Кога ќе ги игнорираш туѓите мислења, па и на најблиските, се што правиш и те исполнува си единствено ТИ. Туѓи, несвојствени и неприродни улоги на никој не му прилегаат. Партнерството, компатибилноста и љубовта се случуваат во свое време. Оптимизмот и вербата во себе даваат моќ и водат напред, наспроти нечии деструктивни ставови и сугестии. Некој ќе препознае привлечност во тебе.
Можеби сега имаш еден куп прашања зошто и како. Верувај после години ќе се смееш на ова прашање. До тогаш биди тоа што си. Со тек на време ќе сфатиш дека мислењето на другите и не е така битно.
Ви благодарам за поддршката , се надевам дека еден ден ќе се исчисти епидемијата "што ќе каже народот".
Ќе ти одговорам да бидеш тоа што си и тоа што те прави среќна, иако ова звучи клише. Но би ставила едно големо НО мора да бидеш подготвена дека ќе наидеш на фосилни размислувања, затоа што е неизбежно со оглед на тоа дека живееме во општество кое не е подготвено да прифати било каква разлика или отстапување од сликата што ја има изградено за тоа како треба девојка, дечко или одредена личност да изгледа. Иако постојано се меле дека треба да се прифатат разликите, но како и се останато се само празни зборови. Исто би ти кажала дека мора да бидеш спремна дека постојано ќе се наоѓа некој пред тебе (дали родител, дали постар член од блиско, далечно семејство, дали колега, колешка, дали шеф/ица газда/рицаа) кој постојано ќе се труди да ти ги исече „крилјата“, затоа што знаеме како се „припитомува“ слободна птица, но немој да подлегнуваш на такви стеснети и празни умови. Исто и преголемата отвореност во денешно време е острица насочена кон себе, внимавај и со среќа!