќе видев што е тоа толку комплицирано за жените што мажите не го разбираат. И да,ќе се потрудев да ги почитувам и сакам девојките,но оние кои заслужуваат ,а меракликите ќе ги шамарав по дискотеки
значи врска немате како размислуваме !!!! А најверојатно после 2 дена 90% од вас би плачеле да се вратат назад да се женски
хммм ... мн пати имам размислувано на ова тема.. Aко бев машко ке си најдев некое убо и паметно девојче и ке знаев да го ценам другоооо...па шознам...сигурно ке си имав посебен стил на облеквање ..и ке си се праев фраерче
...најверојатно ќе бев тивок поет кој сите го сметаат за чуден и педер ќе бев... да... дефинитивно...
Најпрво би си ја избричил(а) главава, да се ослободам од косиштево што претерано ме нервира . После би се истетовирал(а) на целово тело. Немаше да се замарам многу како изгледам ниту каква шминка ќе ставам. Ќе бев во некој рок бенд и ќе собирав женски со мотор . Абe и сега можам да бидам ама уште алат да имав .
Да бев машко би бил најголем фраер,сите женски би трчале по мене,ќе се облекувам убаво ќе си имам свој стил,ќе се забавувам,ќе си менувам женски и некаде кај 20 год. ќе си фатам женска за озбилно некоја убава и паметна А и ќе видам како размислуваат машките,и што си мислат за нас женските и колку се искрени со нас
Оооо замисли колку убаво би било тоа.... да одмориш онака поштено на некое време! Баталиш тоа шминки, преси, прслуци, влошки, чанти, штикли.... стани сабајле и бапни вода на глава (или гел, пиво... што ќе ти дојде прво) и терај на кафе И бај д веј би сакала да видам како е да мочам станата замисли бе, ја гледаш шољана од друга перспектива Сепак не би сакала да сум машко... женскиот живот е поинтересен, нели?!
Сепак не би сакала да сум машко... женскиот живот е поинтересен, нели?! да бе многу поинтересен,ќе се расчепуеш од раѓање.
Тоа е избор. Ако не сакаш не мораш да раѓаш! И си летаме вака со умот, ќе праам ова ќе праам она... а што да си некој ружен или сиромашен или еве не толку "популарен" да речеме???? не е ни машкиот свет совршен... Сепак си стојам на тоа дека е подобро да си женско. Women rule the world!!