1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да даде Бог да имаш па да немаш...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од fox.megan, 1 април 2013.

  1. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Дали ви е позната оваа Еврејска поговорка Да даде Бог да имаш па да немаш ? Јас можам да кажам дека комплетно ја осетив на моја кожа. Нова сум на форумот, можеби затоа никој ништо не знае за мене, па ајде малку да ви се претставам и да ви кажам што всушност ме натера да се зачленам. Потекнувам од добро ситуирано семејство, од секогаш сум купувала скапи убави работи, сум се дружела со елитата, никогаш не сум погледнувала на цените кога сум пазарувала во најскапите дуќани. Мојот татко работеше во странство и земаше висока плата, па така јас имав пристап до многу пари. Не ми е никаква гордост, но јас бев една од назанесените, најдигнатите девојки во училиштето...Често знаев да понижувам некој што не е облечен во оргинали без да се запрашам колку всушност сум ги повредила чувствата на таа личност..На училиште се дружев само со одбрата „тајфа“, многу пати другите ученици пробуваат да се здружат со мене но јас толку ладно ги одбивав бидејќи живеев во свој сопствен свет, и знаете што? моето мото беше дека светот е мој, ќе правам што сакам..Но од пред некоја недела се тргна наопаку..Мојот татко има повреда и не е во состојба повеќе да работи, така да за мене изворот секна што би рекле старите. Нема повеќе луксузи, нови патики секој ден, нема повеќе ништо од минатото што го познавав. Дури се сеќавам во еден момент во кавга со мојата мајка таа ми рече Беше прва во се, ама сега ќе бидеш последна. И така можам да ви кажам дека паднав од коњ на магаре. Сфатив дека парите многу ме запустиле. Одеднаш почнав да се чувствувам исто како другите, не бев повеќе кралица на светот, почнав да се дружам дури и со оние „селанки од ниска класа“ како што ги нарекував, и знаете што? тие излегоа многу пофини од оние фуфици што дури сега гледам дека другарството со мене им било само од корист, најмногу ми помогнаа оние од кои што не се надевав ни на чаша вода. Одеднаш станав еднаква со другите, макар што од секогаш сум била но ете, во мојата глава јас бев „кралица на светот“. И ако има некоја девојка како мене што ќе го прочита ова, нека извлечи некоја поука, сепак сфатив дека Земјата навистина се вртела околу Сонцето, а не околу мене...
     
    На chokova93, hermosa и Tiffany17 им се допаѓа ова.
  2. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Го прочитав твојот пост, што да кажам ке треба да се навикнеш да живееш поскромен живот. Знам дека ти е тешко, затоа што целиот твој живот си живеела на висока нога но ќе се навикнеш со тек на време.

    Јас вака велам , дај му на човек пари т.е нека стане богат и ке видиш всушност каков е.

    Треба секој богат човек да остане скромен и да ги цени луѓето според карактерот а не според тоа дали имаат пари или немаат.
     
    На hermosa, Leo girl и fox.megan им се допаѓа ова.
  3. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Karma's a bitch. :)
     
    На Leo girl, kjukli, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.106
     
    На chokova93, kjukli, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    327
    Ова многу ми е познато ,затоа што и јас самата бев до пред 5 години таква.Не дека имавме многу пари или бевме нешто подобри од другите ,но фактот дека татко ми ми пушташе работи од странство ме правеше да се осеќам како нешто подобро.Тоа се смена кога заминавме во странство.Таму луѓето беа сите исти.Облеката не им беше толку важна , па така се променав и јас.Сега не ми е важно како изгледаат луѓето ,се додека се добри и имаат добар карактер. :)
     
    На Bezobrazna01, hermosa, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    Ако ништо друго гледај на позитивната страна,си видела кои се вистински луге и кои луге вредат за твоето вниманието.Скоро сите сме се соочиле со таква ситуација.Имам пишувано на таа тема,знам како е .На почеток тешко е но се навикнуваш. Попат гi учиш вистинските вредности на животот.Учиш дека парите всушност не вредат ништо.Учиш дека обична прошетка во парк со еден вистински пријател е 100 пати поубава од било кое испиено кафе на елитно место со луге кои глумат и ти прават лице .Учиш дека и таа марка облека е квалитетна и нослива како и онаа од обичен бутик. Учиш да ја наогаш среката во малите нешта и сфакаш дека нема ништо поубаво од тоа кога некој е скромен,приземен и солидарен. Учиш дека вистински пријатели се оние кои ке бидат тука и кога ке немаш, па место да одат во град на пијачка саботната вечер ке ја поминат кај тебе дома со филм и пуканки и воопшто нема да им смета тоа. Најбитно од се учиш како да бидеш ЧОВЕК,бидејки денес ретко кој знае тоа да биде.

