Морав ова да го објавам тука! Јас го разбирам бидејќи е од мојот дијалект! Чекам превод од други! Станува збор за Струмичка азбука! Ајде кој ќе проба да преведе! A – Армас – Ми се ареса момичката у бојо шо беше на армасо! Б – Б`лтии –Баја дрва си исцепал со балтиита. В – Вонка - Ај поварки оти вонка е кокл. Г - Гуничка. Детто се испотило оти играјале гуничка. Д – Диско. Толкоо далдисан, шо го собори диското! Ѓ – Ѓети. Со новите ѓето шлапна у ѓоло. Е – Енус. Енус ли ќе се чинуваш? Ж – Жвака. Ного са вирани тии жваќи. З - Загуљн. Толкоо загуљан, шо не може да го наа чарпако. Ѕ – Ѕнѕрлии. Ного се погоди тва слаткото од ѕнѕрлии. И – Иљинџе. Ијгидии, види гледат си иљинџето. Ј – Јадранка. Скинна тее јадранката. К –Курем. На калимаанта га боле куремо. Видех јас, не и чурлаше клунко, измрзналаа. Л – Лнгиди. Курдисааме со су сваќата на лангиди кај комшиита. Љ – Љимонтабатлии. И бати љимонтабатлиита, чувек не може да се нашале су него. М – Мска. Малее, вонка мска. Н – Нас`ј – Нас`ј бе јадееме мрфки на саиро. Њ - Њух - Чувек бее... ццц њух..... е саа ме разучара! О - Ожлембан. Шо са ожлембал бе, испуштииме рејзо. Амселак! П – Пачавица. Су пандуфлите си ги чинувша пачавиците. Р – Ронка. Сафи ронки си направил на земната. С – Сичко. Стига су таа скама, сичко расчина. Т – Тинкии. Тортоп станаа тии тинкиите. Ќ – Ќирфии. Не ме ѕифки ного. Ќе зеем су керфии ќе те заковам за џамо. У – Ујдисе. Мале ни едни папуци не можам да си ујдисам. Сите ми праат пљуски. Ф – Френки. О хо хо... фасуљ со кисели френки! Х – Х'лхопки. От тај тељо сукинах си х'лхопките. Ц – Цреп. Мутав си как цреп. Ч – Чушки. Не се прај ного чишит. Ак те фанам ка крадеш чушки ќе те маам со чикичо... Џ – Џрџанаци. Спрустирал руби вчера вонка, заледиле му се џарџанаците. Ш – Шпирто. Не ми шмити ного ного, најди шпирто и завали го огино.
Леле скоро се разбирам дека радовишкиот е многу сличен,ме изнасмеа Све дешифрирав,само не знам што се иљинџе,њух и џрџанаци
Чек ја да си позбору на мој дијалект...не е нешто посебан сигурно сви ќе га погодите....ама па и највшке си га сакааам...еве ја се спремам да искачам да иду куде беќара ми...само што стави римел, с'га ќе иду да се истуширам, па ќе се облечу и искачааам.....друго не знам што да ви пишу ај леп провод која куде и да иде...
Але кај сте бе чупиња . Ко шо пулам од кај све ве немало. ( п.с незнам зошто , иако мојта нога жими еднаш што сетила скопско тло ..а велат подобро ми иде скопски дијалект ..па видете сега , не во секојдневие ама кога ќе се запишам , луѓето ги ставам во дилема ..скопјанка ли сум била у прошлиот живот )
Многу јака група иначе. Конечно да не се замарам со литературно пишење, да си се опуштам и да си пишам к'о шо си зборвам. Многу ми е поинтересно к'о ќе ви ги читам постојве на дијалект. Стварно требеше една ваква група да се посмејме малу. Секој требит да си го зачуват својот дијалект и да не глумит многу нешо шо не е, зш многу ме нервират некој шо го знам од градов к'о ќе ми зборвит скопски. Демек не се знајме кој сме шо сме. Фала Богу, постоет ситуации к'о ќе морат да се зборвит литературно, ама мене многу ми се свиѓат некој к'о ќе зборвит на својот дијалект. И ај сеа ќе ве поздравам сите и да знајте дека не се охриѓани лоши к'о шо ги зборвет
Не не, тамн си е...такој треба...ама у живо е подруго имамо си акцент Мило ми е што знаеш иако не живиш у Ку