Да ги споредиме цените

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 22 јули 2010.

  1. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    хехехе, ајде те чекам летово :)
     
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Поттикната од дешавкиве викендов, морам да искоментирам во темава. Кај се видело бре на 50% попуст да платис 1500 денари за два бунара. Го правеле со Александрија, жими газов. 750 денари шише Александрија, плус кисели води и Швепс....изгор :(

    Прво би почнала со таксито, старт е 70 денари.
    Макијато- порано беше 60, сега испод 70/80 никаде не ми го наплатиле.
    Нес- врвот беше во Ања, кога ми го наплатија 120 денари пред две години.
    Сечена водка/ коњак (во диско)- 180-200 ден. Во кафич од 120-150 ден.
    Чист коњак- ме изгореа во хард Рок лани, 120 ден.
    Газирани сокови- 80 ден.
    Сладолед- во Палма почнаа да претеруваат, 35 денари топка. Што е многу- многу е.
    Пилешки прсти- Не сум јадела порција испод 250 денари, а тоа мала порцијата да се чудиш.
    Хамбургер- 80/90 денари (зависи кај јадеш). По лесковачките е 120.
    Вода во диско- 70 денари.

    Не ми се куца веќе, се изнервирав искрено.
    Тешко на луѓето од другите градови кога ќе дојдат тука....сигурно доживуваат шок. особено студентите.
    Е сега, разберете не нас скопјаните зашто кога ќе отидеме во други градови јадеме и пиеме како луди. :D
     
    На Divinebutterfly, rossonerka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    :o :o Зарем?? за другиве работи читав и предходно ама ова... Вода- 70 ден.
    е да умрам за вода и не порачувам. 70 ден.. ало!! :x
     
  4. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Струга:
    *џус - 70 денари
    *макијато (мало) -40 (големо) -50
    *ликер - 80
    *кока кола - 60
    *коњак - 80
    *нес - 80
    *еспресо - 40
     
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.648
    Да се надоврзам печен сендвич во фурна 70 денари, има да јадеш цел ден од него ммм, доаѓам другиот викенд :hai:
     
    На marija994 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MaciMiay

    MaciMiay Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Како 35? :o
    Во петокот бев беше 25 :^)
    За два дена го покачиле? Срам да им е бе, од следната година само милионери сладолед ке јадат :D
     
  7. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    Најскапото кафе во скопје нес кафе со шлаг 140ден.
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    3 топки сладолед во Ања 100ка, 120 е несот.
    Пица порано кога ќе се сетам 150-180 денари, а сега од 300 па нагоре, дури ќе видам 500 маргарита си викам јас во Италија не јадев толку скапа. :^)
    Салата цезар 200 денари. Хелоооу 20 грама пилешко и марула што зимно време е 10 денари, лепче потпечено и 200?
    А и водата е набавна од 8 до 10 денари, они 70 ја продаваат. Па уште и многу се нервирам кога во некои ресторани без да прашаат ти носат вода. Абе неќам! Сакам од чешма.
    Сок 120-130 денари. Па јас дома ќе си купам 3-4 литри со тие пари.
    А да не зборам за цените на лиснатите во жужу и вегера, значи да штедиш за доручек. Ако работиш во центар на Скопје рачунај за лиснато и јогурт околу 80-100 денари. А на други места може и до 50 да фатиш, мислам ако не е строг центар. Одам лани во кавадарци и викам лиснато како пица, ми дава едно огромно и ми вика 20 денари. 20? Кај нас под 50 нема теоретска шанса!
    Мина времето на хамбургер 50 и тост 40. Сеа се е точно дупло.
    А па кога седнав на улица Македонија во едно кафуле сите кафиња беа од 150 нагоре. И го нарачав најефтиното 150 и беше помало и од експресо. |( Уште ги жалам тие пари.
     
  9. marija994

    marija994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    хехехе, ајде и тебе те чекам!! :D
     
  10. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    500 маргарита ? ооу не! што е многу, многу е !
    Кај нас во Струга маргарита е само 80 денари. Ред бул е 90. Па после ке се жалиме скапо ни било во Струга.. Ц ц срам да ни е !
     
