Еми сега редно ни е на нас од источна Македонија. Пред некој ден шо беше тава.. Охриѓане Скопјане.. глава не можаш да дигнаш од них Ај сега ние малку да нападнаме
Maле досадно, не знам кој филм да си го слегнам, не ми е чита книга, недела никогаш не ми била подосадна. Дека сте од другите краеви бре, кај се губите дечки, нешо ве нема, или сите славите ?
Абе, оти јас мислам оти гивгиличане и струмичане не са мирисат ногу ногу, или грешка сам Мене гивгиличани ми се погостопримливи, а струмичкио дијалект ми е поарен коо треба да бирам од две зла Шо че ти е лексилиум мори? Шо ти се прај :geek: ?
Македонки, тук там по некој македонец, малко со закаснуване да ви честитам победата Само тка да продолжеме момци!!
Сесилија оти мислиш дека гевгеличани и струмичани не са мирисат Јас прв пт слушум такво нешто Иначе стрмичајна са погоступримливи бе, одман ти нудат нешто тазе да си купиш Са зафркавум јас немум ништо против а и не сум чујала некој гевгеличанец да ги мразе.Напротив често ојме дека нив да си купме поефтина гардероба,промет им правме
Јас глеам тука зборат струмичанки и гевгеличанки па викам да си прашам нешо...има ли некоја разлика помеѓу гевгелискиот и струмичкиот дијалект? Читам некако исти ми звучат, ај кажете вие
Eхее, има разлика как нема, гивгилискиот е посличен со тие од Валандово и Богданци, а струмичане се посебна прикаска На пример- Марија шо брќе ваа ташна тука? ти е на гивгилиски на струмички би било- Марија шо тера таа ташна тука? Сега појасно ти е?