Секогаш биди тоа што си, и стој си на своето.Зошто ако самите си се лажеме себеси дека сме нешто што всушност не сме, како можеме да очекуваме после другите да не сакаат и ценат, кога првенствено ние не се чувствуваме најдобро.
Само тоа што си. Подобро да те мразат за тоа што навистина си, одколку да те сакаат за тоа што не си.
Секако, само така ќе се истакнеш во опшеството и ќе одиш успешно во животот.. НЕМА НИШТО ПОСИЛНО ОД ТОА ДА БИДЕШ СВОЈ и да имаш СВОЕ ЈАС... никој неможе да те повреди и сл
Баш е супер што има такви личности како тебе..Би било убаво сите да се толку дружољубиви...Меѓѕтоа сите имаме различен карактер..Девојко би ти советувала да си останеш таква каква што си
Нормално дека човек треба да е тоа што е. Никогаш нема вистински да привлечеш нечие внимание ако ти некој друг наместо самиот ти. ПОкрај тоа,сакај се со сите свои карактеристики(позитивни и негативни) ТОА СИ ТИ.
Не го прочитав мислењето под прашањето, ниту било кое мислење на темава. Ќе одговорам чисто на поставеното прашање од насловот. ДА, бидете тоа што сте, бидејќи нема никакво оправдување за да бидете некој друг. Искреноста е според мене најважна. Под никакви околности не оправдувам дволичност, бидејќи како и да го наречете тоа што го прекривате своето вистинско лице, се се сведува на тој грд збор - дволичност. А, и да сте врвни актери, се познава кога глумите. И е одвратно. Би се восхитувала на човек кој е свој и не се плаши да ја покаже својата оригиналност пред другите колку и да е тоа негово лице поразлично од она што ние го прифаќаме како нормално, многу повеќе отколку на човек кој глуми со цел да се вклопи со толпата. Всушност, би го презирала тој човек кој глуми поради х причини, бидејќи е кукавица. „Ќе стојам позади она во што верувам, дури и тоа да значи дека ќе морам да стојам сама.“
Биди она што си. И онака не би успеала да се промениш веднаш. Кога не би била, твојот живот би бил само глума... Тогаш би ја изгубила својата личност и би заборавила која си ти навистина...Дури и да не им се допаѓаш на луѓето, биди она што си...
За да може човек да има пријатели околу себе и да биде сакан, тоаш мора да биде она што е. Кога некој глуми, за некое време паѓаат маските...и тогаш полека сите ги снемува околу него.
Многу мразам кога некој копира некого или ме копиа мене! кога ќе слушнам такво нешто одма во себе велам БИДИ ОНА ШТО СИ НЕ ОНА ШТО ДРУГИТЕ СЕ!
Гледам темата е оддамна заборавена, а моментално имам сличен проблем па би сакала да добијам мислење од вас , повозрасните. Значи по природа сум премногу ведра, темпераментна девојка која постојано е во центар на внимание поради лудите идеи и откачените работи. Во сериозни ситуации знам да бидам и премногу сериозна, но кога седиме во друштво јас сум таа која има храброст да направи некоја луда работа или да се заебава на нејзина сметка . Едноставно немам срам и во одредени моменти сум премногу опуштена. Но дали тоа ме прави неморална личност, затоа што многу често некој знае да каже дека сум откачена а и моите родители постојано ми зборуваат дека моето однесување не било во ред бидејки сум била ДЕВОЈКА, не би си нашла дечко затоа што машките ги одбегнуваат темпераментните девојки? Дали би требало да се променам само за да не ме сметаат за ОТКАЧЕНА ДЕВОЈКА КОЈА ГИ ЗАБАВУВА И ЗАСМЕЈУВА СИТЕ? И да напоменам најмногу ме боли фактот што никој не ми верува дека сум амбициозна и дека многу учам, на прв поглед не изгледало така. А не знам зошто , но кога глумам повлечено девојче се гушам во сопственото тело, едноставно мојот темпаремент мора да излезе на површина. Очекувам мислење и совет ❤