Леле бе ја пак ич не ги разбира овие од Источна Македонија а не пак да зна од кој крај се по дијалектот. Шо ќе пра на факултет ко ќе појда, море на Англиски ќе се разбираме ко шо ми глеат. Тешко мене
Така ти се чинит. Ќе се навикниш лесно, ќе видиш Таман и ќе поднаучиш по некој збор и ќе си се смејте сите заедно
Хаха Стам, ами тие од источна, нашиов дијалект како ќе го разбираат? Ние како си збориме, си кратиме букви, додаваме, прајме... абе веќе што не прајме
Е на другиве им е лесно да не разберат почисто зборујме а и не збориме толку брзо пак ко ќе виш си тегниме, по тегнењето сме познати ние!
Јас немум проблем со никаков дијалект и сите ги разбирум освен некое зборче исклучок...одум во Охрид и охригани,велешани,припелчани сите ги разбирум а они на нас ни викат пополека да сме лафиле оти ништо не на разбирале и на ного им е смешен нашиот нијалект
Па смешен е. Нас ни е чуден зш не сме навикнати на него И убо ти викале, да зборвите пополека, не мојме да ве стигниме. :geek:
Ти мури Хиии (хај), как не тее срам да не си го знајш дијалектут па сумљиш дали сум од твојут крај. Пу не тее срам, ма разочаравиш.
Црешичке, да не си негде од источна Македонија или грешка сам? или поточно југоисточна Македонија... Негде накај Гевгелија.... Прости ми ак грешам.
Струмица мисЉам оти не е. Струмичаанто не викат „разочарвиш“ Јеееесс, погодииих. Јас блиско там имам баба и дедо, затва.