Да донираме за една мајка

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Alishan30, 3 август 2019.

  1. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    48.093
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    https://www.gofundme.com/hk6s6a

    Да ве запознаам со случајот на женава.
    Се работи за мајка, баба и сопруга на која пред 1 месец и е дијагностицирана АЛС (амиотрофична латерална склероза)
    За жал болест каде нема откриено лек, и се работи само за ублажување на состојбата.
    Моментално е на КАРИЛ на апарати за дишење, бидејќи и е засегната мускулатурата за дишење.
    Донациите се потребни за да се набават машини/апарати за дишење од странство.
    Во Мк ги нема, но и од таму многу се скапи.
    Сакаат во домашни услови да ја чуваат со помош на овие апарати

    Ве молам доколку можеме да помогнеме.
    Женичкава пред 7 години го загуби својот син на 27 години од Леукемија.
    Сега заедно со сестра му, а моја другарка се трудиме да им помогнеме колку што можеме.

    Моментално се донира на странава, на линкот погоре.
    Ќе правиме напори и со мобилните оператори за броеви за донација, и доколку имам ново инфо ќе ве известам.
     
    На mareane, ЕденЧлен, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    48.093
    Пол:
    Женски
    АПЕЛ ЗА ПОМОШ

    Сметка за донација 240267019658283 - Уни Банка (Нада Стојкова)

    На 18 јуни 2019 мајка ми, Нада Стојкова престана да дише, по што е итно пренесена на КАРИЛ и од тогаш е на апарат за дишење. По 8 дена ја дијагностицираа со АЛС (амиотрофна латерална склероза), болест која е 100% фатална, поради која мускулите на телото прогресивно слабеат и откажуваат се додека не дојде до последната фаза, кога личноста ја губи способноста за дишење и веќе не може да преживее без машина, и откако еднаш ќе биде ставена на машина за дишење, личноста со оваа болест може да живее со години. Иако телото откажува, умот останува бистар до самиот крај.
    Таков е и случајот со мајка ми. И додека во странство домашна нега на личност со апарат за дишење не е ништо ново, овде кај нас е научна фантастика. АЛС е ретка болест и здравството ни е целосно неподготвено за оваа болест.
    Поради ова, мајка ми е приморана да го помине остатокот од својот живот на КАРИЛ, каде нема никаква социјализација, дури ниту еден обичен телевизор. На нејзиното семејство и е дозволено да ја гледа само 30 минути на ден, точно од 12 до 12:30 часот, и тоа преку прозорец!
    Откако е во КАРИЛ, мајка ми ја нема видено својата внука, која за неполн месец ќе полни една година. Таа нема да биде во можност да го прослави нејзиниот 1-ви роденден.
    Нејзиното семејство сака да ја земие дома и да се грижи за неа, но за тоа се потребни многу парични средства, околу 110 000 евра за набавка на два апарати за дишење, електрична инвалидска количка, друга пропратна опрема и месечни трошоци за грижа.
    Ајде сите да се собереме и заедно да и помогнеме на Нада да си дојде дома, покрај својата фамилија, да се радува на внукичката додека се' уште може!
     
    На ЕденЧлен и LejlaD им се допаѓа ова.
  3. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    48.093
    Пол:
    Женски
    Веќе има жиро сметка женава на која може да се донира
     
    На ЕденЧлен и LejlaD им се допаѓа ова.
  4. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    48.093
    Пол:
    Женски
    Да и помогнеме колку што можеме, ве молам
     
    На Alita, Ostaveniot, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    4.804
    Пол:
    Женски
    Probajte da otvorite broevi za donacii lugeto ke bidat poveke vo moznost taka da pomozat i pobrzo ke se soberat parite.
     
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    6.041
    Пол:
    Женски
    јас веќе донирав, кој е во можност ве молам да помогнеме.
    Искрено би било полесно доколку може да се донира од телефон.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    48.093
    Пол:
    Женски
    Правиме напори за 9 дена околу 2300 е.гледам има на линков донирано.
    Чекаме да одобрат и за мобилни
     
  8. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Броеви ве молам.
     
  9. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    48.093
    Пол:
    Женски
    Немаат сеуште, само на сметкава се уплаќа во банка, или на линкот може да донирате, лесно е
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. baklava123

    baklava123 Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    greota zenata, bas zalno, no ima li sansa da ozdravi so tie aparati ili se samo kolku da se drzi vo zivot? nemojte da me sudite nisto loso ne mislam bi sakala da ozdravi
     
    На LegallyBlonde13 и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  11. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    48.093
    Пол:
    Женски
    За жал лек нема, само за одржување во живот се апаратите. Пишува и во текстот, кога ќе почине жената, ќе бидат донирани апаратите за луѓе како неа кои боледуваат.
    Свесна е фамилијата, но секој од нас вака би постапил. Многу жално. Околу 2900 евра собраа а фалат уште многу.
    Се плашам дека нема да соберат доволно;(
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.