Можно е бидејќи по населбите цените се за 10, 20 денари поефтини и тоа: Бекс - 60 ден, Хајникен-80 ден. Амстел - 60 ден. Коњак, вотка, узо, џин - 40 денари, виски-100 итн. Инаку страшни се тоа цените по Скопје како што кажувате. Просто човек да си се лигави на едно сокче цела вечер кога ќе дојдат кризни моменти
На Олимписки базен влезот е 200 денари. На Воен базен влезот е 100 или 120 денари, а ноќно капење е 50 денари.
дефинитивно значи мене ми се плачи за цените во Охрид (а и на сите охриѓани) имаме најскапи можни цени и тоа преку цела година не само во сезона. Нешто цените се слични како во ск само се малку повисоки, а за летово по плажи да не правам муабет - биди среќен ако најдиш пијачка под 100ка (со мали исклучоци за кафиња)
Ептен претеруваат Орхиѓани. Во Бугарија во Сончев Брег каде што ги има најекслузивните дискотеки цените се поефтини од Охрид. Ем си на море ем поефтино е од Охрид.
vo Radovis : kafe-makijato 30 nes-50 kapu4ino-50 sladoled 60 dzin tonik 60 sok (fanta coca-cola...)-50 isto i za negaziranite sokovi tuka nekade od 40 do 60 den eftino neli
Струмица макијато 30 нес кафе 60 коктели 80- .... сладолед 60 газиран сок 60 цедевита 40 базен 80-100 ............
Не можам ова со коктеливе да го преболам. Значи во Скопје котелите почнуваат со 150 па нагоре. Long Island е 250 денари, и е најскапиот коктел, а другиве си држат од 150 до 200. Кафињата различно на сите места. Најскапо јас што имам пиено, е нес со шлаг 110 денари. (смајлиштосекрсти)
-Космополитен - 260 -Текила - 60/70 -Ирско кафе - 140 -Ред бул - 150 -Цезар салата (моја омилена, не можам да ја изоставам) - 200 во Торос. Според мене не е скапа, јас можам да си ја дозволам барем. На другите места била и над 250. -Ладно макијато - 60 -Фурнаринки - 70/80 претеризам! -Тандури, Тика и остала индиска храна - 250 -Начос - 240, мање више -Палачинка - 180 -Мало бело вино - 120/130 -Александрија - 600/700 Овие цени ми паѓаат на памет. Или Скопје е навистина претерано со цените, или јас ја имам таа среќа секаде скапо да ми се погаѓа.
Точно дека во Скопје цените се ептен високи, дури претерано, не само за пиењето и јадењето по кафичите и рестораните, туку и за влезот на базен. Во другите градови каде што сум била, цените се на пола од тоа што е во Скопје.
Во Енрико во Лептокарија - мала пица, 230 ден па нагоре - али екстра се пиците и све остало таму, потоа во Палма во Аеродром, топка сладолед во чаша - 35 ден, во Equestrian - 150 ден палачинка со црна нутела и банана...На овие три места сум најчесто, скапо е, али задоволна сум и од услугата и од тоа што го јадам... Заборавив да пишам дека Тренд ги преминаа сите граници во цените...Ретко одам таму, единствено ако ме натераат...Локалот е полн со вештачки фаци, а тоа најмногу ме нервира
Скопје изгор сега ми е јасно зошто Скопјаниве кога идат во Струмица се доливат со пиење хахаха него да ви кажам јас и една другарка некни пиевме кафе сокче зедовме порција пилешко (комплет со помфрит павлака) и плус шопска и си плативме 400денара...значи по 200денара...ама си се најадиовме за мераци...тоа во Бонита...
Леле, навистина Скопје било оган брее тешко на вас скопјанки, се изнададовте од пари.. Јас ќе си кажам за кај мене, во Крушево, каде има доста пристапни цени... вака: Соковите како кока-кола, фанта итн. како и густиот сок - 50ден, пиво - од 60 ден па нагоре, вотка или коњак- 40 ден, вино (мало шишенче) - 120 ден, ред бул - 100 ден, нес - 50 ден, макијато- мало 30 ден, големо 40 ден, сладолед( 3 топчиња) - 50 ден, за коктелите незнам точно ама не се повеќе од 100 ден, исто и јадењето е доста ефтино, пр. пиците се од 160 ден па нагоре. Така да... повелете во Крушево за без пари да се изнајадете и изнапиете
Ах мое Крушево, колку ми фалиш, мора обавезно да дојдам летово..ми фали Гумење, чаршијата..све ми фали