уф, колку не е прилепски, ами ајде да ти го кажа наше најпознат збор, па мора да ти текне кој на дијалект пишам. ИСКАШ ЛЕ А,А,А?? ај че ви постирам и едно нешчо ногу слатко и традиционално за мое крај.
Сеси, една канта сирење за тебе и за точние одговор! Ух, шо ми треба да спомнувам сирење, сега ми се пријаде и сирење и топол ајвар мхмхммх...
Ај ај, мене не ми давате шо не ми давате, туку да ви кажам дека пред некој ден јадев беровско сирење и стварно не е фер шо толку ретко можам да пробам такво, по продавници го немат... И со компиров ќејф би ми напрајла, така шо ЛаЧикита имаш официјална покана да ми дојш на гости со едно вреќе компири и една канта сирење. Ќе ја најме и Хипица мохито ќе ти дајт.
Ливинг ти кај се шмугна преку ред, Чикита мене ми пече компир ти одма ОП дој со вреќа. Камо респекат према мене и ред додржуење а? Хипи, ааа овај мохитото ќе биде ли охридско Нека ти каже Ливинг кај у Охрид го праат најубаво
Охридсково мохито го прает малце поинаку. ќе и кажам на Хипицана ак изразит желба. Шом сме кај компириве, бујрумте на компирманџа, ова можит не е со беровски компири, ама од едно село уџум се, ногу убај се погодија. Ак знам шо зборвам налет да се сторам.
Душе, мене едно врапче ми кажа дека си јадела гумени бонбони, а овде за манџојни правиш муабет, е не мојт то така
Договорено! Зимам една канта сирење, зимам една вреча компир и правиме седенка. Успат Хипица че земе мохито ама оригинал охридско (потврдувам дека охридсктото е најубаво), а сите други сте поканени да дојдете на седенката. Може некоја струмичанка и пиперки да ни донесе, па и некој ајвар да испадне
Мацо мор м‘изнасмеа. Не мислев на коктелон Куба Либре Сакав да кажам дека Мохитоно убо ми го прает Охрид, Куба Либре на плажана Ливинг мор, кажи ја рецептата!!!