Би седела на кафе со мангупите (во наводници, нормално) во нашиот ни град само за да видам како не перцепираат и што се се збори за нас... да осетам машки трач...и секако кондомот на мене и растурам
ех... да бев јас машко... до некаде 20тата година ке бев удри бригу на весеље после тоа ке станев посериозен, и фокусирана на бизнис(за подобра иднина секако) ке разговарав со женски( да видам како размислуваат тие) и по некое советче од нив и немаше да правам како што прават другите машки фати пушти со девојките, денес една утре друга туку ке си се фокусирав на една па да почуствува љубов,изненадување, романтика, и ке давав се од себе врската да успее (блазеси и на таа со која што ке бев) секако доага во предвид спорт(билдање, малку аикидо, или карате-чисто исфрлање на негативната енергија) а и во здраво тело здрав дух секогаш дотеран, намирисан, среден(секако издепилиран и негуван )
немаше да имам менстроација,немаше да имам проблеми со депилирање,немаше да готвам,да мијам садови,да се шминкам,немаше толку многу да рзмислувам се ќе беше полесно ама штета пусто женско за маки родено ете тоа е
______________________________________________________________________________________________ Балканска работа!!! Се да е само маско да е...работава. Кога станува збор за нас жените и ние си имаме предности кои што на мажите им фалат, но секако можеби понатака ќе се обидам да ги објаснам на покултурен начин за да не добијам бан усте од втор ден.
Ќе се дружев со машките и конечно ќе знаев што мислат. Ама искрено повеќе би сакала да бидам женско и ги сакам сите товари што одат со тоа. Ама едно е сигурно: би била еден од најчистите машки на светот.
Мерушка се согласувам со тебе. А инаку да бев јас машко, веднаш ќе си се запишев на бокс, така полесно би ми било. Секој ден ќе бидам начукан, ќе се кршам секој ден со други машки , ќе се дружам со други момци да видам како размислуваат за нас женските и како тие ја доживуваат љубовта. Со девојките ќе бидам секогаш учтив и пријатен, културен, онака скоцкан сите да ме сакаат. И така, како машко би си ги истерала сите мераци што може.
Не сакам да сум машко, супер ми е што сум жена. Инаку само за еден ден, па што знам да видам како изгледа кога одиш нешто да ти виси меѓу нозе и стоејќи да мочаш
незнам што би правела да сум цел живот машко, ама дефинитивно сакам барем еден ден да сум машко да си чачнам да видам што има во тоа мозочето
Да бев машко немаше по еден ден во месецот да ми е вака ужасен,со стомачни тегоби,со нервози,неспиење....Ама за среќа тоа е само еден ден-два во месецот,а останатото време среќна сум што не сум машко затоа што најубавите работи-штиклите и фустаните се направени за тие што ја имаат таа чест да бидат жени .