Нашето расцветано дрво се состои од една од нашите омилени играчки (роденденски воз) и пластичните кутии од новите јогуртчиња кои ги пробавме. Со играта се обидовме предметите да ги подредиме според некој облик (дрво) и сортиравме бои (жолта, црвена и зелена).
Еве ја нашата денешна изработка. Бидејќи играње со тесто им е една од омилените активности, денес ми дојде идеа токму тестото да го употребиме во #dabidemekreativnipredizvik - от За да направиме дрвце, користевме тесто со какао, но сепак, неопходна ни беше помош од природата па искористивме по некое цветче што се најде во дворче
Јас цртав на стиропор (супер идеја Ирена) тој ги редеше цветчињата - капачиња од Хиписи. Нацртавме и пчелки па учевме за опрашувањето.
Огромна благодарност за сите учесници во првиот предизвик. Наредна тема е Цветови и Цветни градини. Се надевам на многу креативни изработки наредните 10 денови