    Знаеш како викаат денес немаш утре ке имаш.Тркалото се врти не стои во место.Најбитно од се татко да оздрави и да биде добар бидејки здравјето е најскапоценото нешто што го имаме а ниедни пари неможат да го купат.Семејството е едно и тоа секогаш ке биде тука за тебе, за разлика од тие лажни пријатели кои како што сама викаш во првата незгода ти го завтеле грбот.

    Главата горе и гледај позитивно на работите.На тој начин оваа криза ако можам така да ја наречаам многу полесно ке ја надминеш. :)
     
    На chokova93, hermosa, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Животот е ироничен, човек никогаш незнае што ќе го снајде, па затоа е најдобро секогаш да биде подготвен дека може да изгуби се.Животот е борба, но за некои работи луѓето мора да се спремни на се, бидејки ништо не е вечно.Се поминува и се е релативно. Останува само душата, карактерот на човекот, нешто кое е вечно.И истото треба да се почитува, бидејки останатото човек кога - тогаш ќе го изгуби.Човек мора да научи да губи и да победува, па макар и било рушење на егото.Појдовна точка каде некои работи би требало човек да ги промени, од почеток, доколку самиот живот му ги наметне, токму тие каде тој нема контрола над истите.Не е можно човек да има потполна контрола над сопствениот живот.Бидејки човек може денес да е тука, а утре не.Затоа е важно, другите луѓе да се почитуваат.Таков е животот, секогаш ќе става сопки, со цел човек да разбере и научи нешто, а тоа од него зависи.
    Без разлика дали човек е богат или сиромав, треба да ја зачува скромноста, доколку ја има, карактерот. Доколку е искрен, скромен, добар и има цврст карактер, парите нема да можат да го променат или било што друго.Има луѓе кои се богати, а пред се човечни.
    Се може човек да направи во животот, само ако сака, па дури и да се смени себе си кон подобро.Не е финтата во животот другите да се уништуваат, туку да се почитуваат, сакаат и сл.
     
    На hermosa, ColoursOfTheRainbow, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Јас за себе го чекам моментот - да даде Бог да немаш, па да ИМАШ...
    :?:
     
    На piksooki, Lolo5, galapce и 22 други им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    И ја...првата половина е остварена, па сеа чекам некаде на половина пат :lol: ...
     
    На galapce и lollipop93 им се допаѓа ова.
  10. leonita

    leonita Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    кој високо лета ниско паѓа, ова е еден голем доказ, Златна средина.. најубаво си e :)
     
  11. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    ;( И јас ти се придружувам во чекањето,да не 4екаш сама да не ти биде досадно ;) :hai:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Не за џабе рекле старите, човек во животот 3 пати се збогатува и 3 пати осиромаштува.
     
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    подобро ништо да немаш па да имаш нешто за да го цениш одколки да имаш се па дури и нај малку да изгубиш мислиш дека се си загубил
     
  14. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Да даде бог да имам па да немам :P
     
  15. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    На chokova93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    хахахахаха душичка хахах
    и јас исто го чекам
     
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Колку е само вистинита поговоркава :):):)
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Мене обратно ми се случи, немав а сега имам и допрва почнувам да стекнувам.
    А за ова да имаш па да немаш, има многу такви случаи. Животот е круг, денес си горе утре си долу.
     
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Од секогаш спаѓам во онаа средна класа,ама не би ми се слошило да имам малку повеќе,иако тоа нема да биде некоја си гаранција или формула за среќа,а обично е така во животот губат оние кои не знаеле што имаат и не биле доволно паметни да го искористат тоа,а јас пак верувам сеуште дека на добрите луѓе Господ ќе им даде,нема да им земе;)
     
    На chokova93 и 2212 им се допаѓа ова.
  20. мишелџ.

    мишелџ. Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2016
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Поголема κлетва од "да умρеш" споρед мене. Κој почувствувал најдобρо знае. :)