bi se vrajkala vo zivot samo po 2-3 pati nedelno i bi toa vreme bi bilo pominato vo dosada nenormalno golema
Богами ко шо наведоа некои, ќе ѓи украдам. Ќе бев и фармер, и коцкар, сопстевник на град, острови, абе милионерка. За еден ден ќе имав 486685 иљади, а после една минута сите ќе ги изгубев. Ќе имав еден куп сестри, браќа. Ќе станев нема, само со рацете ќе мрдав и очите, и коа ќе бидам баба, ќе ми се тресат рацете. У живо некои ќе си викаат: WaUUUUw srckaaaa, supew si, te 6akam onaka TheMost. -.-'. Ќе се боцкавме и коа ќе ни дојде циклусот. Ќе си се лајкнуваме, ќе си се делитнуваме, блокираме..Ќе ја избришев историјата од нашиот разговор, веднаш спремна да додадам некој друг за пријател.. Ако почне да се наплаќа фб, ќе го плаќаме и воздухот. Ќе имав безброј мачки и кучиња без разлика дали ијам алергија на нив. Ју-туб ќе ми пееше секој ден, ќе зборевме со кратенки, т.е и сеа збориме: др, сл, боље, секад, некад, више, јбг, бтв, офц, тс, илу, втф, омг, лол, идк.. Да беше животот фб до сега незнам колку пати ќе си се избришев. Некој ќе ти ѓи украде сликите, ќе ти го хакне, животот. Ќе ги памтев на сите родендените. И уше миљарда работи.
Ќе беше доста чудно. Ќе умирав и пак ќе си се раѓав цело време затоа што не е реткост да го бришам профилот. Ќе имав 200-300 пријатели што е смешно. Светот ќе изобилуваше со јебачишта, опасни фраери и манекенки. Односно и сега е така, ама тогаш дупло. Да беше животот фејсбук јас лично ќе се убиев.
хахах браво браво и јас ќе го направев истото, штета што во вистинскиот живот не можебе да блокираме некои личности да не ги гледаме нивните фаци....ама тоа е ќе преживееме некако
Ќе бев фејсбук! Ма се ќе знаев се! За сите вас и нас! Ма тапа е идејава ако животов беше фејбук. У суштина повеќето го водат. Тетки наоѓаат партнери. Други оставаат пораки дека ќе се самоубијат и го прават тоа. Педофили си ги задоволуваат потребите, гледајќи млади цурици со допичњаци, и гради стиснати со рацете да изгледаат уште поголеми. Други си крадат информации од дебилчиња кои остваат матични броеви, и прават лажни документи на нивно име. Прават анти групи и подршки за убијци. Ма многу би бил интересен животов ако е фејсбук. Ќе се давиме во сопствените тињи!
поради вакви работи и не би требало да биде. Мислам навистина се нема контрола врз ф.б. и лошо делува баш подади тоа прочитајте ја и приказнава извадено од мотика Вистинска урбана приказна: 16 годишен дечко на кладба ја убил својата девојка Каде оди светот? Еден 16 годишен тинејџер ја напишал на ѕидот на својот Фејсбук профил идејата да ја убие својата бивша девојка. Во коментарите другарите му предложиле да се обложат дека нема храброст да го стори тоа. Се обложиле на еден ручек. Џошуа (16) и Ребека (15) се запознале во август 2009 година. После неколку месеци во врска нивните односи се заладиле и тие раскинале. Во октомври наредната година, малолетниот Џошуа ја поканил 15 годишната девојка Ребека на состанок во природа. "Таа беше пресреќна. Стана уште во 6 часот наутро за да се шминка и да одбере облека за состанокот. Кога излегуваше изгледаше среќно вљубена. Мене не ми се веруваше дека оди на состанок со Џошуа, па ја препрашав два пати." – изјави мајката на Ребека. Кога Џошуа и Ребека останале сами, тој грабнал голем камен и неколку пати силно ја удрил по главата. После тоа ја оставил раскрвавената девојка да лежи на шумските лисја, со лицето свртено кон земјата. Убиецот довел еден другар на местото на убиството за да докаже дека навистина го сторил тоа. Потоа Џошуа се вратил дома и на Фејсбук внимателно ги отстранил сите траги поврзани со убиството и напишал дека цело утро бил дома. Кога веста за смртта на Ребека се расчула, Џошуа на пријателите на Ребека и на нејзината мајка им пратил пораки со сочувство. Неговите другари кои пред да се случи убиството во коментарите барале да дознаат детали, велат дека до последен момент не верувале дека тој е озбилен. Еден од другарите на Џошуа му напишал: "Ова ќе ми бидат најдобро потрошените пари. Ако твоите зборови се вистина, со задоволство ќе честам ручек. Сакам да ги слушнам сите детали. Садистичка насмевка " Приказнава доцни неколку месеци од причина што судскиот спор во кој Џошуа беше прогласен за виновен се заврши сега.
