Пипетиве како да ги барам на Ибеј? Им раствараш темперни или водени боички се во чашките? Ова за шлакање е топ, пипети барам јас оддамна тука, но не сум нашла никакви или не знам каде и како да ги барам..
И иас ги барав долго и по нашиве дуќани и на крај од али нарачав. Чекам да стигнат па ќе дадам извештај што сме добиле.
Ви благодарам на сите за учеството и испратените слики, и тука и на инста. Од утре стартува новата тема
Ги имаше во една наша продавница што продаваат и он Лајн. 70ден, плус доставата беа. Ако сакаш да побарам која беше.
@emkaemka Еве овде,дали уште има незнам прашај,па кажи ми и мене. Јас се снаоѓам со оние од Велигден за кристали што беа.
Каде да најдам вакви камчиња во боја кај нас можеби некој ќе знае? Браво за куклата убаво колку е сконцентрирана. И ние денес игравме со камчиња,инспирирани од предизвикот.
Од денес стартува новата тема Дрвени играчки, активности кои вклучуваат дрво, игри и активности во природа, диу проекти...
Ви благодарам на сите за учетвото и поддршката која ја давате. Денес стартува нова тема. Искористете ја својата креативност и заедно со дечињата учествувајте и забавувајте се со нашиот нов предизвик. Фигури и форми од глина, торти од кал, градинарски работи и многу повеќе.