Откако обоивме планета во зелено, сино и кафеаво за групата од градинка, ќерка ми изрази желба да нацрта каква сака да биде Земјата! И ете... шарена! Во очите на мојата 6годишна ќерка
Беше вклучено сечење со ножица, кинење парчиња хартија, лепење, ономатопеја, говор, тактилна стимулација
Ауууууу повеќе не можевте да не погодите со темава или ние ви бевме инспирација Од денешниот улов. Бумбар, пчела, голема мравка и две различни црвенкасти буби, сем пчелата се останато сам фати Скакулец, црви, штурче, се сам фати, кај црвов како сликам така пискам да не го фаќа, му давам стапче за него Гуштерче, како успеа да го улови уште не знам, на крај го испрати да пораснело големо (ова не е ни за тука, ама да се пофалиме ) Имаше и пеперутки, муви, оси, некои помали црни бубалки, но немам добри слики Изгледа требаше инсектариум да направев на стиропор како у 7мо за подобар преглед Спојлер: Бонус Еве како се лови, седи и чека нешто да мрдне
Не се баш необични бубачки како за почеток, ама ќе се потрудиме да изработиме и од понеобичните. To be continued...
Полжавчиња за фина моторика, рака-око координација, фокусираност, просторна ориентација. Нашата градина со светулки
Леле бравооо , јас со фобија да ги видам се ежам.. Нема шанса да ги допрам Хахахаха И гуштерчето ви е за тука, зашто не? Необични животинки и бубачки, спаѓа во необични животинки.. како и полжавите.. Ние во оваа тема со вистински животни и инсекти нема да се занимаваме Ова малата прееска си се занимаваше, од сите само: бубамама и паја ги кажа, уште слабо говорот па добро е и ова И во нашиот театар на сенки денес: Штурецот и мравките
Еве го остатокот од нашиот труд. Одвај чекаа да исечам за да боцкаат. Малата дури и сама нацрта и обои полжавче, кој ќе го познае?
Еве поубаво објаснето. Спојлер: Театар на сенки Мојов е од картонска кутија, на неа залепена бела хартија за печење позади треба да има светилка, фигурите може и да се само со црна хартија (јас снемав), се движат пред светлината, а пред нив е театарот. Еве и од трите прасиња пример Спојлер: Трите прасиња и волкот
Благодарам многуСтварно е многу интересно и креативно пред спиење може да гледа театарЌе направиме сигурно
Многу е интересно, нас маж ми ни раскажува дека е боље од мене со ефекти и се газиме од смеење Јас ги цртав сама, а приказните ги раскажува маж ми како ги знае И @irena.1 . го направи и идеја ми даде да си прецртуваме ликови директ од сликовници и плус им пушта аудио приказни од тие што има на youtube Нејзината Штурецот и мравките е сигурно поубава, ако сликала сакаме слики
Го чувам неколку години албумот (имам 2 собрани), баш за вакво нешто да ми се најдеше Дел од инсектите, ке додадеме уште...
Сликав, ама со апарат па не ми се префрлени. Инаку дефинитивно оние малите темно плави сликовници со приказни ни се најподатливи за ликовите и приказните. На youtube ги има некои од приказните аудио, а се со истите сликовници екранизирани и најдобри ни се. Кратки се и убаво зборува раскажувачот, им држат внимание.
Уште еден улов Појма немам што е ова, огромно е, пикнато е во оние огромни тегли, ни лета, еднај се движи, ни зуе, ни нешто прави, чмае и грицка ливчиња, му пикнавме и една црвена буба не ја рецна Два дена го чувавме у тегла, денес свечено го пуштивме