Да беше животот фејсбук ... Ќе можеше со кој сакаш да бидеш во врска , Секој ден некој те боцка , Не те оставаат раат само ќе ти пишуваат , Секој ден нови пријателства стекнуваш , ќе можеш од слаба да стануваш дебела или обратно....итн итн....
1. Би било предосадно 2. Сите ќе бевме смрдливи и со вошки, немајќи каде да се бањаме 3. Сите би биле бесмртни, се додека кралот Марк, некој хакер или самите не се убиеме. Не го сакам тој живот
да беше зивотот ф.б. ке си прозборев со зенските од клас кој ги немам видено со години и мозеби гледачката Марта ке ми казеше нова лага-од време на време и некои други работи
http://www.youtube.com/watch?v=mCUCZCBs ... r_embedded Еве пример како од обичен Поук се доаѓа до брак, деца и све остало...
1 Ке имав 900 пријатели мегу кои и двајца мои бивши дечковци што во живо не сакам да ги видам. 2. Ке имав уште еден брат и уште две сестри (мај бест френдс) 3. Немаше оној мојов само и да ми прака така. Ке дојдеше ко машко ке ми даде едно цвеќе ќе ми каже оти ме сака а не тука на ФБ пред народот јак е а во живо еднаш не му текнало едно срце да ми нацрта да ми покаже дека ме сака 4. Немаше да ја има таа љубомора ’’Кој е овој што ти лајкнувал ?’’ и од моја страна ’’Ауу нова пријателка имаш со разголени гради’’ 5. Ке имав дома албуми со слики еден ден да им ги покажам на внуките да кажам види баба ти шо чудо беше. Од кога излезе ова чудо и слики за матура не си даваме. Кој матурант/апсолвент се слика право сликата на профил си ја става и сакаш слики после. Од ФБ спомени нема. 6. Ке имав милиони од Покерот. И тие 900 мои пријатели ке ми даваа по некое илијадарче не од заем туку така од срце оти нели де пријатели ми се. 7. Ке имав 400 декари земја , спствена винарија, пивара, кокошарник, краварник, свињарник. Која бе Ешерихија Коли знаете ли какви краставици ке произведував.
ееееееее да беше така со убо ама не е....јас ке си бев ептеееееееееммм богата само со милјончиња ке се расправав,од машинките што си ги играм секој ден пак и пак и утре пак..
Несакајќи ќе ме умреше некој на спиење со неговото Poke. Cause of death... hearth attack! Неуморни се фејсбукарите. Светeла, не светела ламбата кај тебе дома, они те poke-аат.
Ќе бевме пуни со модрици, пошто таман да отвориш уста да си направиш муабет со некој - пљас на земја, и така натаму, се додека не станавме сини како убавиот син Дунав. Штраус would be really proud of us. Сад га видиш, сад га не видиш. И после со прстите кои ти останале читави куцаш на Фемина во СДП, абе зашто сите паѓаат? Човек да не може на раат муабет да си напраи?