Да, обавезно чуваме нешто у тегла, моментално у соба на комода има штурче, мува и две исти црни буби. Прво станување одма проверува дали се тука и ги носи у дневна, па цела сказна се прави кој што фатил, како и кое што е. Без да се сложи нема пуштање, за жал ред и умираат, мувата пример ќе умре, не преживуваат. Се е ок дури не посака да ги држи во раце, знае и кое може, сме се објасниле и разбран е, на крај секако "несакајќи" ќе умре, па го испраќа да оживее (најчесто фрла од тераса или џитка у комшиска нива). По цел ден сме со инсекти Има и нова мрежичка
Ви благодарам на сите за вашите изработки. Денес стартуваме со нова подтема. Пчели, буба мари, пеперутки и други инсекти кои летаат .
Штурецот на Марко Не е љубител воопшто на сложувалки, но оваа му се виде интересна па искористивме за во темава
Oд старо Базаро во Ново Лисиче, сега мислам Енте се вика, не сум сигурна Еве какви други слики за сложување има Цената им е смешна. 45 денари а убави се
Ви благодарам на сите за досегашното учество. Утре се стартува со новата тема, која јас ќе ја водам и на Инста.
Дани ако си речиси сама на темава ние пак те читаме. Слободно ставај ги темите и изработките. Нели гледаш што мрзли сме собрани на куп ич да не те чуди што не сме активни. Марко активен браво
@danichap ич да не те фаќа, ставај си да гледаме. Јас сум хаос деновиве, послабо изработуваме, на играње сме претежно. И материјали да се набават треба, ништо дома немаме.
Ставај, барем во некое време кога бебево ќе даде да правиме нешто ќе имам идеја! Што да редам јас, како да учествувам, со слики од живи бубачки секојпат Браво за најмалата што соработува, може дека гледа од сестричките, мојов не дава да подготвиш не па да соработува и направи нешто. Сум пробала и претходно да спремам нешто, па да дадам, тоталка неуспешно, се ќе направи сем предвиденото не. Растурање, расфрлање и глупости е хит и хит Уствари он отвара очи, јаде, мрежата, теглите у раце, по најново и точакот и низ врата, не е ноќ па да седи домче
Ние сите подтеми во една ги сработивме. Денес беше расположена за БУБЕ како што си ги вика таа. Инаку нејзина идеа беше вака да ги реди куглите, па мене ми заличиа на гасенициа. Уште е мала за да разбере што е тоа, ама ептен мерак со буба марите направи. Ги бацуваше една со друга и ги шеташе низ цела куќа. На крај стандард со нив заспа. Тие и беа играчка на денот.
Јухууууу, тргна работата, не сум сама За со помалите еве една многу брза, едноставна, игра. Бебињата може како сензорна игра, без зададена шема. Покасно со разни форми.
Еве не и нас Пајак од тесто со боја за јадење. Нозе од стапчиња за ражничи Едната мрежа сам ја нацрта, другата со мала помош
Игрите со пипети се одлична вежба за фината моторика. Оваа игра сме ја играле во повеќе варијанти, боење топки сладолед, балони, цветчиња. За поголемите дечиња може со салфети, бидејќи треба подобри моторички вештини, една капка е доволно за посакуваниот ефект. За помалите вака. Може да се бои според зададена шема или да се учат и боите. Сите три девојки ја обожаваат играва.