Море Џокси, ти ко да не си бил Струга ниеднуш. Не мафтет стружани тук зборвет... мноооогу зборвет. И пред да мафнит некој веќе го имет изназборвано.
Мори Мерлинко та на сликата на профило шо ти е да не му е черка на Боки 13 и на Гица Прасица , ко на нив истерана да е ?
Кога ќе дојде некој од страна сакам да зборувам на дијалект, но неможе бидејќи во валандовскиот дијалект има зборови кои оние од другите места не ги разбираат, а и премногу им се смешни :Д еве некои :Д Полжав-пржљок надвор-вонка вилушка-бунела итн.. неможам да се сетам на други, но ги има многу :Д
Аба јас саа шо да кажам, појма неам. Кумановски дијалект ми бил најодвратен, ама не ми се ареса и нашио. Веќе незнам шо да пишам...
Јас сум од велешкиот крај, паа мислам дека сме блиску до литературниот јазик. Но минатово лето кога бев Охрид на одмор многу ми беше интересен нивниот дијалект, а посебно интересно ми беше бидејќи таму Наум, т.е. Наумче го викаат Нумче, додека Моника, МонИка ( со акцентот на и )
Да ти кажам право, нит Нумче нит МонИка со акцент на И велиме во Охрид. Номче, и Моника ко шо си се велит, третосложно акцентирање стално си поштоваме кај нас. Не знам со какви Охриѓани си зборвела...
Мор жени, незна вие шчо си мислите ама ова пустово с’нце не ипржи наживо. Сеа ида ја од на плажа, бев малу до в град, до Стругав ама не се трпит, горешчиње невидени
Стварно ептен е жешко. Ама овде дувка малце ветарче, па че подизлезам да ми ги мрси косите. Не дека не ми се мрсни моментално
Значи зборував со Охриѓани, не со Прилепчани ! Незнам за другите ама тие јас што ги слушнав, така зборуваа. И да Номче беше, не Нумче
Кој ги спомна калинкине? Со едно уше работам во моментов а слушнав за калинки дек зборвите. Сакам да завршит летово одма, калинки да излезет и сок да си цедам.
Ах Ливинг, јас неќам ни да ги цедам, ни сок да прам ни бутур. Сакам полека-полека зрнце по зрнце да си ги јадам, да им го осетам вкусот ко шо требит.
Мене ми здосадвит така, ама да ти кажам уш нешо: најмногу антиоксиданси калинкана имат во внатрешноста на лушпана, и тие мојш да ги конзумираш само ако внимателно ја исцедиш, зш одет така во сокот. А со зрнце по зрцне имаш дупло помалку здравје од то шо калинкана мојт да ти го дајт.