Дефинитивно Алмико-пица бурек мммммм колку е убав ама да е топли, до дома идет миризбата кај што го претт мммм
Душе, кажи им за ѓевречињата мор, нека се хранат малку здраво, а не само за буреци да се прајт муабет
Ааа ѓевречињана од Габреш не ги менвам ни за бурек ни за бакрач. Најубај се, 6 сабајлиња од 7 во неделата - геврече си јадам. Едно оставам луфта, за разновидна исхрана.
Убај се и тие, убоссс шо би рекла Мерлинкана, ама ги немат во малскиве продавничиња... такво само насабајле ко ќе пијам кафе во Два Бисери (така се викат кафичон?). Таму имат и едни нооогу убај сендвичи со сирење и крастајци, кога веќе сме кај јадењево.
Шубо! Шо би рекла Теодорка Ливинг, аман заман, не спомињајте јадење бре па 4 кофи лиги потрошив, куче да бев посува ќе останев, не заебаајте. Па уше и ѓевречињата ми ги спомињаат ах ах, ај уше спомни розевиот патлиџан скинат у двор, и ќе се упуцам од мука од шо ми се јаде такво нешо. Сеуше ми текиња на вкусот... Па дај молим вас! Имајте срце и душа
Ооо такој ли? Епа најди га! Ево ти га виц на кумановски. Јавља се кумановац у радио и вика: - Ја најде новчаник! - Добро, и што најде у њега? - Па имаше 1500 евра, 150 000 денара и лична карта на име Зоран. - И добро, што сакаш с`г? - Па, ако може една песна за Зокитаааа!!!
Пак за јадење? Аман бе лујџе имајте милост, на газ сега седнувам од 8 сабајле, ми се јади ми се плачи, отворам овде и муабет за гевречиња и за розовиот патлиџан. Не ја отворам темава уште еднаш ебаго
Абе ијас од сабајле демек одолевав, ама се симнав долу имав нешто работа и ми текна на муабетите овде и нозете сами ме однесоја бурек да купам