Реално, фамилијата, или доколку они не се во состојба, нивни блиски треба да се активираат. Нашиот дел е секој колку може да донира потоа.
Точно, со бројчиња оди сто пати побрзо донирањето. Ајде ние да бидеме ПР за Ива. Прво да видиме каква е реално ситуацијата со неа. Бидејќи е од твоја населба и ја познаваш, ќе можеш ли денес да искомуницираш со родителите или некој нејзин близок да дознаеме до каде е работата со броевите? Ако е одбиена за бројче, да видиме зошто е одбиена. Потоа може да помогнеме да отворат GoFundMe акаунт за Ива. Еве и јас би се нафатил да отворам, се разбира со нивни податоци. (Не можеме ние да отвориме, бидеќи донациите мора да одат директно кај родителите на Ива)
Јас ги познавам само како ликови онака, ниту сум блиска, ниту пак имам муабет, само така ги имам видено и знам дека постојат. Нејзината бивша класна од основно често постира, прочитав дека ќе има броеви за брзо, а кога ќе има веднаш ќе објавам тука.
Можеш ли да ми пишеш линк од профилот на класната? Дали е таа Ева Крстиќ? Сакам лично да искомуницирам со неа. Нема да те спомнувам тебе.
Пиши ми лп, сепак јавно да не објавувам имиња од жената, сепак нема врска она со темава. И мило ми е што има толку интерес за помош на девојчето. Сите сте со големи срца
Ова го најдов на ФБ. "Razgovarav so majkata na Iva Velkovska, i mi soopsti deka na 6 Noemvri 2018 Iva treba da se operira nadvor od drzavata. Od odredeni pricini imaat problem za otvaranje na broevi vo mobilnite operatori. Zatoa, edinstven nacin e da se uplakjaat sredstvaata vo banka. "
Ај те молам пушти ми линк тука или во приватна порака каде го најде ова на Фб. Многу е важно да се знаат причините зошто имаат проблем за отварање на броеви. Операторите ги бараат само потребните документи (лична карта, извод, наод, дијагноза, конзилијарно мислење и профактура со потребната сума за лекувањето. Ова мора за да нема злоупотреба) и истите се доставуваат во архивите на Телеком и Вип и постапката обично е брза. Можеби немаат добиено конзилијарно мислење од специјалистот за лекување во странство.
Nz ja sum bratucetka na niven blizok prijatel on momentalno ne e tuka komuniciraat preku internet... Imav i prilika Kaj sto I se zapoznav so site niv familijarno i me potrese mn ova... Ali ako doznaam ke kazam... Znam deka ima organizirano se za nea
Дечки Ива е девојчето што тренирало карате? И дека ако не ја оперираат, најверојатно ќе треба да и ја ампутираат раката? Јас вака разбрав. Многу ми е жал. А знае некој како да се отвори gofundme? Ако има некој кој се познава со нејзините да им каже и за оваа опција. Така и луѓе од страна ќе можат да донираат.
@blondegirl95 ja neznam za ova, deka e bas taka i mislam site sto ne se piznavaat so niv licno da ne sirat dezinformacii Bi vi bila blagodarna