#dabidemekreativnipredizvik Неодамна, на Фемина, беше споделена една иницијатива, еден инстаграм предизвик, за поттикнување на креативноста кај дечињата но и кај нивните родители, потесни членови на семејството, воспитувачи и едукатори. Линк од еден од иницијаторите на оваа тема, меѓудругото специјален едукатор, дефектолог, каде ја објавува тековната тема. https://www.instagram.com/p/B9kGplcHUoo/ Станува збор за тематски месечен предизвик, поделен во 3 подтеми. Првата тема, со наслов Мојата Хероина, веќе е успешно завршена и од денес стартува новата тема со наслов Расцутени Дрвца. Оваа тема е актуелна до 20 Март. За идеи и совети, може секако да се обратите кон оние кои ја започнаа оваа иницијатива, https://www.instagram.com/p/B88aOQ0C1mp/ Или да се консултирате со мене и тука заеднички да ги изработуваме истите. Со ваша дозвола изработките ќе може да бидат споделени од страна на оранизаторите, на инстаграм, соодветно на вашите желби, анонимно или не. Ве повикувам сите да се активираме и да започнеме со изработките за првиот предизвик. Употребете ја својата креативност и креирајте дрвца користејќи боици, листови во боја, ножици, лепак, можеби пом пом, салфети, картони, опаковки или нешто друго.
Ова беше нашата прва изработка. Целта беше да се поттикне креативноста и да ги кити дрвцата според бои и според врста на овошки спонтано употребувајќи различни сетови играчки кои веќе ги имаме.
Дани ти го следам редовно предизвикот на Инста многу сте креативни Сликите ви се мелем за очи и душа, а момите бонбони
Мило ми е. Ајде и ние тука да се активираме малку, ве чекам со изработки. Мислам 10 дена е сосема ок време за една тема, секако добредојдени се и повеќе изработки доколку времето тоа ви го дозволува.
И јас те следам од пред некое време и мислам дека целата идеа е одлична. Веќе се вклучив во предизвикот, а се надевам за темата ќе успеам да направиме уште некој проект.
@danichap вака ние што сме со помали деца што не знаат сами да изработат, можи да биди и наша изработката од мајките?
Секако, предизвикот е од и за децата. Поголемите деца (+4,+5..)целосно може да учествуваат во изработката, помалите(+2,+3) активно да го помагаат родителот, а за најмалите под или над година тоа да го стори родителот за потоа детето да може да игра со финалната изработка. Тука би можело детето можеби да учествува со отпечаток од своето рече во боја, или ние да му го отцртаме на хартија и потоа хартијата да ја исечеме и слични примери.. односно поинаков вид на учество, но сепак се дел од истото. Постојат многу начини и родителите со најмалите да бидат дел од секој предизвик.
Нашето Дрвце. Користевме хартија во боја на која ја отцртуваме дланката, лепак и ножици. Пипети. (Прехрамбена) Боја. Одлична игра за развој на фината моторика преку користење на пипетите и забава при креирање на дрвцето.
Сакав да те прашам овие пипетиве и епруветиве од кај се? Случајно да не се нарачувани од негде што врпат достава и до мк?
Од амазон се... Пробајде од стари капки(уво/нос) ако имате дома, евентуално во аптека ако се продаваат. Пипетите се одлична вежба за фината моторика, супер би било доколку успеете некакви да набавите, сеедно каков модел.
Предизвик прифатен @danichap Изработивме расцветани кајсии. Дрвото сам го нацрта и лепевме памук па боевме со водени бои
Слична идеа имав и јас само што мислев со готовите котон болс во боја. Ама ова уште поубаво, ем ќе лепиме, ем ќе се шлакаме со бои
Браво за сите! @danichap фала за иницијативата, и ние ќе се приклучиме. @Miss.Sweet крадиме идеа со памукот, само на раче дрво.
Уметникот малку се занесе со прстињата . На стиропор е работено зошто многу им е интересно на него да цртаат. Овде собираа камчиња надвор , па ги боеја во разни бои и спонтано излезе дрвото.
Еве ги и нашите изработки Дрвото по пема на рачето на најмалиот, тој ги правеше чивчињата и цутовите со темпера. На денешното дрво за цутови користевме пуканки Изработка од првачето од училиште Предобра идеја со предизвиков