Грција Кафе нес, фрапе, еспресо, фредо од 1,5 до 4,5 еура Вода обична 0,50 еура Сок густ од 1.5 до 3 еура Пијалок од 5 до 8 еура, освен Jonie Walker 12 или специал пијачки кои се од 8 до 10 еура Пиво од 2 до 5 еура Коктели од 7 до 10 еура Цените се во зависност на кое место си, ние имаме кафич и цените се најефтини кај нас значи како што пишав тие цени што почнуваат OD, се однесуваат кај мене во кафич ги држиме тие цени
Исто и годинава сезонската за на базен е 500 денари со неограничен влез преку цело лето.[/quote] ее блазесиви кај нас во Битола сезонска за на олимписки базен е 2000 денари , а ако вадиш после 25ти јуни - 3000 денари
Леле стварно не се нормални! Ако се мажам Скопје,па никогаш нема да ми стигнат парите Моментално овде во Бугарија,студентка сум ама можам да си дозволам барем кафе поќе пати и сокче или брза храна. Вака ќе ви ги кажам отприлика цените,е сега на море се поќе,ама не за многу... *Еспресо од 10 ден на машините до 50 ден во кафич *Вода мала од 15 ден до 25,голема околу 25-30,во кафич малата е 25 *Нес е 60 ден *Коктели од 100-200 најчесто *Пица парче 40 *Едни дјунери(како гиро демек им е тоа) се 40 мал,70 среден *Пица цела околу 360 ден беше *Пилешки прсти(и то доста беа,незнам точно колку грама,дали 400 беа) за 120 ден.,обично седнуваме 2 чупиња и си ги делиме,за еден мн се. *компирчиња 40-60 *Густи сок до 60 ден,џус 60-120 *Пиво незнам пошто не пијам,мислам дека беше 60 ден *Сок кока кола,фанта 30-45 ден. во кафич *Кифли,бели пецива се од 15-45 ден. И кога си идам дома се ми е скапо А Скопје да не зборам...Незнам,ко што се научив на ефтино и на штеденње,шок ќе ме мани Ќе идам Бг да пазарам Бај д веј и алиштата се поефтини...А чевллите... Си купив сандалки од овде пред да си дојдам дома летото,ги зедов 600 ден.Одам Битола и излегваме со другарка ми да си купи таа за неа и ги гледам потполно истите 1300!Ваква останав И уште неколку модели што ги знаев,ги имаше и Битола,само дупло.И сега им викам пуштете пари,поарно од овде да си земам,а стварно носат убави модели.А па за Паоло Ботичели да не зборам! Ко видов сега на нет дека по 3000.4000,7000 ги продаваат моделите се запрепастив! Па овде најскапите се 3000! А сега на намаление си зедов преубај сандалчиња за 400 ден. од таму.Дали ви се верва? Ви препорачувам шопинг во Бг и да се изнакупите 10 рала чевли Знам дека и вие сте мераци со чевлите И така...ама тоа ти е денес...ние бетер сме од Грција,ама цени имаме ко во Франција...Шо се бунат па тие,ни работат ни ништо,Европа само да им дава,ама ако и е на Европа,дај Боже да ги избркаат А овде Бугарија ако им ги стават цените во евро дури тогаш ќе им се е.и мамата греота луѓето,ќе немаат ни за леб,платите им се катастрофа,затоа и држат уште пониски цени.Ај доста е,се изнапишав,ама ме мотивиравте,што да правам
за крива паланка скопско-50 газирани сокои-50 џус-50 коњак-40 водка-50 сечена водка-60 нес-40 макијато-експресо-30 карта за на базен-50 карта за во диско-50 пица капричиоза мала 150,средна-180,голема210 пилешки прсти 400 грама 160 помфрит мал 40,голем 70итннн....
Скопје. *Центар (изгор) -Палачинка: 100 - нагоре. -Макијато: 70. -Нес: 90 - 120 со шлаг. -Капучино: 70, негде и 90. -Пица: 200 (мала) па нагоре. -Коктели: 150 - нагоре. -Бели пецива: 50 - 90 во Жужу. *Аеродром -Палачинка: 70 - 100. -Макијато: 60. -Нес: 70, негде 80. -Пица: парче 50-60, голема до кај 200, фамилијарна 300-350. -Коктели: исто. -Бели пецива: 50 најскапо. *Илинден, Маџари, други вакви населби. -Палачинка: 50 - 70. -За кафињава не знам точна цена, знам ајс кафе (нес кафе, шлаг, прелив, ролери) е 70. -Пица: 150 - 200 се цените за големи пици. -Коктели: 100 - 200. -Бели пецива: Исто 50 најскапо. За базениве влез: Воен: Дневно 100, ноќно 50. Кадино: 60. Борис Трајковски и Олимписки под 200 не се. Хамбургер е 70, негде и 80, тост 50, негде 60.
Кавадарци, морам да признаам, ем евтино ем вкусно. Палачинка (со банани + нутела + прелив + хопла + две топки сладолед) 40-60 Тост со кашкавал и шунка 40 Сокови 30-40 Пица - 150 мала Нес 20 Бели пецива 20 - 30 Топло чоколадо 20 Помфрит 40 Топло - ладо колач 60 Слатки 10 Има многу евтини, во моментов само овие ми текнуваат.
А сега ако тоа било во 2012, еве за 2015та Палачинка со истите "деривати" од 60 па надаље. Зависи од мастрафот,местото... и до 100 си допира. Тост со кашкавал и шунка 50-60 Сокови(ако се мисли за газирани) 50-60 Пица парче може да е истата цена... Нес кафе минимум 60, а ако се шлагови и врагови 70-80. Бели пецива исто 20-30 Топло чоколадо 70 па надаље Помфрит од 60 почнува Топло ладно ретко го има, под 100 не е нигде Слатки по 10 може да се индијанки и еклери .... појма неам
Ќустендил сок и кафе - 100 денари. Софија сок и кафе - 200 денари. Скопје сок и кафе - 240 денари. Толку имам да кажам.