Благодарност до сите досегашни учесници во нашиот предизвик. Полека ја затвараме актуелната тема:Цветови и Цветни градини. Од 1ви Април стартува новата тема: Шарени Светови. Првата подтема е: Шаренила од Бои. Оваа тема ја посветуваме на сите дечиња со аутистичен спектар на нарушување и на нивните родители. Заеднички да создаваме шаренило од бои како знак на поддршка
Првата изработка за новата тема, шаренило од бои е нашето слончето Елмар. Една прекрасна книга која учи за различностите, една моќна порака пренесена на начин разбирлив за децата. Македонската верзија (ЕЛМЕР) е издадена од издавачката куќа Елоквента.
Еве го нашето шаренило од бои. Правеше "виножито" од пластелин. (воопшто не наликува на виножито, ама целосно нејзина изработка е без моја помош, мешаше и обликуваше )
Нашата денешна активност на темата шарени светови. Омилена и е играва со претурање топчиња, секогаш кога одбива да работи некоја др активност ова успева.
Ги сортиравме топчињата по боја во виножито форма со неправилен редослед на бои. Декориравме со колоритни играчки.
Овојпат не бевме нешто многу креативни. Правевме колачиња од пластелин и пишувавме имиња. Виножитото ни беше задача од градинка.