Јас се решив, до крајот на неделава го бришам..неможам више,глупост жива губитак на време е.. Едино што се се дознава преку него, родендени,ствари едно друго... не дека за контакт го имам,ако е за тоа, имам и меил и телефон.. фејсбук е за само да се фалиш колку си убав и да покажуваш шмизлерски слики... одвратна ствар..
...Ех,да беше животот фејсбук...Сите ке беа преокупирани со пребуричкување во туѓи животи (профили),некои ке разработеа бизниси со фарми,ресторани...многумина ке се замараат со тоа на колкумина им се допаѓа тоа што претходната вечер биле излезени во фенси клуб и башка имале и сепаре само за нив,некои ке си се коцкаа и немаше да им чуе колку кеш ке изгубат на покер,сите ке имаме еден куп пријатели ако со 80% од нив ке се знаеме,оти се пријатели на братучетката на комшијата на другарка ти,ама битно ни се пријатели,и на сите нив ке мора да им објаснуваме детали од секојдневието ,каков ручек сте имале,кај кого ке идете на кафе муабет,кого го чекате на гости....сингл,во врска ,разведен..сите ке знаеа се....а од каде мене се ова ми е толку познато?....ова е реалниот живот,она секојдневие што го живееме сите во оваа државичка со нашиот ни менталитет.Ништо чудно ако Марк Зукерберг се инспирирал од нас
Да беше животот фејсбук , ке бевме пребогати , ке имавме фарми,рибници , острови насекаде , ресторани,а миленичиња дома еден куп , модни шоуа , и слични ствари . Ке имавме 5644455145 пријатели ке се знаевме со пола .
Да беше животот фејсбук барем некои ќе имаа вистински живот, а сега им се состои од секојднево ставање на слики и менување профајл фото, и полуразголени слики за 2139088157 лајкови и коментари од типот "wewe srwcke kolku te 6akam , pweubava si mi, lajk, prekrasti4na "
Да беше животот Фејсбук, ќе имав гости кај мене нон стоп. А немаше да знам дека биле, кога биле, со кого биле, и колку долго се задржале. Се ќе проверат, се ќе превртат а сепак се ќе остават онака како што било и претходно. Евентуално би ми оставиле ливче некое „Топ си на сликава! Кога си била во град а не си ме викнала?? Кој ти е овој? Одлично изгледа јадењето!“ И слично. Да беше животот фејсбук цело време некој ќе ми шкрташе по ѕидови. Станот ќе ми заличеше на Бруклин во времето кога Баскиат сеуште цртал графити. Пица не, бурек да! Итн. Да беше животот фејсбук, немаше уста да отворам. Ќе се договарав со помош на прсти и куцкање со сите мои пријатели. Устата ќе ми беше резервирана за напрчени патка пози. Да беше животот фејсбук, ќе изгледаше многу комично и суреално. Миро и Дали ќе беа изненадени. Среќа што животот не е фејсбук. Среќа што поединци го користат заради комуникација а не заради создавање на некаква субјективна реална претстава за животите на оние кои се во центарот на нивните интереси. Среќа што сум една од нив (сеуште и се надевам и понатаму) и претпочитам да дознаам нешто повеќе за луѓето преку муабет а не преку душкање и претресување на нечии профили.
Ќе си се боцкавме со кој стигнеме. Повеќето од нас ќе си имаа фарми. Ќе имавме 48273908 браќа/сестри/мајки/татковци... =)
... Едноставно, животот ќе беше тапа! Мислам, исто ко да немаме живот. Нема што друго да се каже. Тоа ќе биде, во кратки црти.
Да беше животот фб јас ќе бев како нес кафе 3 во 1 ( и коцкар, и фармер и сопственик на прекрасен град) Ќе си бев милионер Аххх зошто животот е кучка а не ФБ бе