  11. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Како бе? Кадееее со оваа цена? :fubar:
     
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Како живеете вие во Скопје со вакви цени, па не можеш да се опиеш бре асално. ц ц ц.
    Еве за Велес.
    Нескафе - 60, Пиво 50 - 60, Коњак,вотка - 60, Сок - 40 -50, Сладолед - топче 15, редбул (мислам 90)
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.251
    Допаѓања:
    67.795
    Пол:
    Женски
    Затоа во Ск се купуваат туби, или оние картонските три литарски, па се пијат надвор и после се оди негде :lol: Мора да се биде економичен на времево, скапотии е.
    Јас последно бев во она Два златника, изгор беа цените, немаше литро со литро, сортни само и по 700 беа.
     
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Последен пат јадев сладолед во Палма пред некој си месец ипол/два. Тогаш беше 35 и се изнервирав и веќе не седнувам на сладолед во Палма. Изгледа им се намалил прометот, па ја намалиле цената на сладоледот (им текнало).
    Како и да е Палма ја заменив со Малага во тој период.
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Палма-Охрид?? За неа кажувате? ОМГ, како бе топка 35-25 денари???!!! Што мислат дека прават бе?
    Инаку, еве за Струга неколку цени:(не држете ме за збор баш, ама отприлика толку се)
    Кока кола, фанта и сите од тој тип: 50-60, а негде и 70
    макијато(ладно): 50
    нес: 60
    една топка сладолед: 10, но може да најдете и од 25
    пица: 180-200
    тост: 50
    голем тост: 70
    шарска со помфрит: 100 (доставено до дома)
     
  16. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Цените во Кичево:

    турско, макијато - 20
    газирани сокови -40/50
    нескафе - 30/40
    џус - 60
    коњак, водка - 50
    сечена водка - 60
    леден чај - 30
    пица капричиоза средна (многу вкусна) - 150
    вино во мало шише - 80
    за пивото не сум сигурна, мислам скопско дека беше 60, амстел 80, а другите до 100 преку сила

    И најмногу што сум се смеела на една забава, имаше happy hour текила бесплатно! Сигурно некоја чкарт, со вода раздредена ама сепак, кој ти ја дава за беспари :D
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Во кафичите додај уште 10 денари плус на цените. :lol: Добро е што барем по кафанчињата не се занесуваат се уште, таму се цените од горе. А најмногу се нервирам кога плаќам 50 денари за вода, било обична или газирана. Срцето ме боли за тие пари. :D

    Инаку, баш пред некој ден правевме муабет со Рокафела, влез во Скопје на базен 250 ?? Уау. :o Во Велес, лани сезонската беше 500 или 600 мислам, а притоа добиваш неограничен влез кога сакаш, колку пати сакаш за време на цело лето. Годинава не знам како е, мислам дека пак цените се тука некаде. :)

    Едит : Коктели во Капри, од 100 до 160 мислам дека се. Премногу се добри, може не за секоја вечер, ама да се почасти човек еднаш двапати месечно се супер. :wasntme:
     
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    1 Prices in the past = shit

    2 Prices now = shit

    3 Prices in the future = fcking shit


    :x :x
     
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    12.940
    Пол:
    Женски
    Низ цела Македонија просекот на плата е ист, а во Скопје дупли се цените за се. Едно излегување без минимум 500 ден не бива.
    И затоа кога ќе отидеме по други градови локаме и јадеме без мера.
    Лани во Дојран со дечко ми пиеме јас џин-тоник, он коњак и келнерот носи сметка 110 ден. Баш ваква останав :o :o ,па дури и прашавме дали е за двајцата. Во Скопјево џин-тоник само е минимум 110, а во 69 е 200 |( . Како злато да е.
     
  20. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Исто и годинава сезонската за на базен е 500 денари со неограничен влез преку цело лето.