На она gofundme стои колку собрале и која е целта. Не е сменет финалниот износ, затоа прашувам официјално дали некаде стои.
Имаше писмо од родителите кој се заблагодаруваат на сите кој се вклучиле и донирале и дека се собрани 150.000 евра.
Добро е тогаш, блиску се. Се надеваме наскоро ќе им заврши оваа неизвесност и ќе ја имаат потребната сума.
Колешка од Охрид денес кажа дека парите се собрани додатно беше пуштена кутија деновиве кај мене на раб и искрено можам да кажам алал на колегите. Баш ми е мило што ете ... уште еднаш докажавме дека можеме. Со лесно нека и е на сара и на нејзиното братче
Во тек се последните подготовки за поаѓање кон Германија на семејството. Лес и успех, да се вратат со насмевка и убави абери
Од 1 до 10 колку е сигурна оваа информација? Прашувам бидејќи на фб и денес, 4 дена после твојов пост, гледам уште акции за собирање пари за Сара, додека други болни деца сироти уште чекаат да дојдат на ред за собирање донации за нив.
Самошто го објавија на фб страната на Сара "Почитувани сограѓани и сите останати хумани луѓе кај нас и во странство, Ви се обраќаме со почит сакајќи да Ве известиме дека целото наше семејство се наоѓа во Германија. Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија. Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца. Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор. Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето. Вечно благодарни, од срце, семејство Настески " За брзо да ја запечатиме темава со позитивен исход. Со Господ напред Сара и Виктор!
Како можете дс верувсте на вакви работи? Не треба човек да е упатен. Доволно е што Сите знаеме какви услови нудат болниците кај нас. Полоши од автобуските станици. А во какви услови треба да се извршуваат трансолантации знаеме ли? Уф не ми се ни зборува повеќе. Мило ми е многу што се собраа сретствата.
Во тие „полоши услови од автобуските станици“ секојдневно се оперираат деца. Па ене ги, живи се, трчаат, скокаат, играат фудбал, пливаат. Тоа што во Германија има подобри услови, не значи дека тука се катастрофа условите. Ама сами си го поткопуваме системот со таа пропаганда дека нашиве за ништо не ги бива. Ако е така, тогаш ајде сите деца да ги третираме подеднакво. Ајде тогаш сите деца да ги оперираме во странство. Ок си со тоа? Ете секојдневно ќе донираме по 100 денари за операција на деца. Или треба сите останати да се оперираат во „полоши услови од автобуските станици“, а само некои привилегирани како Сара да ги спонзорираме да се оперираат во Германија?
Не, јас велам поинаму. Наместо милиони евра одвоени од фондот секоја година, нека направат еднА зграда, нова, еве еден спрат најпрво. Нека обезбедат услови. После ке е полесно. Наместо секоја година по толку да одат вон државата, ке градат спрат по спрат. Имам мн да кажувам, но нр би на оваа тема, можеби и самата Сара да чита. Не е такс едностсвно каконшто тврдиш. Ако е, зошто и помалите не ги трансплантираат кај нас? Што е разликата? Ете моментслно лежам до свое дете, пред две недели трансплантирано со коскена срцевина. Одобрено од фондот. Нека не префрли модератор во соодветна тема, незнам и зошто на вакви сензитивни теми дозволуваат вакви дискусии. @RainBow ?
А што ти е гајле тебе Сара каде ќе се оперира? Ако сакаш донирај, ако не, не мораш. Секако дека Сара и нејзините родители прво ќе мислат за нејзиното здравје отколку дали го поткопуваат нашиот ебен систем.
Веќе донирав за Сара, но што е со другите деца? Денес бев во Охрид и секаде само кутии за Сара гледав. Зошто нема кутии и за другите болница деца што исто чекаат за операција? Зарем треба човек да има силно маркетинг лоби за да успее да добие привилегиран здравствен третман во државава или треба предност да имаат децата кои немаат услови за операција во државава?
А што е виновна Сара па овде го начнуваш муабетов не ми е јасно? Не сакам никого да навредам еве дс речеме ке пробам да те замолам. Ќе сакаш да се стрпиш да се префрли дискусијата во друга тема?
Не се однесува целиов пост на тебе, те тагнувам зашто ме инспирираше да реплицирам. Во услови полоши од автобуските станици се оперираат СИТЕ луѓе во Македонија. Нијанси се во прашање кога станува збор за постоперативната нега, одделенијата со лебарки, немање средства за бришење на подовите - за друго да не правиме муабет. Не се работи за конкретново девојче во случајов, и не се работи конкретно за нејзината трансплантација, СИТЕ после неа ќе бидат трансплантирани во истите услови ама нема сите да го добијат медиумскиот простор како нејзе. Дај Боже да се сменат работите, на подобро. Да им се замерува на родителите зошто го носат девојчето на лекување во странство, не може. Зашто сите да бевме во нивната ситуација, исто ќе постапевме. И да не се работи за дете, секој го сака најдоброто за тој што му е болен, или за себеси. И ако сакате да покренете акција за спасување на другите деца, делувајте, активирајте се на социјални мрежи, досадувајте им на градоначалниците, на локалните бизнисмени и слично., споделувајте и БИДЕТЕ ГЛАСНИ! Охрид треба е пример за сите градови во Македонија како се сака своја сограѓанка. Не сум видела ваков ангажман од другите градови за болните што потекнуваат од таму. Ете девојчето, мислам дека се викаше Ива, за која се потребни исто така многу парични средства, нејзината населба да се крене на нозе ќе се соберат пари, не па цело Скопје, од каде потекнува. Нека не се оцрнува кампањата што во Охрид се случи за Сара, така треба да е за секое дете, но и за секој болен човек, зашто секој исто заслужува да живее.