Јас те обожавам. Твојот инстаграм профил ми е меѓу омилените. Секоја чест на посветеноста, трпението и работата со децата. Не знаев дека и овде ја има таа тема јас само на инстаграм те следам. Ти си ми репер како всушност треба една мајка да се грижи за децата, да ги остава да ја спознаат природата сами, да ги научи многу работи што преку игра што преку учење...навистина секоја чест. Кога се сака се има време за сѐ!!! Голем бакнеж од мене.
Ова е нашата последна активност за оваа тема, веќе сме спремни и за наредните. Полето од дедо им беше одлична можност да истражуваат, набљудуваат и да постават 100 прашања. Пченката иако им беше позната како храна но и од сензорните игри и мали светови, сега точно научија од каде доаѓа и како расте.
И ние се приклучивме на предизвикот и тоа среќни што го фативме самиот крај. Ама баш се погоди да сме тука, и да може да си собираме плодови од нашата нивичка.